Јас купив две вакви и ептен се убави.На почеток ги направив малечки во кругче,после кога ке потпораснат кеги направам поголемки.Практично на тркалца,душекот на делови е мисе супер.
Истите ти се од Локо Кроко нели такво како што пуштив линк? А после кога ќе го направиш поголемо дали имаш душек за тоа или дополнително треба и за тогаш душек?
Да,истите од Loco Croco,душекот си е на делови за после за поголемо си има плус дел душек.Мене ми требаа вакви практични зошто немав голем простор во спална и затоа и барав вакви.Покасно дури кога се поголемки можеш масичка со столче даси ги користи,ептен практични и убави креветчиња а несе многу скапи.Еве како изгледа поголемко,само тука миго донесоа на најниско поставен душекот.Јас сиги кренав највисоко душеците и на малечки ги направив
Фала ти мила. Пред малку бевме во Loco Croco да го видеме креветчето. Вака на прв поглед големко, цврсто и стабилно ми изгледа. Подруго е кога ќе го видеш во живо, стварно ми се бендиса. Ќе одеме и до Либерта и таму да ги видаме, па здравје ќе се одлучам, има уште малку време.
Дали знаете каде можам да најдам/купам сунѓер за креветче по мерка? Значи не душек, гледав по Алмеро, ФедерБау по 18 цм се. За бебе треба потенко нешто, до кај 7 цм дебелина да е.
Ама мислиш подлога од креветот? Секако дека си има, нема да е само сунѓер. Само сакам сунѓерот да го сменам. И не се стандардни димензииве. За кај моите е креветчето, имам креветче од братучед ми, ама сакам да го сменам сунѓерчето. Веќе е 6 год братучед ми, и не спиеше скоро ич во него. Ама си играл со сунѓерот. Креветот си има како сунѓер со него, таков е купен. 5 цм е дебело сунѓерчето.
Ме збуни мислев сакаш наместо душек, кој нели е баш цврст за бебешки креветчиња, да му ставиш само сунѓер. Те сфатив за какво мислиш, да видиш овие што прават гарнитури сигурно имаат и може да ти скројат по мерка.
Од Федер бау зедовме, не беше мислам нешто висок. Баш 6-7 цм висина ми направиле ама пред скоро 2 години ова.
За во игрална ни требаше така да веројатно е второто. Во порака на Фејсбук сум договарала. Ми имаат пишано пена со густина N25. Висина 6 цм дека ќе биде изработен.
Ние го имаме, кружното го користевме 3 дена вкупно, бебе се роди 51цм (просторот за лежење внатре беше 54цм ако не се лажам) зошто мерат 60цм со оградата. Го преправивме со 1 додаток, спиеше бебка до кај 4 5 месеци, после почна пренемирно да спие вртење во 360° мава глава заглавува нозе се беси по него и еве го 9+ месеци е со мене на спална, креветчето ни служи како ограда да не падне од таа страна, пеглани алишта додека ги соберам и сл мм е запнат да не го продаваме инаку сакам транспортно. Знам дека меракот е голем од исти побуди се полетав и јас, ако немаш мн простор земи на free on next to me околу 7000мкд е за први 6 месеци после земи си транспортно на 2 нивоа од Тополино по 4.000 се или класика дрвено од пошироките модели.. тесничко е, еве го моево господинче 75цм долго е веќе си сака комоција да се шири да се врти а во ова не го собира ни од грб на меше да се сврти без да се обеси преку оградата со нога вие ќе си одлучите сепак ова е само наше искуство
Не го продавајте, уште малце ќе стане посвесно за околината, а гледам има тркалца, ако се буни за спиење ќе може да си го нишкате и ќе го користите после една година, ние највеќе дрвеното ( не овој модел) го користевме после година, а сеа скоро 3 ќе прави, па бара се во тоа креветче, нема мавање глава веќе Е сега затоа што големово дете си го сака неговото, се мислам да земам две мали за близначиња, па и до 4-5 месеци да спијат таму е супер, не знам што ми е мислата, не знам зошто не одам да ги купам, друга опција не ни имам за спиење на 2 бебенца ) Е тоа може сакаж да прашам, убаво се движат тркалцата? Може да се нишка напред-назад лесно? И постелнина?
Здраво, Дали некој го користи новото омни креветче 4во 1. Како сте задоволни ме интересира, на страната стои дека може да се моделира и користи до 10 години .