Mislam deka e istata roba. I od obleka gi imaat istite modeli, na postelninata pisuvase kaj uvoznik gencbaby a i krevetcinja i ceni im e isto. Jas od hellobaby go zedov i kompletot za od bolnica, cucli na bibs i ova krevetceto so dusek i postelnina
Кај нас немаше напомена за Кг. Општо за цело креветче пишува до 15кг. За горниот дел повеќе со возраст беше пишано односно до 6 месеци или додека не почне да се исправа.
Мојава е 6+ 8 кила има не се исправа уште самостојно само се врти на меше, па дали е безбедно не знам...
Јас искрено некаде на 8,5-9 месеци го симнав. Кога веќе убаво се исправаше од седење да се фати за страниците и да се исправи да стои. Тука веќе ми беше црвено знаменце. Нешто после тоа за брзо се навикна и од лежечка во седечка положба да се мести.
Vo drvenite krevetcinja, dusekot za novor6na najgorniot level se mesti. A ogradata se spysta do dolu, ili ?! Prvo bebe i nz , vie sto imate iskustvo prosvetlete me
@Besbes24 Не се препорачува од безбедносни причини. На креветот не треба да има ништо. Најдов некој линк може да прочитате има насоки се надевам ви помогнав http://www.femina.mk/семејство/бебе...ост-и-превенција-на-синдром-на-ненадејна-смрт
Да на најгорното ниво треба да е. А за оградата полесно за тебе ако е до кревет ваш тогаш до доле да се спушти секако е мало и дур не се врти и станува нема опасност.
Дали дрвените креветчиња се со иста големина? Креветче имаме, но не му ги знам димензиите, а сакам да купам нов душек. Ако може препорака за добар душек и ако знаете ценовен опсег. Исто така, дали се исплаќа да се купи колевка за првите месеци па после да се користи креветчето?
Душеци сега разгледував јас: магнифлекс е најскапо 11000, од алмеро се 6000-8000, енци менци околу 4000, локо кроко се поефтини
Стандард големина е 120*60. Претежно се со таа димензија, ама не се сите исти. Пример, од бебе хоум креветчињата се малку поголеми. Измери го за да знаеш. За душеци цените се од 1500 денари па нагоре. Јас од Енци Менци имам купено, презадоволна сум. Го нема истиот, ама најсличен е овој: https://www.encimenci.com.mk/dushek-bebi-pra-m-60-h-120-per-bebe-718 Едит: Јас мислам дека не се исплати да се купува колевка. Баш се скапи, а многу кратко се користат. Син ми спие во креветче од прв ден, а за преку ден ја користевме корпата од количката првите 5-6 месеци.