И јас мислам дека е најбитно да има две нивоа. Најпрактично. Ова се гледа дека нема изгледа. Ќе земам од тие што ги гледав во Тополино и тоа е. Да скратам муки. Фала Оли.
Јас да ти одмогнам, разгледај и во Андреј компани, кај железничка. Топ креветче земавме на 2 ниво, за помалку од 4000 денари. И душек нешто околу 2500, се на се 100 евра
Ти пишала и друга членка, оди во Андреј компани пред да се одлучиш. Имаше преубави на 2 нивоа на чиполино со страна што се спушта, види ги, имаа изложено,па одлучи се. Тополино имаат слични работи, малку посоленки според мене. Ние земавме на чиполино со 2 нивоа, без страната што се спушта, затоа што веќе се големки бебињава, а дрвените креветчиња ги замразив. Дури ни тоа горното ниво не ми треба сега, ама ете тие ги бендисавме.
Фала ти,не ми текна воопшто на Андреј компани. Баш ќе отидам да видам. И јас имам од првото дрвено ама имам фобија со тоа чукање глава во сред ноќ,и решив за второво да земам транспортно. Иако со првото кога купувавме транспортниве како игрални ми изгледаа,и не удобни за спиење. Везе нема
Исто, уште тогаш ми викаа продавачките таму земи транспортни, викам не бе, тоа не е креветче. Лупнавме толку пари, за сами што живнаа децава да почнат да се маваат со глава, со нозе и уплав фатив. Сега со овие гајле ми е, и да си играат во нив, побезбедно ми е, госпожа се врати вертикално и лупа во мрежата,ама не може ништо да направи. За спиење си заглавува една нога меѓу душече и мрежа и така спие, инаку не, па ја оставам, што да правам, така и одговара. И ќе бараш цуцли секако таму, мојава таму ги крие, и по некое играче помало
Devojki mala konsiltacija bev zapnata i uste sum za drveno krevetce deka e poubaavo i plus prostor za skladiranje imam plus e sega gi gledam i transportnite mm poevti i se i plus mozam da gi premestuvam i na potkrovje i vo salon i sekade samo dali moze novorodence da spie vo niv nekkao ne sum bas zapoznata?
Секако дека може, од прв ден може да спие во него. Ќе си земеш со две нивоа и душек, ќе си спие најнормално. Подобар избор е транспортно. Практично е, лесно, меко е од страните и безбедно. Секако изборот си е твој.
Девојки мислење за креветчево? Многу малце простор имаме во спална, собата за бебе ќе ја средуваме во следните 6 месеци па не можам да ставам поголемо класично креветче во спална нема каде. Плетенка секако би ставила од околу но ми е страв од заглавување, мавање...? https://www.encimenci.com.mk/krevetche-simpson-7-vo-1-simpson-11243
Моево има вакво креветче само од друго место, веќе 2 и пол години спие во него. Сум користела и транспортно, но ова не го менувам. Никогаш не сме имале проблем со главење, мавање.
Devojki nekoja dali imate zimano bebeski krevetcinja od charly baby od tetovo..Da ni kazete kako ste zadovolni dobri li se
На мм сестра му купија душекот пропадна, месец дена немаше бебушка се направи како јајце кајбшто лежело бебе. Кажа дека многу се расклатило креветчето ке мора ново да си земат. За тие пари 2-3000плус минус јас земав дрвено креветче од мебел Виденов 7500ден и душек купивме од Сомниа 3000 мислам беше. Бебе 2 месеци има не е мрднато ништо ама и вака јако седи. Разгледај си еднаш подобро повеќе одколку дупло
Креветчето е убаво, но не ги добивме сите делови и даската за брзо време пукна. Никад веќе ништо не би купила кај нив. Одвратни се. Золва ми има креветче од Либерта, поскапо го земала ама е топ.
Па креветчето e долго 120 cm, значи детето може во него да спие додека не порасне во висина од прилика 120 cm. Моето е околу 100 cm високо, има 3,5 години и уште си спие во транспортно.
https://www.encimenci.com.mk/dushek-bebi-eko-60-h-120-per-bebe-0065 https://almak.mk/product/bebe/ Дали има некој душек од овие два па да ми каже мислење.
Немам искуство со овие душеци конкретно, ама душек за бебе треба да е тврд па според тоа тој вториот мислам дека не е баш соодветен вака како што е прикажан.