Све тешки одлуки постои ли транспортно креветче на кое се спушта едната страна а истото да не е само за до 6 месеци?
Искуство со ова креветче или општо за креветчиња од Локо Кроко. Гледам се спушта решетката и има механизам за лулање, плус фиоките, ептен ми одговара.
Го гледав истото во продавницата и се мислам за тоа. На страната пишува дека следува и душече и постелнина и оградици. Ајде дали го има некоја?
https://nama.mk/proizvod/krevetche-lulka-so-zashtitna-mreza-i-korpa-pink-floret/ Искуство со nama.mk или со вакво креветче?
Женски го има ли некој креветчево? Имаме од батко нормално дрвено креветче со квалитетно душече, имаме и релаксатор, ама ова ми се допадна како за во дневна да си лежи бебе, и за на гости кај баба ако треба да спиеме.. Вреди ли да се купува, го има ли некој?
I mene mi lici za dokaj 4mes deka ke se koristi. Bolje zemi si standard transportno posle i igralna ke ti bide
Имам такво, големо ми е некако.. Ова за првите месеци бебе да биде на "свое" место, близу до мене дур играме, цртаме со батко, без страв дека ќе ми се преврти или нешто.. Со прво дете немав потреба од такво нешто, си лежеше на гарнитура или во раце, сеа некако не ми иде да оставам бебе на гарнитура..
На земја. Од прв ден се препорачува да се става на земја пред тебе да го гледаш. Купи некое подебело чергиче,кебенце и на земја. Јас ја оставам имам едно дебелко како подлога и на земја е. Ја ставам често и на меше имавме проблем со затнат нос сега откако е на меше на земја и носот и се отнува и лесно се вадат мрсулчињата оти и се сливаат на доле
Скоро ист модел на креветче имаме. Се потепав за механизмот за лулање еднаш не го употребив со бебе До сега сум ептен задоволна, само една мана ми има, широки се линиите од страна точно колку рака или нога да протне низ нив. Превентивно ставам оградица.
Дали може некоја членка да сподели искуство со вакво креветче, мене ми е да го користам како помошно во дневна, а да не ми зафаќа многу простор, па ме интересира до која возраст од прилика го имате користено, гледам воопис на сите скоро стои до 9кг? Фала многу