Јас гледав на страната на Енцименци убави и се тоа ама нема да го користиме ние многу две недели а скапи од 50 евра нагоре Јас имам душеЧе за такво монтажно креветЧе ке го земам и него овде ги има ефтини креветЧиња за 1800 денари ке земам едно па ке се најде за другото дете здравје ИнаЧе моево како немирно спие,на сите страни ја наогам , станува стои навеЧер па ја легнувам нашево креветЧе инаЧе и се вадат страните и се прави Јуниор кревет , па здравје ке спие и така понатака Фала мами на одговорите
Forko мм е специфичен и за сите монтажни има исто мислење не само на тие од Џамбо. Баш како што вели Моира имаш чувство ко да спиеч на под. Оф леле ,мајки сега сум на триста ума што да земам што е најпаметно
И јас бев на триста ума за креветче но кога ги виде маж ми монтажните само рече мое дете во ова нема да спие, иако првиот пат не се бунеше пошто ги немаше видено во живо а брат му го убедуваше такво да ни купи .... ама сега знам дека нема шанси сега проблемот ми е дрво боја или бело
мое мислење најубаво дрвено креветче има во фатина мебел на битпазар мислам дека се од 5000-7000 без душек со фиоки доле и едната страна на креветчето т.е решетката се спушта и крева и мислам дека одат со мрежа одозгора за комарци симпатично е со мрежата а само душек е 1500 ден 60цм на 120цм стандард јас имам таков душек за малата и супер е а креветчето верувале баба ми го чувала 33 години тоа е мое креветче јас сум спиела во него од 1980 год. дрвено е и како ново мм го ишмиргла го излакира со безбоен лак и супер е ништо не му фали ако чувате вачи креветчиња супер
Еве го и нашето креветче По долго размислување со мм, си решивме да си земеме монтажно креветче, а доколку ни е потребно ќе си го користиме моето дрвено креветче кое е патем како ново. Инаку ние сме презадоволни со изборот, креветчево е многу стабилно, што мене ми беше многу битно, сите држачи се алуминиумски, на 2 нивоа, дел за превивање на бебето, од страна држачи за пелени, шишенца и такви работи, исто има торбица за играчки од едната страна, мрежа за комарци и најбитното, висечки музички играчки кои во едно се и како беби-фон, на звук реагираат така што креветчето почнува да вибрира, се пали светилката од играчките која менува бои, играчките се вртат и почнува нежна музика која го смирува бебушот. Нас премногу ни се допаѓа, не чинеше 9000 денари, е сега уште фраерчево да му се радува како ја и мм ќе биде супер
здраво,,,,јас сакав да прашам дали некоја од вас знае каде во Битола има бебешки креветчиња...и ккао се движат цените?....мм сака да го користиме моето бебешко креветче.кое е дрвено...вика да не даваме пари сега кога сме во тесно....ама јас сакам да купиме,,,и сега не знам што да правиме,,ако најдиме нешто поевтино а убаво ќе биде супер...
еве го и нашето креветче нели креветчињата се без душек а некако овие ортопедските ми се непознати фирми , па мамички сакав да ве прашам дали некој има искуство со душекот ДОРМЕО БЕЈБИ ... нели душекот е најбитен па мора да се купи она што е најдобро .
Ако добро се сеќавам - околу 12.000 од Бејби Блу (така се викаа продавниците што ги има и во Битола и Скопје?)
Женички за мене уште е рано за креветче , меѓутоа јас планирам бебушот да спие во моето креветче... ...Новите се скоро исти како старите со таа разлика што едната страна им се спушта и што имаат фиока...Е сега моето нема ни фиока ни се спушта меѓутоа е дрвено и многу зачувано...Ќе го ишмиргламе и префарбаме , ќе купиме ново душече и ќе имаме "ново"креветче
^нема врска што е старо , нашево е ново па нема ни фиоки ни па се спушта оградата ! Најобично креветче е ! Еве го Според мене поважно е да е добар душекот ! Ние за другото бебе ке го користиме креветЧето од поголемово ! Планираме да и земеме нормален детски кревет на малата секако со ограда , да не купуваме пак бебешки
^^^ дааа моето е баш вакво само кафено и јас сакам да го префарбаме во бело, а за душек секако планираме да купиме нов
MамиЧки јас имам прасање за оние кои имате креветЧиња со место за пресоблекување од страната,со мм поЧнавме да разгледуваме па ме интересира дали и колку Често го користите делот са пресоблекување? Cе двоумам дали воопсто се исплака да го имас тој додаток?
нас тој дел ни е најискористениот. Среќа што го земавме зошто како што имав болки во половината неможев да мрднам, не пак да ја пресоблечам на кревет. И ден денес (11м) го користиме, а кога сме некаде отидени без него ми е стварно проблем. Според мене најпрактична работа е делот за пресоблекување.
Ние нема да купуваме ново креветче, креветчето од сестра ми кога беше бебе е екстра зачувано. Само ќе се среди стругање, префарбување, ново удобно душече....и обавезно одозгора ќе купам тоа како завеса Здравје кога ќе го стокмиме некаде Ноември ќе го сликам и покажам како испаднало
Сноу не ти треба завеса над креветчето !! Знам убаво изгледа и мене ми беше мерак за такво ама не се препораЧува , ни играчки внатре , на поЧетокот ни кебенце !! Треба да си спие во врекичка бебето!!
Какво креветче препорачувате - дрвено или монтажно? Монтажниве се многу поевтини, а ако ти смета едноставно расклопи го и ете ти плус простор.