На Тарзан наш само за играње му послужи креветчето, за спиење само и сеуште до цице. Како и да е,и трите пораснаа со транспортни креветчиња(2/3деца и си спиеја во транспортно креветче),во спална,во двор,во дневна,на одмор,на гости-секаде со нас носени. Лично мене, дрвените креветчиња никогаш не ми биле фаворит. Овие сме си ги носеле буквално секаде каде сме имале потреба,лесни и за чистење, згодни за транспорт,и ниту едно не се искршило. Така да ако некој има недоумица,да не се мисли многу
Од искусните совет, може? Некст2ме креветче, до 6 месеци се користи? Не знам дали вреди да купам... ми се допаѓа од Чико за кратко време толку пари... не знам. А од друга страна, мора да заштедиме место во спалната (мнооогу сме ограничени). Ама па на 6 месеци сигурно нема да го префрлам само во соба. Или да? На колку месеци ги префрливте вашите да спијат во соба? Друга опција ми е преносливо креветче што би можела да го движам и во дневна. Ама дали е доволно цврсто за да издржи душече на горното ниво? На таквите им ставате нормално душече? За креветче за во соба имам прекрасни идеи, само не ми збира такво во спална... морам некако да комбинирам на почеток.
Внук ми има 4ипол години кога оди кај баба му уште спие во монтажното креветче. Супер ти е монтажно зошто ќе го мкнеш по одмори и ќе го користиш ко игрална веќе кога во детска планираш нешто друго. За спиење сам почна од 3г ама бидејќи до тогаш немаа можност за соба да му направат не дека не може порано...бар така мислам За друго ќе споделат поискусните.
И јас сакав од Чико такво, мерак ми беше многу, но се премислив. Не згрешив што си зедов монтажно, ти препорачувам такво да си земеш. Душек си ставив на горното ниво, супер си е. Малиов има скоро 4 и пол месеци, уште е на горно. Со тркала е и лесно се пренесува од соба во соба.
Го имам на Чиполино Мерида, едната страна се спушта и можеш да си го доближеш до твојот кревет. Попрактично и поголемо е од тие што се next to me. Кога бев бремена скоро сите монтажни што ги гледав беа без спуштање на страната. Сега скоро исто така видов дека има и на Kikka Boo случајно ми излезе на фејзбук на Локо Кроко имаа објавено, некој понов модел им е овај со спуштање на страната, само незнам која цена е провери си баш. Моето јас 5000 го платив не беше скапо.
Го користиме, одлично е! Многу е практично за доење навечер, а и за шеткање од соба во соба (тогаш не ни е врзано за креветот). Страничната обвивка се пере. Единствен проблем ми е што кај нас нема поголем избор за постелнина со ластик соодветна на димензиите на душечето.
l Колкаво е бебето? Многу ми се допаѓа и башка тоа што не зафаќа простор, само некако неисплатливо ми е ако само до 6м би го користела..
Отприлика 6 месеци се користи. Потоа станува тесно. Јас имав од тој тип ама поинакво, дрвено, и на тркалца многу ми се најде. Против клацкалки сум, оти тоа понатака си отвара други проблеми, на пример да не може да заспие без нишкање, па откако ќе го одрасне малото креветче ќе мораш да го нишкаш на секое во раце за да заспие. Ама скроз се може и без такво креветче. Ако имаш можност, моја препорака е од 5-6 месеци да се премести во своја соба. Тој период се регулираат веќе подоите во случај да доиш, а исто и за ад. Тој период исто, почнуваат да сврзуваат и повеќе часови сон. А ако не спие и се буди често, ќе се буди секаде. Бебето учи за свој простор и за независност од најмала возраст, при тоа на секое негово негодување ќе знае дека може да смета на тебе, оти ти секако ќе одговориш на неговата потреба каде и да се наоѓа. На долги стази, тоа е цврст фундамент да изгради здрава самодоверба и независност како личност. И од старт може да е во посебна соба. Само во тој случај ќе е потешко за тебе, оти на почеток цицаат нон стоп, а и да не е тоа, најголем број бебиња имаат потреба од близина и утеха па ќе сака да е близу тебе и да го чувствува твојот мирис. Транспортно креветче не се препорачува за спиење. Ама секако тоа е твоја одлука. П. С. Многу ми е мило што те читам по овие теми.
Ич да не се мислиш уникатно е и нормално ќе купите нов душек исто као од продавница. Јас имам од внук ми и тоа ќе го користам, се што може да се искористи а е добро сочувано зошто да не. Секако еден куп работи ќе се купуваат, па ако можеш да заштедиш на креветче топ
Пак јас со дилеми за креветче. Каде можам да нарачам душек во димензија не по стандард? 90 со нешто. Фала ти ептен @Yowannty. Така и планирам, да го префрлам во своја соба најрано што може. Од кај 6 месеци ќе биде најверојатно... набавив малечко креветче, но поголемко од некст2ме и дрвено. Сега уште душече, па после ќе мислиме за поголемо креветче во детската соба. Тенкју
Предлог продавници по Скопје, Куманово за бебешки дрвени креветчиња ? Bebehome и enci menci некако мн скапи ми се , по 12000 без душек :/
Дали некој има искуство со душечево од Jysk? Од сите до сега видени, ова најмногу ми се бендиса, и цената беше супер. Но по многу читање тука, почнав да се мислам да не е можеби меко за новороденче. Мм ме убедува дека е таман на цврстина но кас не сум убедена, па ако некоја го има добро би ми дошло уште некое мислење
Душече за бебе не треба да биде меко. Зависи какво креветче имате и зависи какво е ова од Јиск, немам видено таму бебешко душече.
Не знам какво е душечето, ама за бебе треба ниту премногу тврд, ниту премногу мек душек. Кога ќе се притисне со отворена дланка на средина да не останува трага.
Тие што се спремате со креветче. Рано ми е од 37ма недела да си наместам постелнина? Или се мести дента кога ќе си дојдеме од болница?
Мене ми беше наместено а одозгора покриено со чаршав. Кога си дојдовме само го тргнав чаршавот и спремно беше