Дечки зошто купувате навлака што не пропушта? Знаете ли колку поти и ствара склет? Ја спречува главната функција на душекот да диши. Не се толку скапи душечињата за бебе за да се заштитат а и реално кратко време се користат па и да поврати на него што има врска. Бебе мое е 11+ и до сега немаме направено ни една дамка на душечето немате потреба од непропуслива навлака.
Ги имам гледанo вo loco croco oкoлу 400 ден. Се сoгласувам сo @ocicka2014 секакo за втoрo дете ќе смениш душече или вo краен случаj се перат навлаките на самиoт душек.
Јас имам ставено од тие подлогите за еднократна употреба под чаршавот. На почетокот знаеше да поврати, после еден период му пропуштаа пелените. Сепак не е толку голема количина за да пробие низ чаршавот до душекот.
Претежно каде и да одам креветчињата не се лулаат немаат механизам ..дел имаат тркалца ама ја не сакам тркалца сакам да се лула. Тоа на бебе хоум мислам ми го нудеа со механизам за лулање ако не се лажам се докупува? Или какво е твоето? И стварно како ги користите креветчињава а не се лулаат? Како ќе успиеш бебе ако не го занишкаш во креветче?
Да тие се со лулање, такво имаме, се местат и тркслца и тоа делот со лулање. Па види мајка, јас од старт ја дојам, доено бебе обично на града заспива. Уште во болница легната ја доев, така и сега продолжив, зспива ја префрлам. Пошо сме поголемки (6 месеци полни ќе правиме) ќе почниме со само успивње, иско вака не ми е проблем пошо не ја нишам ја. Кај малава не успеваше да ја оствам сама, сепак се безпомошни, бараат топлина и сигурност. Од тоа како си наумил, скорз спротивно е во пракса.
Мене ми е тоа јасно ама сакам да го имам како опција и тоа. Секое бебе е индивидуално внук ми па никогаш не сакал во раце да се држи и да биде успиван барал нишкање во креветче не бил доен.. и затоа го сакам како опција и тоа макар и не го искористила лулањето. Замисли да сака па треба во количка или во раце да го нишкаш и успиеш ќе ти паднат раце како што расте и тоа не е сеедно Тоа креветче и јас гп гледав а колку го зема со попуст сега му ја заборавив цената колку му беше
Дали некоја мајка го има истово креветче и како е задоволна? Дали механизмите се практични и дали кога ќе порасне детето ќе може само да го спушта механизмот на страницата?
Во Охрид Се се опремив од таму, креветче, душек, постелнини, оградици, подлога за играње... многу убави работи има, иначе не се веќе во Ситимол, дека и јас првично таму ги барав Еве кај пишува, можеш и да им се јавиш
Ѕвонев не се јавува никој се врткавме на адресава во скопје и пак не ги најдов ..ќе барам од пон на другиве броеви. Знам имаат убав квалитетен избор
Во Локо кроко имаше со механизам за лулање со две фиоки доле,од тој модел креветчиња Ние ги гледавме лани,мислам околу 13000 се комплет беше и подарок играчка. Дали е од бебе супермаркет? Ми личи ма нашето, од таму ни е купено. Не може бебе само да спушта,едвај и возрасен го спушта надоле. Ние сме задоволни до сега, добро е што има тркалца па некогаш го возам/нишкам лево десно кога ќр се подразбуди. Карши Поинт ретаил во чаир има Вива фреш маркет, внатре до маркетот е Бејби блу. До скоро работеа до 5,5ипол, пишете им на фб враќаат на пораки.
Во Енци менци го гледав, лолек е марката. Не знам дали е истото, ако ти текнува да ми кажеш која марка е или да ми го сликаш вашето ако не ти е проблем, па да видам дали е истото. Фала ти многу.