Можеш и директно на едно ниво, бидејќи за скоро ќе почнат да се исправаат на коленици и да стануваат па секако ќе мора да ги спуштиш на најдолно ниво. Најчесто димензиите се 120x60.
@Brpbrp @Tiny Love ви благодарам. Им се скарав на дрвените креветчиња, ги отсакав, ич не ги користиме, само нозе искршив од нив, па сега изгледа ќе земам транспортни, значи на едно ниво, супер. А душечињата ги имаме од симпо, многу им се добри, па бар за дома да се искористат, а за патување ако ни треба ќе земам од тие што се собираат, мислам во енцименци гледав.
И јас откако го земавме транспортното се чудев како сум можела дрвено да купам. Како што се исправа сега во креветчето, ги пика нозете од страната на душекот, паѓа, којзнае што ќе беше досега во дрвеното. Димензиите се тие и јас старото душече го искористив, за патувања обично секој смештај нуди креветче.
Тоа ми се најџабе потрошени пари, креветчиња, па оградички, па не оградички, небезбедно со нив, ги влечат, небезбедно и без нив затоа што тестираат главите колку им се цврсти со чукање во дрво. Госпоѓава лази на некој чуден начин, се одбива со нозете, со глава се бута напред и лета право во штица во два потези, мора да менувам. Ако бара нова мајка совет, од мене е дефинитивно не за дрвено креветче.
И ние многу малку го користиме дрвеното креветче. Ајде оградица само од едната страна демек да не се удира. Сега веќе кога е поголема, на пола ноќ ако се разбуди "се кара" со оградицата, влечи на сите страни за во уста да ја стави. Без неа се удира и така. Ни таа, ни јас наспани. Транспортното ни е искористено до максимум. Е сега ради простор сигурно не би зеле уште едно транспортно ама ова што го имаме може да го шетаме низ куќа. Не ми се менува едно со друго затоа што транспортното планирам и како игрална да го користи. Битно и јас сум за транспортно од ова искуство повеќе.
Со првото користевме дрвено креветче и ги делам сите ваши мислења. Сега со второво воопшто нема да го монтираме дрвеното,ќе купам транапортно. Најтрауматично ми беше кога таман ќе заспијам и ќе почне да се удира низ решетките,ни плетенки ,ни штитници помагаа. Јас само мислев дека понеквалитетно како нестабилно ми изгледа транспортно,ама после се што се пишале дефинитивно ќе купам.
Најискористена работа ми се транспортните, гајле си немаат. Поголемово уште спие во нив. Две имам за него, а сега и за малото зедов транспортно.
Со транспортниве се преродивме, шетаат низ нив, се вртат на сите страни, не ми е страв едно да оставам внатре, друго да пресоблекувам, бар знам дека нема глава да скршат во штиците. Е сега , мојов напорен мозок со друго се оптоварува. Знам дека се правени по стандарди и се тоа, ама дека мрежа е од двете страни, колку е безбедна? Гледам ја тестираат со нокти и удари со ноџиња, има шанси со нивна сила да ја скинат и да се исечат или само си замислувам?
Мислам дека само си замислуваш. Прво, мислам дека не може да ја скинат, а второ, мека е мрежата за да се исечат.
Ехх јас мислев дека може да се исправи и да се преврти со се креветче Колку црни сценарија имам секојдневно, а тие двајцата се борат во него, не е мрднато, ни мрежата скината.
Ја прелистав темава и сватив дека може ноќно спиење во транспотрно креветче. Но доволно ли е душек од 10см?
Јас имам дрвено креветче, истото што јас сум го користела како бебе. Малата спиеше во него до 3ипол години кога и направивме голем кревет. После го размонтиравме, и сега со второ пак планирам да го користам. Имаме и транспортно, но за мене подобро од дрвено нема. Транспортното го користевме кај мајка ми на гости или кога идевме на одмор.
Мајки искуство со next to me креветче? Се мислиме дали да земиме за во дневната за денски дремки, во спалната веќе имаме дрвено креветче.
Здраво да ми предложите од каде купивте креветчиња , поради просторот бараме дрвено со фиоки од страна . Има многу ама би сакала препорака
Со чиполино креветчиња има ли некој искуство? Во Лео продавница се на попуст па мислам да тркнам до Кочани или на фб да си го нарачам не знам во Сопје дали има исти вакви за да ги видам пред да нарачам..
Првото го имам, задоволна, а и добра е цената. Страната не се спушта како кај второто ама мене не ми требаше. Горната висина е добра и не мораш да се наведнуваш.
Пред година и пол имаше во Андреј компани кај железничка на чиполино. Јас имам креветче со една страна што се спушта. Мислам дека е како второто.
Јас имам како второто, задоволна сум. Поголемото дете маста му ја извади, не е мрднато, уште спие во него, а има скоро 3 и пол години. Има опција и да се лула, но не сум го користела никогаш за тоа.