предлог за транспортно креветче? и дали е неопходен душек или може директно да спие на тоа? за патување ми е, па да не треба и душек да мкнам. се надевам има такви што се само склопи-расклопи, веднаш спремни за спиење.
Има душеци за патување, се склопуваат, не може да спие на таа подлогата што оди со креветчето. Над неа душече треба. Вакви има, ѕирни тука да видиш какви се тие за патување.
Женчиња, се мислам за кревече, какво е попрактично, дрвено или транспортно? Транспортните некако попрактични ми изгледаат дека од материјал, може да струи воздухот, па не морам оградици да ставам. Ама не знам колку се сигурни за бебе, што мислите? И до колку годинки може да спие во него?
Од странска страна е, ама ти давам идеја што да бараш, мора да има и таму овакво нешто. Поарно да не ти ги покажувам поубавите.
Каде има дрвени креветчиња, не ми е битен изгледот, не мора да е специјално нешто, до некои 6000-7000, а да не е Чарли Тетово? Сакам за кај мајка ми да земам едно, најобично ама сите се поскапи
Друшки што имате креветче Пали и душек со димензии 124х64, од каде земате чаршаф со ластик освен од Бебе хоум? Дали чаршафчињата 120х60 би биле океј или мали ќе се?
Океј се. Одговараат стандард постелнините. Дури и долниот чаршав од постелната што ја зедовме од бебе хоум е премала за душекот, едвај се става (со ластици е).
Чаршав со ластик 130×65 и 140×70 имаше во Џамбо. Јас конкретно земав 140×70 за душек со таа димензија и малку кнап е ама врши работа. Би земала малку поголем да имаше. Дисклејмер: не е Пали креветчето, чисто сакав да ти споделам искуство околу димензии на душек наспроти чаршав со ластик.
Zdravo, dali nekoja go imate videoto kako se sklopuva krevetceto 4in1 od Cahrli baby Tetovo? im pisam ne mi vrakjaat 2 nedeli...
Јас на јутуб си го најдов видеото за склопување. Во пакувањето имаше ливче со марката на креветчето, го напишав на јутуб и имаше многу видеа. Така го склопивме. Ова го имам јас.
Па искрено да ти кажам големо е, кај мене колку брачниот кревет е во должина. Ме бендиса што можи да се користи подолго време, за поголемо дете. Таман ми е залепено за креветот и со фиоките се при рака. Во сполјер ќе ставам слика од моето. Сликата е од кога го склопувавме, сега ми е извадена едната ограда и свртено е кон креветот. Спојлер: Креветче
Брачеда ми има вакво креветче за бебето, само незнам дали иста марка. Таа беше многу задоволна и кога порасна малата, го користеа за играње преку ден. Ми кажуваше дека го остава бебе внатре дури работи нешто, нема кај да се удри дека е од материјал и лесно се преносувало од соба во соба.
Јас сум во план да земам слично вакво само да му се спушта едната страна за да го доближам до нашиот ама ако тоа не ти значи онда овие се супер, моја другарка е многу задоволна од истово вакво