Си го нарачав конечно https://www.shnuggle.com/collections/shnuggle-air-range/products/shnuggle-air-crib-cot-bundle Се мислев мнооогу за дали да го нарачам, зошто ги нема во Македонија и цел процес многу комплициран ми беше за достава до овде. Ама посилно од мене е сепак. Си има дел до 6 м, и после се става додаток дополнителен и си има друго душече за до околу 4 години. Се заљубив во креветчето, наши најблиски другари го имаат. Детето им е 3+ и уште спие, нема мрднато креветчето. И толку изгледа практично, убаво, мекичко. Плус се вади и се пере материјалот. Едвај чекам да стаса. За ако некој му треба инфото - Јас најдов дистрибутер до Германија, и од Германија најдов човек за да ми го донесе во Македонија. Комплицирано, ама знам дека вреди.
Да провериш дали има повеќе нивоа на местење на душекот, ако е само вака длабоко е за поголемо бебе кога веќе стои. Да има повисоко ниво за душек за почеток, зошто кога ќе го оставиш бебето внатре, ќе ја оставиш и кичмата
Ако зборувате за ова , јас го имам , ко користиме 5 месеци и задоволни сме сега за сега https://www.instagram.com/reel/C3nQX7ztzx5/?igsh=YnZjdHZnYjRmeW01
Да,токму за ова доаѓа ефтино све комплет,јас близнаци имам сакам 2 да земам мисе свиѓа што имаат тркалца
Дали ги купивте ? Заинтересирана сум и за креветчето и за душечето па да ми кажете искуства Или некој друг нека ми каже
Водоотпорна навлака, имам земано од Сомниа Шоп, Бебе Хоум и сл. И од горе уште едно чаршавче памучно со ластик ставам јас. Кога беше помала под главчето тетра. Сега кога си бара перница, кога така спие на рамно.
Фала ти. Баш пред два дена го монтиравме, и ептен ми е убаво. Уште бебенцето да си дојде на свет уште малку.
Дали имам прашано за креветчето ич не се сеќавам, ако имам занемарете. Некоја мајка да го има и да ми каже искуства? Ми падна во око ова и уште едно од либерта. https://lococroco.mk/produkt/krevet-lk-drven-sleepy-round/