Исто имам и јас од чарли Бејби, ама оградава не се спушта. До кога ја спушташе. Леле детево тежи се повеќе и не можам да правам крени спушти навечер цела успана по неколку пати, ќе ме фати кичма. Има 9 мес.
Па да ти кажам право, одамна ми е крената и така си стои. Навечер само спие во креветче и мм го преместува од кога ќе заспие зошто јас со кичмава се кочам, па ни таму ни ваму.
Dali nekoja kupila krevetce od Mebel Videnov? Gledam imaat dosta solidni ponudi za bebeski krevetcinja.
Ако ти е за поевтино оди купувај транспортно. Ние сега за второто земавме и не знам што сум мислела со дрвеното. Без пари да ми даваат сега дрвено, не зимам.
Kako transportno go kupiv ova od enci menci, a za vo spalna mi treba drveno, tolku mi e mestoto i sega ako ne gi nateram ovie "nepotglivi" doma ke si ostanam bez krevetce.
Се согласувам. Само транспортно или оние next to me модели. Земав дрвено, ај место зафаќа многу, бебе се глави меѓу летвите со нозе, со оградици ја пика главата директ во тие и страв ми е да не се угуши. Ќе се користи сигурно над 2 години
Ти си знаеш, јас би земала уште едно транспортно оние обичните што се, помалку место фаќаат од дрвените. Инаку, Виденов се бугарска фирма, немам искуство ама колку може да се полоши од другите и онака веќе нема дрво, иверка се.
Ние имаме дрвено креветче за во спална, сега за во дневна сакам некое 2 во 1 што ќе можи после и како игрална да се користи. Во план ни беше Kinderkraft Sofi 4in1 меѓутоа многу е зголемена цената последниов месец. Гледам има поевтина варијанта на Kinderkraft, со таа намена, на Safety 1st и на Chipolino имало, па веројатно ќе е некое од овие. Макар што и опција за поевтина варијанта е стандардно транспортно креветче, па да го користиме и за играње понатаму ама сеуште сме во дилема.
Скроз истото, со душек доаѓаше. Ние сме задоволни. Башка со триста попусти ни го израчунаа лани, испаднаа некои 10,11 000 заедно.
Топ, пишав и погоре не знам што сум мислела со дрвеното. Сега дури сакам и поклон да купам исто за блиски И тие се за дрвено, ги убедував ама не, исти се како мене пред 3 години. И сега и дрвеното ќе им го дадам и поклон од нас транспортно да им докажам
Баш ми е ќејф што си задоволна. Транспортно најдобра работа, допрва ќе видиш колку ќе ти брка работа. Вашево многу е убаво, бојата е преубава
Откако ќе почне да се исправа треба да го спуштам на долното ниво или кога ќе достигне одредена килажа? Единствено што мислев дека му е мана е што страната не се спушта ама си спие бебето по цела ноќ и немаше ни да ја спуштам секако. Фала ти инаку и мене ми е преубаво
Го спуштив кога видов дека почнува да се фаќа за да се исправа. На едното од моиве креветчиња страната му се спушта, но малиов во него почна да спие дури после 1 година и џабе беше што се спушта. Спиеше дотогаш во другото, во тоа што не се спушта страната и супер му беше.
А има ли негде поефтино? Ова е мислам дупло поскапо од едно во енци менци што гледав за 4.000. Што е разликата? Пример ова првото да го земам? И дали некој нарачувал од овде? https://www.babycenter.mk/vo-detskata-soba/kreveti/transportni-krevetcinja?sort=price
Да, скоро во секоја продавница има дупло поевтини, можеш и најевтиното да го земеш. Јас сакав со вакви додатоци, тоа ја качува цената, а и брендот. Баш ортопедот ми рече буквално само душекот е битен, ништо друго.