Има уште една варијанта креветчето е на под и има едни мали како шинички исе нишка и двете варијанти се неисплатрливи од причина што е мало во него ќе спие до максимум 2 месеци ко ќе се научи нанишкање што понатаму релаксатор во првиот месец не ти препорачувам заради положбата затоа според мене најдобра варијанта ти е монтажно креветче братучед ми имаше такво истото долу има тркала кои се подигаат и креветчето се нишаше . Не знам кој погоре напиша дека дрвеното креветче не практично за поместување апсолутно неточно моето е дрвено и има тркалца како количка може да се бутка по дома јас си сакам дрвено не размислував да се нишка во нешто еве иден денешен во релаксаторот ако се ниша ја нервира и си игра со играчките со закочен релаксатор еве го моето креветче без јоргани бебе внатре
Бебето во почетокот ке спие постојано , и најубаво е во дрвено креветче на убаво душече Исто и јас не препорачувам да се учи бебето со нишкање да заспива . Дрвеното креветче си е најпрактично , монтажните ми се некако незнам повеќе него би го искористила како оградица за бебето да си седи во него ... некој спомна во дрвеното може да се повреди , кога ке почне да се издига На моево дете веќе и го спуштивме на најниско душечето , и сигурна е и да падне нема да се повреди пошто од страната има такви перничиња *оградица*
И јас имам оградица ама ја извадив кога се буди малата многу се плаши и ко ќе ја види пишти ли пишти вака сегакога се буди или ја гледа собата или ако сум во движење 99% од времето сум мене и нема толку вриштење ако има потреба заради удирање ќе и ја ставам пак
Деновиве треба да одиме да купиме креветче.Време е Е сега,сакав уште еднаш да прашам дали монтажно или дрвено? Монтажниве дали се сигурни кога ќе потпораснат да скокаат да не се дупне тоа надоле или преврти? Не знам какво да земам на 100 памети сум
Какви ви се тие монтажни? Земи си дрвено што е сигурно сигурно е; Редактирам зошто видов кои се тие монтажни, кај нас ги викаат чадорче кревети и служат исклучиво за преспивање на децата кај баба и дедо или на гости, на одмор и слично и се чуваат во кола . Не ги препорачуваат за постојано спиење на детето. Ако ставите вистински душек незнам дали се стабилни??? Што викаат ортопедите за спиење на ваков кревет?
Си купивме креветчееее,од Симпо, бело, дрвено, му се спушта оградицата, оваа недела реновираме нешто по дома-естетски, тапетче ова-она(инстикт за гнездење ) па од др недела ќе ни го донесат. Иначе за во спална дрвено, а за во дневна и секаде (викенд, баби дедовци) монтажно-така решивме
За малиот купивме монтажно креветче, одлично ни се погоди. На почетокот спиеше на првото ниво, а после 6 месец купивме душек за да може да спие на второто ниво. И супер се погоди. Прилично се стабилни, лесни за преместување, лесни за чистење и погодни за носење на гости и по одмори. Ортопедите велат дека детето треба да спие на рамна подлога, не многу мека, ниту пак многу тврда, а тоа се постигнува со квалитетен душек, без разлика дали ќе биде во монтажно или дрвено креветче. А монтажното креветче се покажа сосема солидно за нас, еве син ми со две години уште спие во него.
Annath од каде го земавте монтажното креветче,ако може инфо? И јас сум заинтересирана повеќе за монатжно иако дома имам дрвено ама ќерка ми уште спие во него тешко да ја натерам да спие во кревет и во нејзина соба иако мм е против монтажно мене ми изгледа по практично од дрваениве и може да се користи и како оградичка за играње.
Го зедовме од Бебе Супермаркет, од таму го купивме и душекот кој денес го користиме. Инаку, тој душек е прилично подебел од стандардните, па кога ќе се стави на долното ниво во креветчето, скоро половина кревет го зафаќа, што значи дека детето не е многу ниско поставено, како што би било со душек со нормална дебелина. Инаку имаме креветче Јасмин на Чиполино, ова истово Како оградица за играње не го користев, ама можев да си го носам со мене во дневна на пример, детето таму спиеше, под мој надзор. А малиот сега обожава да си седи во него преку ден, се качува на нашиот кревет, оттаму си влегува во креветчето, и си ги чита сликовниците внатре
Ме интересира која им е цената на овие монтажни креветЧиња ?? нас ни треба сега кога ке идеме во Мк малата да спие во него , страв ми е да ја ставам на друг кревет , станува и може да падне ! Кај нас има од 30 евра па нагоре ама како ке се донесеме тоа е
Ние го купивме за некои 5000-6000ден. не знам точно. Ама повеќе од тоа не верувам дека е. Сигурна сум дека во Џамбо има и поевтини, ама не ме држи за збор. Зависи од фирмата. Можеби ќе ви се исплати од таму да купите, што знам. Мала е уште твојата, инаку ќе ти советував да ја учиш да спие на голем кревет. Ама после може да не сака во креветче.
Annath ти благодарам за советот.Ги гледаме тие во Џамбо ама некако шубе ми е чкљ квалитет ми се незнам инаку има и по 3000 ден без душек нормално. Мм вика како кококошарници биле па про ќе треба него да го убедам MacenceEna јас мислам поисплатливо ви е да си купите од таму сигурно има и поголем и поубав избор а за носење јас колку што знам то се склопува не би требало да ви е проблем да го донесете.
Не бе какво џамбо не се убави таму а и квалитет катанга убаво вика маж ти Има убави монтажни креветчиња и на лик и на квалитет
Јас имам од Џамбо па не би рекла дека е катанга квалитет. Мене баш ми се допаѓа, шаренко е и убаво. Го користам интензивно, лани и на одмор го носевме а и годинава сигурно. Се разбира дека ставив и душек не би ја оставила да спие најдолу.
Ние на ваквото креветче маста му ја извадивме, прошетано е низ цела Македонија и надвор каде што сме оделе, само во него спиеше. Колку се квалитетни од различни места не би знаела да кажам, ама нашето се погоди ТОП. Сега е спакувано, и се` уште е како ново, го чека следното ѕверче кое ќе спие во него Вакво е Ако ти е за инцидентни спиења (само надвор од дома, по потреба) - слободно земи од Џамбо, не мислам дека нешто ќе му стани. Ќерка ми искрено престана да спие во креветчето откако ја спуштив долу....ептен се осеќаше ко да спие на земја, и не и` беше воопшто комотно, па цело време плачеше. Анатх, од каде го зема душекот за кој правиш муабет? (тој што бил дебел колку пола креветче)
Од Бебе Супермаркет, беше 1890 ден. еве овој не пишува колку е високо, ама знам дека е повисок од стандардните душеци.
Мислам дека ниту овој немаше да помине....детево се прероди дури откако легна на нормален висок кревет. Ум за друг пат Иначе, јас од старт би го учела во нормален кревет, само би ставила заштитни огради (од Џамбо земавме, една е 1200денари). ТОП работа, а детето си има многу повеќе место. Пак ум за друг пат
Овие се идеални за деца што не спијат мирно (а кое дете спие мирно впрочем?). И јас сакам син ми да спие во голем единечен кревет, ама бидејќи детската соба уште не е средена (а кога ќе биде, не знам), мора мали да спие со нас во спална. Е сега засега креветчето ни врши работа. Имаме фора уште барем пола година да ја завршиме собата, ама после дали ќе сака сам во соба да спие... тоа не знам. Ама мора да го научиме.
И ќерка ми спие со нас во спална, не е сама на страна. И не само што спие со нас, туку креветчето (кое патем е со димензии 120х60, не е нормален единечен) и` е залепено до нашиот кревет, т.е. до мене. Ама почна многу да се врти, да се превртува кај мене, јас згрчена, таа неубаво спиеше, и после 2 недели тортура го земавме граничников и се ПРЕПОРОДИВМЕ, и јас и таа. На нејзиното креветче доаѓа ТОЧНО иста должина, целото го затвора.