Јас имам старо наше, дрвено, југословенско, ама како ново е, го исфарбавме бело, душек нов од Симпо, ама џабе 5 пати дали има спиено во него во овие 17 месеци. Од оваа гледна точка, сега да би купивала би купила на старо, преубави имам гледано, истите само на пола цена.
Да ние имаме од Симпо,со жичано јадро е го плативме околу 1700ден. За бебе се препорачува тврд душек така да тие со мемори пена не знам дали се добра опција. Скоро 7 месеци е,од прв ден спие во него.
И синко исто, спие во креветчето на мајка си. Само ние обратно, од бело го шмирглавме и премачкавме со заштитен слој, сега е дрво боја. Тврдо е, бсш како што треба, на средина има слој латекс.
Здраво, дали знаете каде може да се најде плетенка (наместо оградици) за дрвено креветче, по приступачна цена? Благодарам.
Во Андреј компани имаат до кај 1000ден. Тоа е најевтината плетенка која сум ја видела, околу 1м е. Инаку ако сакаш поквалитетни, боја и димензии по твој избор, Merino choice на Instagram.
Вчера ми стигна плетенката од Merino choice, преубава е....јас ја земав 240цм за од три страни да фати
Па според мене мислам дека за новороденче се супер замена за оградица, е сега кога ќе порасне подобро е да се стави баш оградица за да не се качува на ова (мое мислење е ова)...инаку 1890 денари платив со достава до дома.
Дрвено бебешко креветче на тркалца со опција за лулање, без фиоки, стандардна големина, дали би знаеле каде можам да најдам? Скоро секаде разгледав и или се без тркалца или се без механизам на лулање. Благодарам.
А каде можам да најдам шаторчиња со одоздоле дебело јорганче со украсни пернички со се комплет? Каде има добар квалитет но не со астеономска цена?
Веројатно мислиш на типи шаторче. Само по нарачка од Мое катче или Матра. Имаат попусти моментално, ама не знам што сметаш за астрономска цена, најдобро ѕирни си ги
На Пали, има повеќе модели,поскапи и поефтини, ние на попуст начекавме 16.000 го зедовме со си душече. Се вадат колцата и се става делот за лулање.
2000 мислам ја плати маж ми, само долниот дел од креветчето не го фаќа, тогаш баш беше се закочено со состојбава, па немаше избор ама таман ми дојде тој дел за декоративни перничиња. Во Андреј компани има исто, таму се подебели.