ако сакас монтажно имаш на чиполино 6000 мислам беа мене ми се најубави.. ние земавме едно евтино се погоди ама понатака ке земеме на чиполино а ова ќе ни служи како кош за играње.. имаш во бебесупермаркет, локо кроко, на пластичарска , мегастор ...има секаде
Јас од памет неможам да го извадам детското креветче од Фатина, кое е комплет со масичка за пресоблекување и фиоки, а сето тоа подоцна се прави во поголемо преветче, масичка(биро) и фиоки, 14.500ден беше. Имам ставано слики низ темава. Не го купив зошто имавме веќе креветче , ама ептен ми остана во душа. Пукната сум за убаво креветче, ако сеуште не го користиме
моево мажуле е професионален столар и за свој кејф мислам дека го направи најубавото креветче на цел свет ( онака како изненадување - не ми кажа дека го прави ) Прекрасно е , се нишка горниот дел, долниот дел е статичен со 4 фиоки, има мрежичка одозгора, портабл решетка од едната страна од другата страна е статично и еден дел за пресоблекување со потврда основа и мушама. Арно ама бојата е ептен заебана- сива со бела мрежичка.. Душече купил од Симпо. Истото пред некој ден го правеше за еден пар што очекува близнаци само без делот за пресоблекување. Луѓево планираат двете бебнца да бидат од почетокот во истото креветче. Практично но долготрајно неизводливо.
Има фатина одма до треска фабриката, кај елена лука што е. Не сум сигурна, но мислам дека фатина има и на битпазар спроти факултетите.
Со мм бендисавме вакво креветче http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =3&theater ама јас се двоумам некако а ми изгледаат бас практични ппосебно што ние нмеаме простор за статично, а исто така се двоумам и кога да го земиме дали пред да влезам во девети месец или од ко ке влезам ? мислење
да ја активирам повторно темава ај ве молам за помош мислам мислење ако некој користи http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =3&theater вакво преносно креветче и како е задоволен од него? А и ме интересира кога ги купивте креветчината пред да влезете во девети и ли после тоа? некако многу ми е рано а сакам се да ми биди спремно
Искрено да ти кажам јас го користам моето сопствено креветче дрвено кое мн зачувано иакое старо 26 години купивме само нов душек креветче би купила пред деветти т.е јас се што купив купив пред 9 ти зашто имав претчувство дека деветти нема да го дочекам и така се случи имам другарка која користи вакво креветче ие мн задоволна мене искрено ми се чудни ајде другиве мамички ќе споделат искуство
јас купив дрвено креветче и многу се радувам кога го гледам нема врска 7 ми 8 ми или 9 ти месец, како и да е мора да се купи позз
И ние како вас користиме креветче старо 26 години,одлишно сошувано само префарбано да го освежиме малку купивме само душече кое според мене е побитно него ли креветчето,ова побитно велам зошто малата моја не сакаше до 2,3 години да спие во него само влагаше за играње ама за спиење нејќеше ни да чуе ко на трња да ја ставав.Дури сега можам да кажам дека го користиме како што треба.Така да некоја голема инвестиција според мене не трба да се вложува околу креветче зошто никогаш не знаеш,битно е да врши работа.Според мене кога би требала да купам сега креветче би се одлучила за монтажно зошто е најпрактично и може секаде да се носи
е јас го користам моето креветче од пред 32 гоини соцувано мм го ишмиргла го излакира ко ново е јас гледав во чиполино креветче што после се прави и како оградица негде беше околу 5000-6000 ден а имате во фатина мебел исто мн убави дрвени се за цена незнам
мене моите му купиа креветче на мое барање да биде дрвено и супер ми е погодено напред се расклопува и е стандардна голема супер е мене лично ме бендиса
Такви креветчиња, монтазни, пред една недела видов во city mall најгоре кај што се продавниците за деца незнам точно во која продавница ама цените се двизеа од 6000 денари па нагоре, Јас и сопругот гледавме иако нас ни е рано уште за купување и тие од 6000 беа супер на три нивоа, мозеа да се прават и играчница и беа со заштитник од комарци, тие што беа поскапи имаа плус играчки и слични додатоци што сметам дека нема потреба дупло да се плаќа само за играчките.
Во Baby Blue има на Bertoni и на Hauck (може да ги видиш на нивните сајтови), убави и со понормална цена. Baby Blue има во Сити Мол и Аеродром.