Здраво дали некоја мама има искуство до вакво креветче https://bebesupermarket.mk/product/Wood-cot-BEBES-NIDO-white-KHkSG
Имам дрвено кревече. Сакам да земам транспортно за во салон, секако ќе ми треба и за патување. Гледам има евтини во Енци менци но ми изгледаат како шушкавец материјал.(не знам да прикачам слика). А има и како платнени и се малку поскапи. Прашањето ми е дали тоа шушкавото ќе се слуша многу шушкање кога ќе мрда бебе?
Здраво! дали некој има искуство со овие креветчиња? Coccolle Siesta https://www.libertabebecentar.mk/krevetchinja/podvizhni-krevetchinja/coccolle-siesta-beige Coccolle INSIEME https://www.libertabebecentar.mk/krevetchinja/podvizhni-krevetchinja/coccolle-insieme-stone-grey Kinderkraft преносно креветче JOY https://www.libertabebecentar.mk/kr...nderkraft-travel-cot-joy-with-accesories-blue
Вакви имам две,супер се не е шушкав материјал. Да се корегирам не се од Енци Менци од Локо кроко ми се купени и двете ама сите оваквите се горе доле исти само некои имаат поцврста конструкција некои се поклацкави,најубаво да си видиш на лице место ако можеш.Мене двете од Локо ми се топ мали има 4 год. уште спие во него и гајле нема креветчето. https://www.encimenci.com.mk/krevetche-safari-turq-grey-moni-066p900112
Ти благодарам многу. Ова е многу убаво ама на едно ниво. Јас сакам на две нивоа, полесно е додека е мало да го земеш/оставиш. Ќе одам деновиве и во Локо кроко и во Енци менци најдобро на лице место да се види можда.
Јас земав од бејби центар на 2 нивоа, исто за во дневна земав и од пики на фб. Тоа од пики се клацка и многу е практично
Joie Kubbie го имаме. Малку е со помала димензија од стандардните меѓутоа нас такво ни одговараше за просторот. Не е шушкаво и спрема други модели е релативно поскапо. Проблем е што нема екстра душече со таа димензија, а оригиналното е претенко. Јас по мерка дополнително порачував како наддушек да ми направат за на горното ниво. Инаку е стабилно плус едниот дел со тркала за лесно движење.
Да да не ни приметив дали е на едно или две да ти кажам искрено сакав да кажам материјалот им е ист и се сосема во ред искористени се максимално
Јас имам такво како шушкавец, и малава и ние се будевме на секое мрдање.. не знам другите каков матријал се ама нас тоа шушкавецпт ни служи само за патовање.
Претпоставив. Лесен сон имам, знам дека ќе ми смета. Има и платнени по тоа што гледам на нет, овие шушкавите ми изгледаат посјајни. Ќе мора на лице место да се види и испроба до рака. Ти благодарам за споделеното искуство.
Не се разбирам во материјали ама не е сјаен дефинитивно.Некој рапав е како ранец,ко работнички панталони споредбава мајко мила
Искуства со овие креветчиња? Би го користела до 6-7м,ми треба да е мало за во спална, плус тркалца има што ми се свиѓа посебно да можам да го носам и во дневна. Дали се ок душеците,дали бебињата добро ви спиеја во нив?
Мене ми беше многу мерак за дрвено пред да се породам и такво купив. Ама сега малиот почна да се врти во спиење и прета многу па се удира од решетките. Пола вечер тргам раце/нозе измеѓу решетки и го поместувам само. Чекам породилно да стигне и идам да му купам транспортно.
Стави му плетенки околу ако купуваш само за тоа транспортно период е ова до ударањето додека не се научи оти боли, после ќе внимава повеќе. Инаку и јас имам дрвено со решетки, а на одмор користевме транспортно од хотелот и мене не ми се допадна некако. Се подесуваат ли во висина тие или не?
Има доста избор на тенки оградици ако ти е за удирањето. Ние имаме и две дрвени и транспортно иии нема шанса да споредам, е сега дрвеното едно е многу поголемо од другото и повеќе простор има, еве 3 години и нешто е, комоција има, другото па тесно. Така да, за удирањето има решение ама шушкањето цела вечер и будење заради гребење по мрежа.. не не. @princess5
Да почекам значи да се навикне Страв ми е уште да му ставам оградици, да не се пикне со носето. Откако почна да се врти, спие на стомаче, па пола ноќ дежурам да не заринкал во душек