ај препорачајте ми креветче транспортно од кое сте задоволни? и препораки на што да обрнам внимание највеќе. материјалот да е убав да не шушка сакам. ги гледав во локо кроко на кикабу дали има некоја на таа фирма да каже дали се добри? поточно за овие ме интересира
како си задоволна? каков е материјалот шушкав ли е многу? го гледам од пваа фирма и се мислам сега дали ова или на кикабу
Дојдов на ви кажам за креветчето 8 во 1 на омни бејби. Катастрофа. Само 9 месеци го користиме и буквално сите даски излегоа. Разочарана сум премногу, да не се заебете како мене и вие, затоа ви кажувам искуство. Ако некој сака нека ми пише лп ќе му пратам слики. Туку кажете ми дали некој го има и е задоволен од транспортното креветче Joie Kubbie Sleep? Многу шушка материјалот? И душекот добар е или ќе треба друг да зимам?
Задоволна сум со тоа што веќе си го користиме како игрална. Мојава се научи со нокти да греби по мрежата, е тоа баш е шушкаво. Имај во предвид дека е со помали димензии, ако е истото што мислам, значи до кај 1,5-2 години максимум ќе го користите. Некаде околу 90цм е должината. Душек јас во Мкд по мерка порачував од Федер бау Нема со тие димензии во продажба.
Го нарачав сабајле, најдов и душек со таа димензија тука ама прво да стигне точно да измерам па ќе земам. Секако е планот до 2 год да го користеме, белки таман ќе е. Фала ти на споделеното искуство
Супер опции има со тоа што нели и се отвара странично. Претпоставувам веќе оди твоето,ќе може само да влегува и излегува. За игрална сигурно би функционирало подолго. Е само јас ја одбрав светлата опција се валка многу. Ќерка успева и да бриши раце, уста, нос и се што ќе стаса така да веќе е стасано за перење.
Баш сакав да прашам за креветчето на omni baby, дали вреди за парите, мене ми беше дека првиот дел е малечок и таман да го бери во спална бидејќи не ни е голема спалната, ама по ова заклучив дека не вредат
Дали има креветчиња дрвени што би биле помали во однос на ширина, гледав на bebehome i enci menci сите се или 70 ширина или 67, дали може да се најде нешто помало во ширина? За транспортно искрено се сомневам дека ќе му биде удобно во него на бебето? Кажете некој совет бидејќи просторот во спалната ќе ни биде кнап кога ќе дојде креветчето
Креветчето е преубаво на изглед стварно. 8 во 1 беше нашето и има предобри опции. Ама ете, квалитет 0. Многу ми е криво мене, уште не можам да се помирав дека скоро 400 евра го плативме. Штета
Зошто во транспортно да не му биде удобно на бебето? Истиот душек може да се користи и за дрвено и транспортно. Инаку стандардните димензии на душек се 120х60, на тоа додади некој цм плус за дрвената ограда.
Zdravo, vreme ni e veke da se obezbedime so krevetce i mnogu se mislam dali drveno ili transportno. Jasno se gleda po postovive koe vi e favorit na site no me interesira da mi kazete iskustvo vo vrska so visinata na pozicijata na dusekot. Primetiv deka drvenite se dosta povisoki od transportnite pa najniskata visina doagja povisoka (ne tolku "na zemja"... pa posle 6 meseci koga ke mora da se spusti dusekot na dolnoto nivo od transp. krevetce dali doagja mnogu nisko i dali e neudobno za ostavanje na deteto po povekje pati na den, najveke za kicmata prasuvam...
Nie imavme iskreno od onie drvenite klasicnite ama ne bi go kupila. Bi dala poveke pari i bi kupila drveno od onie sto se pravat pogolemi. Edna vnuka sakase da se kaci 2 i pol god ima pa knap ja sobirase. Odsekogas mi bile podobri rabotite sto se koristat poveke vreme.
Имаме дрвено креветче за ќерка ми земено и сега се мислам за второво да го фрлам и да си земам транспортно. Ем тешко не можеш да го мрднеш, да усисаш одоздола, ем се лупа бебе во дрвото, ем не се спушта до доле душекот зашто има фиоки, па ми се преврти преку ограда на глава на 10 месеци. Еве ја 2 ипол години, што се вика не ја собира веќе. Сега да ми е памет никогаш немаше да земам дрвено.
Мојава е година, ај што прета цело време во спиење, па ноќе кога ќе ја удри главата имаме плачки, плус со страв ја оставам и кога треба да се облечам. Едно што може да се преврти, друго скока цело време, очекувам било кога да се повреди. А стојам на чекор од неа. Во иста соба се спремам, не дека е сама оставена. И од мене голем минус за дрвените.
Здраво женички, дали некоја го користела ова креветче? Го видов во енци менци и многу ми се допадна ама е поскапо од останатите и ме интересира дали вреди за парите, знам дека е до 4години, исто душечето како тенко ми изгледа па дали е квалитетно
I mene ova mi bese ubavo ama si vikam zosto 25000den za ova koga mozam transportno za 6000, barem ke moze da se pakuva. Neznam sto se dobiva za parite so ova od chicco
Имаше видеа на страната за ова дека се прави и креветче за на под за толдер ама сега тоа колку ќе е практично искрено незнам