Snow такви беа креветчињата во болница , стварно се убави ама па и премногу скапи а нема да се искористени Вака бебето си спие блиску до мајката , ама и е сигурно заштитено Многу сакав јас вакво , ама се одлучивме за обично креветче
Практично не е воопшто, со оглед на неговата големина, а исто и оние малецки (иста големина како на сликата од Сноу погоре) лулашки ама ич не ми фаќаат око, а не пак џеб. Е ова веќе е далеку ем поефтино ем попрактично. Ама за некоја како мене што си сака многу да си се врти и растегнува, а и мм исто, страв ве фаќа искрено. Ама па добар аспек е нема каде да бега и паѓа, а за ноќно доење е рај, дека нема потреба да станувате.
Јас се размислувам како ќе биде ова со ноќно доење и станување Среќа што земавме поголем(поширок) кревет од стандардните, па се мислам дали би ми било по практично цела корпа во кревет да ја ставам , во неа да си спие, или ич да не ја гњавам , да си спие слободно... никако не ми сечи паметот. Ај здравје, се надевам има уште време па ќе решаваме на лице место.
Ноел ако ја/го доиш бебушот легната ,тогаш ова воопшто нема да ти брка работа .А да ја/го заспиваш ,па префрлаш е малку опасно да не се разбуди.Ова би било идеално за бебе кое е на вештачко млеко или пак за голем спанко па ни топ не го буди.Исто така би бркало работа и за да можеш да го оставиш бебчето за да збркаш некоја работа по дома.
Јас вчера цел ден гледав креветчиња во сити мол и има голем избор од 8000 до 12000 денари. Сестра ми ми препорача дека рамката не креветот воопшто не е ни битна, битен е душекот каде што бебето ќе поминува по 18 саати, да биде квалитететен, антиалергенски, анатомски, да може горниот слој редовно да се вади и да се пере, без да остануваат флеки и остатоци од урина и слично.Она купила најобичен кревет од икеа на 2 нивоа за 60 евра, ама душекот го купила од мадеркер со бабмбус влакна за 200 евра. А јас вчера скроз обратно, гледав креветчиња по 200 евра, а душечиња по 50 евра Какви душечиња одбравте вие? препорака дормео?бернарда? некоја посебна марка?
и да ти кажам сестрати во право е ! Душечето е битно ... ние исто го купивме скапо ама барем знам дека удобно си спие бебушка во него . а креветче немора да е многу скапо . гледај да е добро изработено
Ние си го искористивме креветчето во кое сопругот кога бил бебе спиел. Нас тоа ни беше голем мерак и не сакавме воопшто да купуваме ново креветче. Ова е дрвено, преубаво а ние го реставриравме и сега има бисерно бела боја. Мене ми е премногу по ќеиф, особено кога ќе помислам дека некојпат сопругот спиел во него. Инаку за душече, бидејќи и ние користиме душек од Симпо, кога дојде ред за душек за бебе си отидовме во Симпо и купивме од таму Јуниор душече. Искрено, не знам колку вреди да се даде 200е за бебешки душек од бамбусови и не знам какви влакна. Зарем мислите дека толку огромна разлика ќе направи, сериозно..? Да, треба да се купи ново и од проверен производител, ама искрено мислам дека 200е па и нешто помалку од тоа е многу, а не пак повеќе... Јас воопшто не бев за доремо, многу се извикани плус бебешкото душече им е многу ниско. Бернарда прави убави душеци но мислам дека е неисплатлива инвестиција, подобро кога ќе потпорасне и ќе спие во свој кревет да купите толку скап душек ако веќе сте наумиле нешто такво. Кога е бебе ќе спие секаде, во раце, до вас на спална, во креветче, во количка, во релаксатор ... Колку вреди и е искористено, навистина не знам.
http://www.encimenci.com.mk/proizvod.as ... t=4&sn2=31 Еве од овој тип мислев, дали имате да препорачате некое душече? Проверив и во нашиот мадеркер, цените се различни, тој што се интересирав јас беше 14.000 Очигледно е дека има душеци и душеци!
Некако не би се сложила дека бебе може да спие било каде и дека не е добра инвестиција Напротив првите месеци тоа повеќе поминува во кревет отколку на друго место, за правилен развој на рбетот и се останато. Плус нема душечиња за бебиња до 1 година, сите се големина како за спиење до 3-4 години, битно е да биде добро за одржување, сите знаеме оние обичните душеци какви бактерии собираат со текот на времето, кои живеат внатре во душекот. И јас мислам дека е многу 200 евра, затоа сакам да прашам какви душечиња користите, што избор имаме кај нас и што треба да се гледа како приоритет при избор на душек, бидејќи јас до сега не сум купувала душек.
Па јас не реков било каде да спие нели И не дека не е добра инвестиција, лошо ме разбра. Јас секако не би дозволила моето дете да нема ново убаво душече, но попрво ќе и купам од мемори пена, или со бамбусови влакна и слично кога ќе купуваме стандарден душек отколку сега. Мислам дека е претерано купувањето на "специјални душеци" и верувај дека нема само во креветче да спие, колку пати ќе спие во раце, со тебе на спална, во количка и слично. За мене е нелогично давањето на големи суми. Стандардните душечиња на познати производители мислам дека се супер избор. Ние имаме на Симпо и јас лично сум супер задоволна. http://www.simpo.rs/product/view/429 Visina: 16 cm Jezgro: Bonnell opruge, filc 800 gr/m2, poliesterska vlakna 400 gr/m2-SIM term. Presvlaka: pamuk 65%, poliestersla vlakna 35%,Simflin - sintetička vata 150, folija od pene, netkani tekstil. Pruža mekoću i elastičnost Obezbeđuje propustljivost i cirkulaciju vazduha Dimenzije: 117 x 56 x 16 cm 120 x 60 x 16 cm / 120 x 68 x 16 cm 140 x 70 x 16 cm 131 x 69 x 16 cm / 135 x 65 x 16 cm Инаку, не знам колку се постигнува ако е антиалергиско. Јас моето душече редовно го тресам со Реинбоу тресалка и излегува од него цела прашина и се што е нечисто.
Симпо имаат квалитетни душеци, така да не се сомневам во квалитетот на детските душечиња. Кога го купивме креветчето немаше од таа димензија што требаше и бидејќи не ми се чекаше зедовме на Дормео и сум задоволна, а уште повеќе оти има навлака се вади и се пере, а внатре е двослоен сунѓер кој не впива, од едната страна поцврст за до годинка, а од другата помек за после и сега за сега сум задоволна, а цената му е околу 5000 ден.
ние 2003 година купивме монтажно креветче на baby hope стартно тогаш испаднаа во мода беше 6000 денари имаше дел за пресоблекување 2 нивоа перденце за инсекти син ми спиеше до 4 години во него па дојде на свет сестричката и и го даде на неа она има сега 5 години и уште си спие во него значи вкупно 10 година го користиме значи секоја нок една вечер не било празно ако иам некој што волку користи креветче нека ми се јави
Френди бевме во дормео и ние истото ќе го земеме, од сите душечиња што ги видов, ова најмногу ме бендиса, ќе ми остане само содветно креветче на 2 нивоа да одберам, ако одиме во икеа наредната недела, ќе му земам од таму.
Ех иако е сеусте ранко само се загледувам по бебешки креветчинја, едвај чекам да го дозаам полот на моево срценце и да бирам што боичка ќе е. Тие монтажните ми се преслатки особено оние со мало завесче ахх
За првото дете сопругот ми купи монтажно креветче (тргнав по умот на старите, не се купувало додека не се родило бебето и што ќе ми донесеа тоа имав) но, синчето не сакаше да спие и го искористивме како градинка. Сега за второто уште додека бев бремена си изнакупив се, и дрвено креветче (монтажните се попрактични) и количка и облека, на раат шо се вика да си одбереш.
Мислам дека дефинитивно ќе земеме монтажно,ни кажаа девојче е така да сега мислам може веќе да бираме па и да си купиме
Ние имаме на Бертони, оние травел варијанта, по препорака од золва ми, искрено, супер се за бебе над 10 месеци и деца до 4-5 години, ама не се практични за доење... Значи ќерка ми е пресреќна со него, спие во него и ќе продолжи, скока, игра, колку пати се удрила од нестабилност или од скокање, но без повреди, башка сама се качува и симнува - од таа страна е супер, само кога беше помала и кога ми одговараше да ја подојам и да ја оставам до мене, а во креветче, тоа не беше можно (знаете, како во породилниот оддел во болница, со страница што се спушта, па залепено за вашиот лежај) Непрактично за првите месеци (бар за мене), ама затоа следните 3-5 години маст му се вади и вреди за парите, башка што не е скапо
Бебешка соба Се мислам од каде да си купам креветче на бебчето. Знам дека има голем избор, но сакам квалитет а воедно и пристапна цена. Што би ми препорачале?