1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креветче за бебе - совет?

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 26 ноември 2010.

  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.888
    Допаѓања:
    89.356
    Пол:
    Женски
    Ќе имам едно креветче тоа ќе е во детска а за почеток секако ми треба за во спална ама ме советуваат веќе кога имам статично да купам транспортерно кое ќе можам да го местам и во дневна и дека е многу практично. Имате ли некое такво од кое сте задиволни? Гледам не се скапи и периодов има насекаде попусти
     
  2. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Некој го користи ли Omni cutie креветчето? Денес бев да го видам тоа и од локо кроко, за почеток ми треба помало зошто немам простор во спална. Некако ова Omni подобра изработка ми изгледа. Мислења?
     
  3. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.353
    Пол:
    Женски

    Прикачени фајлови:

  4. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.386
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    На hristinan12 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lolita-

    Lolita- Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2021
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали некој има искуство со креветчињата од teddybaby.sk? Screenshot_20241218_041824_Instagram.jpg
     
  6. Илинанана

    Илинанана Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Дали има некој вакво креветче и дали е потребно да се купи душек?
     

    Прикачени фајлови:

  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    7.275
    Мислам да.

    Инаку, кога веќе треба душек да купиш, би ти го препорачала ова креветче да го ѕирнеш. Ние купивме такво, за да го користеме како транспортно и игрална дома. Многу е убаво. И лесно се склопува, и душек доаѓа со него.
     
    На marrisa и Илинанана им се допаѓа ова.
  8. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    435
    Допаѓања:
    747
    И мене ме интересира.
    Преубави се. Според описот би требало да се и квалитетни, ама супер би било искуство да се слушне.
     
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    11.588
    Пол:
    Женски
    370 евриќи е, им пишав.
    Вака ми изгледа баш како што барав, 100 цм во должина е, плус дрвено е, не е иверка. Доаѓа со душече и постелнина, на 3 нивоа е, ептен ми се бендиса.
    Многу беа услужливи, бидејќи само онлајн се, ми рекоа слободно при достава да отворам се, ако нешто не е ок да го вратам одма.
    Така да најверојатно ќе го нарачам деновиве.
     
    На Lolita- му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    435
    Допаѓања:
    747
    Им пишав и јас, ми објаснија се :inlove: Јас се заљубив во креветчево, така да и јас ке го нарачам сигурно. Само за месец дена здравје, да почнеме со собата. Ако во меѓувреме ти го нарачаш, ке те замолам да пишеш дали е се во ред и во живо.
     
    На Lolita- и thinkerbell им се допаѓа ова.
  11. Lolita-

    Lolita- Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2021
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Ептен се заљубив и јас и мислам ништо не ми се допаѓа од тогаш. Како на изглед така и функционалност ме бендиса ептен ама ради цената сакав да слушнам некое искуство.
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    435
    Допаѓања:
    747
    Јас искрено очекував дека ке биде поскапо :D Па кога ми пишаа 370 евра, ми дојде некако ефтино :rofl: и плус комплет со душек, постелнина..
    Гледам објавуваат Live слики, видеа од задоволни муштерии, така да мислам дека нема да згрешиме.
    Јас би го порачала уште сега, ама немам каде да го ставам.. морам да почекам после празници здравје да се среди собата, па после да се нарачуваат вакви поголеми работи
     
  13. Kejt362

    Kejt362 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2021
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    Кои димензии е? Јас и од омни го гледав.
     
  14. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    435
    Допаѓања:
    747
    80x116см. Пишува дека одговара за деца до 4 год возраст.
    Сега ги отворив омни, слично е, речиси исто.
    Која цена е таму дали знаеш?
     
  15. Kejt362

    Kejt362 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2021
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    33.600 ден според нивната web.

    Со тоа што е нагласено дека:
    4-10 години - трансформација ЈUNIOR.
    Во комплетот не се вклучени додатоците и душекот за оваа трансформација.

    Значи до 48 месеци се користи креветчето комплет како што е. За поголемата трансформација нешто плус се доплаќа.
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    435
    Допаѓања:
    747
  17. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Женски
    Јас бев да го видам, доаѓа со два душека. Едниот е мал за до кај 6 месеци после се трансформира за до 4/5 години. Јас немам место во спална за почеток и омни ќе го земам. За третиот душек за до 10 години се доплаќа ама здравје тоа понатаму.
     
    На Kejt362 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kejt362

    Kejt362 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2021
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    Да, здравје за после 4-5 год. може и поголем кревет, не мора баш од омни. За првите години мене многу ми се допаѓа.
     
    На Bejb15 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    448
    Пол:
    Женски
    Женски дали сте виделе негде слични на ова креветче. https://omnibaby.mk/products/Креветче-модел-Sofi-со-душек-боја-сива-p526001757
    Баш ваква боја темно сиво ми треба и ептен ми се свиѓа што се подебели рамките ама не се спушта предниот дел за дигање бебе па некако ми изгледа дека кога ќе ја спуштиме бебкава да спие на најдолно ниво потпораснатка ќе се превртувам да ја земам, сакам да си има спуштачки механизам напред за зимање бебе, јас сум 160цм сто посто ова ќе ми биде длабоко.:whew:
    А премногу ми се допаѓа и баш е во стилот што го имам замислено за нејзината соба ;(