Душеци има, постојат специјални за тие модели на креветчиња, барем така видов на нет. Не знам дали се поразлични од тие што веќе одат со самото креветче, пишува дека се со 6 цм дебелина. За користење, мислам до 6 месеци, барем ние така планираме, па после да се префрлиме на дрвено.
Го гледам на Гугл ова е од тие некст то бед креветчиња за до кај 6 месеци, не ти треба друго душече,во вакви креветчиња сите душечиња се тенки така не се секирај ич.Сите се такви, така треба не му ја мисли.
Здраво, дали некој знае каде да најдам механизам за спуштање на ограда на детско креветче? Порачано и платено преку интернет за да ни достават без. Благодарам
Јас имам сличен на него. Мојот може и да се нишка. Ако го нарачувате преку интернет пазете да не ви пуштат без механизам за спуштање на ограда на креветчето.
Во Флорис има попуст и многу се убави креветчињата, ако немате купено разгледајте, сега ми излегоа на фб.
Ситник у ГТЦ доле. Ги има на фб, можеш да разгледаш. На друго место не сум видела готови, се е со нарачки како Трифантино, Машнички за деца и сл...
Мора да е душечето од кај нив (освен ако не прават некаде душечиња по порачка), бидејќи нивните креветчиња имаат поразлични димензии од сите останати. Ние зедовме пали туто бејзик, на акција беше со душек и постелнина. Од сите што ги гледавме, креветчињата на бебе хоум некако најстабилни и најцврсти ми се гледаа.
Вели: Препорачан душек: 124х64 cm Надворешни димензии на кревет: 130 х 70 см Дали душечињата на пример од Симпо се со сосем други димензии? Вие го добивте Evolution душечето со креветчето?
Мислам дека душечињата за другите креветчиња се со стандардна димензија 120х60. Не би знаела да кажам дали во симпо или било каде на друго место има душечиња со димензии 124х64. Мислам дека низ темава се има пишувано за душечиња по порачка, ама од каде, не знам. Инаку, во акцијата беше душечето Evolution, ама ние доплативме за премиум душече, тие што беа по 15цм висина.