Дали некој има купено креветче од Charli baby од Тетово и по некоја можност ви дале упатство за монтажа?
И јас сакав да прашам сега тоа.. Вака на изглед изгледаат мн убавки..а во живо кој знае какви се...убаво е да се иде и да лице место да ги. видиме..
Јас имам chicco next to me crib ептен задоволна се користи до 6 месеци и не зафаќа место после планирам да си купам креветче.
Фала во @MissBreezy @Larahappy @Chuchanov го наместивме успешно @DELFINA81 супер е креветчето ич да не се мислите. Ние го земавме во пакет со фиокар, оградички и постелнина. За таа цена нема никаде..
Незнам какво креветче да купам за второво бебе. Имам дрвено пали во кое што сеуште спие син ми. Не би да купувам уште едно исто дрвено затоа што после 6 месеци би го префелила син ми во кревет ке има 2 години а бебево во дрвеното. Па дали next to me модел да земам. Или каде има колевки интересни?
и јас сакав да прашам Charli baby од Тетово за дрвените креветчиња што имаат механизам за клацкање, дали сте задоволни тие што ги имат и дали се квалитетни , се мислам дали да идам до таму да ги видам во живо но ми е мн далеку а да порачам преку карго малце ми е страв незнам што ке добијам хаха
Некои од членките кажаа дека се задоволни...за тие пари ...ние ќе идеме во живо да видиме какви се,али уште ми е рано 5ти месец сум.но разгледуваме.
Женски, вие што се прошетале нуз продавници со бебешка опрема... Случајно да не сте видела слично дрвено креветче или некое со потемна боја, да не е бело и дрвен декор Вака он лај скоро сите ми се исти. Фала ви однапред.
Ќерка ми е 2год и сеуште спие во креветчето од бебе, не сака никако да се префрли во поголем. Ми вика на бебето да му купиме ново,она не го дава ова. И јас се мислам за next to me, ама колку би го искористила? Во моментов немаме можност за детска соба а тоа значи и двете ќе спијат со нас во спална, па за да ме го затвориме скроз просторот го бендисав ова next to me. Го користела ли некоја?