Devojki, transportnite krevetcinja za do kolku godini/kg se? Kako sto citav nanazad, site sto imale edno dete vikaat podobro ova nego drveno. Gledav na Andrej kompani po razumni ceni. Dusece ke dokupam sekako, i ke gledam 2 nivoa da ima. Mene mi e da ne go kupam za 6 meseci pa pak drveno da kupuvam, dupli trosok
На нашето пишува до 15кг. Бидејќи и во должина е помало од стандардните ова што го имаме некаде до околу 2 години би требало да собира бебе.
Fala zenski, ova go odbrav po dolgo googlanje Mislam razumna cena e za vakvo krevetce, mi se dopagja i na izgled, doma se ni e na sivo i taka. Na dve nivoa e, ke go vidime i vo zivo da ne e mnogu skart. Tie od Andrej nekako po evtino mi izgledaat....Ako ima nekoj preporaka slobodno neka mi pise. Samo da ne e neso preskapo
Јас сум на мисла за овие две, едното е до 6 месеци, второто е до 2-3г и не знам што да изберам, а не ми се купува на секое креветчиња,дали некоја има искуство со овие?
Мислам дека немаш потреба. За транспортно совет мој е да има горе и подлога за повивање, да ти биде полесно на почеток. Секако кога ќе порасне кај ќе стигнеш ќе го слекуваш. Јас дома имам дрвено и плус транспортно- ова. Можам да кажам дека транспортното ми е многу попрактично, повисоко е второто ниво, полесно се спушта бебето, имам подлога, од страните како џебчиња за да оставам пелени, креми и сл. И што е најважно многу поефтино.
Ти благодарам, мене најмногу ми е поради простор и секако финансии, не сакам да трошам беспотребно, за пресоблекување не е и важно, затоа што имам шкафче за пресоблекување, ама важно ми е да е слепено до креветот, странично да се отвара за подој ноќно време и да не е претешко за да можам да го развозувам дневна ,спална на почетокот.
Второто го имаме. Исто ради простор зедов помало. Веќе месеци го користиме и си е супер. Планот ми е зимава покрај креветче и како игрална во дневна да го користи. Лоша страна е што ќе мораш и душек по мерка да порачаш и постелнини т.е јас само чаршав на јогата ставам.
Ти благодарам,кога ке видиш постелнини, душече не доаѓа пак поефтино него има премногу избор и чоек стварно на почеток не може да знае што е стварно практично а што џабе фрлени пари,затоа пишав да споделите вие поискусните мајкички
Реално за сите транспортни ти треба екстра душек. Е сега од тие со стандардна големина има и за поевтина цена на креветчето.
Ima vo enci menci i dusek so taa dimenzija. Ko sto vidov krevetceto e 120x60, a tolku se i dusecite. Carsavce pak , jas so lastik stavam. Problem e ako e malo, za malce golemo so lastik super se mesti.
https://www.encimenci.com.mk/dushek-bebi-pra-m-60-h-120-per-bebe-718 Јас ова го имам и цврсто е убаво единствена работа вредна од кај нив.
Јас ова душече си го земав, одлично е, се надевам и бебе ќе ужива на него ми се допаднаа карактеристиките, па воопшто не се мислев.
Некој да има искуство со оваа продавница? Го гледам креветчево (секако ќе одам и во живо да видам и споредам со она од hellobaby ) но дали некоја мајка може го има и како е задоволна? Гледав во hellobaby и сфатив дека истите работи и цени им се со оние од gencbaby tetovo а ова доста поевтино доаѓа а демек ист модел. Повеќе ми е за душекот да е квалитетен за бебе...
Бев јас во продавницата, душекот е како јорган, катастрофа е. Го имам јас од hello baby слично вакво и за сеа е супер, поширочко е од стандардните.
Сега бев баш до локо кроко имаат вакво исто 10.000 мкд вака ми личеше исто со ова од хело бејби ама ме буни огромната ценовна разлика, едино што ми кажаа е дека едното е српско а другово кинеско производство и сега не знам. Има ли некој искуство со ова од Локо кроко?