Хаха те размирам и моето кога почна да се врти само на стомак беше, исто само дежурав, ја вртев пак на грб ама џабе, после приметив дека уствари си има инстинкт за да си се намести како треба и си го подига главче и помина стравот иначе да не ти е страв за играда, не мора од оние што се како перници дебели, од тие тенките види, гледам има и како облачиња на trifantino. Ќе приметиш дека и рачињата ако се излезени надвор од решетки сами си ги вадат без проблем.
Да предложите дрвено креветче со нивоа? И со механизам на лулање по можност. Цената не е важна. Исто, од кој душек сте задоволни? Имам транспортно за во дневна ни е супер, моментално и си спие во него навечер, ама до 6 месеци е, сакам да купам и дрвено за постојано.
Јас сум прееезадоволна од Бебе Хоум креветчето, ептен е цврсто, мноогу комотно еве малава има 3 и пол скоро години, има уште место да се врти на сите страни, сега и за второ ќе го користиме. И душекот ни е од таму до Алое Вера, таму земав и навлаки водоодпорни за душечето. @Anika55 слично е и нашето, гледам и кај вас има од таа гумата што е безбедна за гризење доколку бебе почне да си ги чеша завите од неа ( кај нас беше случај)
Јас го имам ова креветче и многу сум задоволна. На две нивоа е, предната страна се спушта, има фиока и механизам за лулање. Се фиксира со тркалца. Плексиглас страната особено ми го прави убаво и плус ми е практично што можам да го гледам бебо убаво од таа страна (така ни е поставено креветчето). Во ист гејт беше изложено, можеш да го видиш. https://www.encimenci.com.mk/krevetche-daris-plus-so-fioka-simpson-10016 Душече ова го имаме и го препорачувам https://www.encimenci.com.mk/dushek-bebi-pra-m-60-h-120-per-bebe-718
И ние прво бевме во бебе хоме. Ама вработените беа ужасно неуслужливи и нељубезни (во сити мол). Плус во бебехоме креветчињата се поголеми, не се со стандардни димензии, а нас тоа не ни одговараше. Инаку, таква гума немаме, можда имало ама сме ја фрлиле со кутиите, не знам Ако затреба, здравје, ќе се снаоѓаме
Обично одат со многу тенко душече, што мислам не е доволно доколкy се користи како главно креветче за спиење.
Здраво, веќе време е да почнеме да се спремаме па со мм збориме и он вика дрвено креветче да сме купеле (ке ви прикачам слика) поточно еден негов пријател изработува мебел од дрво и вели ке оди кај него со било кој модел да одберам ке го направел. Е сега прашањево ми е дали и колку е битно да се мрда/вади страницата напред? Знам дека на 2 нивоа треба да биде креветчето, ама не знам со моделов што го најдов со страницава што да направиме односно едина опција е да се вади цела зошто нагоре надоле не може да оди..
И нашето е дрвено, на 3 нивоа. Исто и страницата се вади. Зависи како сакате, нашето креветче е поголемо и планирам здравје кога ќе наполни 3-4 години да ја извадам страницата и фактички како кревет ќе го користиме додека не го надрасне. Во првите години немаш потреба од вадење на страница.
Искрено да ти кажам ние од енци менци земавме креветче и не ми годеше никако зошто јас бев ниска а креветчето високо и никако не можев да го спуштам а да не се разбуди. Мој совет напрај си ја висината на креветчето да можеш да се наведнеш и да го спуштиш убаво. Најубаво и страницата да ти се вади од страна по корисна ќе ти биде. Знам во Андреј компани дека имаше опција и креветчето да се лула мислам декаи тоа е убава опција можеш и таму да разгледаш.
https://topolino.mk/product/krevetce-dormeo-avocado-chipolino/ Го има ли некој ова транспортно? Да сподели искуство...
https://shop.kinderlend.mk/Производ/lionelo-flower-детско-креветче/ За исти пари ова повеќе брка работа имаш и за пресоблакање што стварно ќе ти треба. Јас имав и вакво и дрвено. Дрвеното не ми беше океј мн високо за мене неможев да спуштам бебе, а ова таман ми беше. плус и како игрална е после тоа го искористи доста.
Ееј да, супер. Фала ти, ќе го видам и ова. И јас имам дрвено (мое од пред 30 год ), ама нормално е фиксно, не се подигнува нагоре.. па затоа се мислам дека вакво транспортно ќе ми брка работа за почеток-подигнато, а и за патување кај моите, за во дневна..а подоцна и за игрална. А дрвеното за понатака, после 6 месеци..
Моето е дрвено, на 3 нивоа, една страна извадена, прилепено е до мојот кревет, сега за сега сум задоволна и не се каам што го купив, само тогаш не знаев дека бебето ке сака многу да се лула ке купев такво.
Е да.. кај мене нема да има опција лулање. Дрвеното е статично, а ова транспортното не се лула.. Хах, ете нова дилема. Може па нема да сака да се лула, хах....
Да не те предомислува лулањето оти големи се шансите и да не сака да го лулаш, а и според мене подобро е да не се научи така. После ќе треба да седиш до него и ако престанеш да го лулаш да се буди Според мене најдобра опција е дрвено обично креветче на 3 нивоа, обавезно со решетки барем од двете страни, евентуално со фиоки ако ти треба повеќе простор.
Да се самоцитирам. Како што расти бебе и станува поподвижно и посилно, креветчето не да е шушкаво. На секое нејзино мрдање или движење на рацете јас се будам. Цел ден за дремки или ноќе ако спие во него слушам звуци на гребење.
Од мебел Виденов некој да не има нарачувано креветче? Немаат салон, а ептен ефтини цени гледам за кррветчиња, ако има некој искуство да сподели
Јас немав земено креветче ама други работи земав искрено презадоволна сум за таа цена тука во салон дупло ќе платиш за исти квалитет може и бетер.