На што треба да се посвети најмногу внимание кога се бира душек за креветче? За креветчето како што прочитав, да се спушта на што повеќе нивоа и евентуално да може да се извади едната страница, за да се спои со родителскиот кревет, за полесно да биде навечер кога ќе се буди, така?
Страната да ти се спушта е битно и за кога го креваш и спушташ за кичма да не ти падне кога ти е најдоле. Инаку мене ми се спушта а ми стои крената навечер иако е залепен до спалната пошто се мрда и ќе дојде кај мене сам ако не е кренато, така да тоа гледај да го има барем според мене
Колку што знам треба да е потврд, јас немав многу избор пошто ми требаше да е понизок за во транспортно па само тоа гледав, нека споделат тие што зимале за дрвени пошто има еден тон врсти од повисоките
Мемори пена не. Да е цврст, да има навлака изработена од материјал кој не ја спречува кожата да дише. Да е изработен од антибактериски материјал. Ова е тоа што го гледав кога бирав душек. Да имав можност ќе земев на алмеро, својствата на бебешките душеци можеш да ги провериш на нивниот сајт.
Мила омни имаат изложбен салон ама треба да им пишеш и да се договорите за термин ако сакаш да го видиш во живо. Јас баш сакав од kidsandco ама го видов и во омни слично а беше поефтино па баш планирам здравје дс поминат празниците и да договорам термин за да го видам во живо.Инаку изложбениот салон не работи секој ден туку само со закажување и има само креветчето да го видиш во живо
I kakov e dusekot? Vo kolku dela? Inaku i so kids and co e ist sistem na insta im pisav treba termin da dogovorime.
Мила немам уште отидено здравје после празниците планирам да закажам и да го видам во живо па ќе споделам информација и ќе сликнам
И јас почнав да разгледувам креветчиња и најчесто имаат подесување на 2 или 3 нивоа или спуштање на предна страница. Немам видено некое и што се шодесува во висина и што се спушта страницата. Ако има такво пратете линк
Bev, top e krevetceto. Dusekot e vo delovi ama dosta tvrd ne se ni oseka kade e spojkata. Jas si go taksav veke
Супер мила,чим е таксано со здравје да си го користите, и јас да поминат празниците ќе отидам да го видам
@Pacient srna бидејќи си ги гледала креветчињава, може да ми кажеш што е разликата освен во бојата и во цената? И дали/како фунционира до спалната или е наменето како самостојно?
Jas gi gledav na kids&co ovie ne mi izgledaat ko tie. Toa jas sto go zemav e comfort global proizvodstvo,ova e verojatno drug nekoj. Znam i stokke go ima istoto. Inaku beloto treba da e pogolemo vaka od slika. Imas 2 daski i tie dvete mozat da se namontiraat na krevetceto. Pogolemata verzija ovalnata moze da funkcionira bez ednata ramna strana i da se prilepi taka otvoreno do spalna.
Лелее Цело време ве читам дека сте се договарале за да гледате во omni baby и од таму сте нарачале. И директно на таа страна гледам, не на kids&co. Добра сум. Anyway, со здравје да си го користите, преубаво ми изгледа.
Мила јас вчера бев во изложбениот салон на омни и имаше изложено само премиум бело,многу убаво изгледа во живо и баш прашав која е разликата мегу стандард и премиум и ми кажаа дека во стандард димензиите се помали,рамката на буково дрво е помала а кај премиум изработката е помасивна, Имаш само една полица за повивање кај стандард и тоа го запаметив.Ми кажаа дека бели нема во моментов ама крај на февруари ќе им стасаат и очекувале уште едно ново креветче смарт ама малку поскапо ќе било од овие. Постелнината,балдахринот и рамката за балдахринот дополнително се купуваат
Фала мила. Следно на листата е креветчето, немаме ништо убаво разгледано, а ова баш ми фати око. Колку пари иди заедно со додатоците?
https://omnibaby.mk/КРЕВЕТЧИЊА-И-ДУШЕЦИ-c65166424 Еве ја мила страната и имаш цени зс креветчињата,додатоците и постелнината оти има повеќе видови
Здраво, дали некоја од вас има/ла или слушнала искуство за креветче од типот на "Next to me" што се ставаат до спалната. Ме интерсира колку се практични, дали вреди да се земе такво и дали само до 6 месеци би се користеле? Фала