Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креветче за бебе - совет?

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 26 ноември 2010.

  1. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Женски
    Јас купив со мајками во бебе супермаркет од класичните само не се спушта страната фиксна е а има три нивоа и се вадат неколку даскички од страна за кога ќе биде две три годинки да може да се симне само, имаше доста модели ама све бели. Има и малку со пошироки даскички ама не е рамно горе вака има малку поинаков дизајн. Разгледај.Достапни беа со цени.

    Денеска свекрвата дојде и некој муабет од околу демек у мај таму јуни пред да се породиш да купиме. И мм нормално не кажал тие све без уста се машкиве и викам купивме мајками ми купи .. Зошто не се купува толку рано и др снаа не купила чекала до крај.. Незнам така нервоза ми створи глупи муабети... Незнаеш. А јас некако така неделава среќна најдов и мн убава торба во карес за бебе на попуст.
     
  2. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми оддамна не ја перцепирам се гледаме на неколку месеци … кога влегов во 4ти месец им кажавме дека чекаме бебе не ми ни честиташе на маж ми му рекла со среќа нека е овојпат. Така да од мене совет, како мајка нема друга 8) муабетот и бил тешка глупост, јас чекав до 5ти месец ништо не купив за минатата бременост па пак го изгубив детето:x да не чува господ само ако треба да биде ќе бидне. Наше е да се радуваме и да сме позитивни и јас и маж ми рековме од после нова година ќе почнеме полека да си купуваме работи… ќе влезам во 5ти месец и време е да се спремаме - јас те поддржувам што си почнала :l:
    Каде е бебе супермаркет не сум слушнала за оваа продавница?:inlove:
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Женски
    Сега ќе ти пуштам линк, да незнам знаеш не сум таков човек мн поштувам постари па јас уште се правдам... А душата ми се узнемири некако ни да речат ај со здравје да си го користи. Не верувам во никакви суеверија и некако финансиски викам ај да си олеснам нешто по нешто ќе купам секој месец. Страшно. Дали и хормониве ама ете.

    Продавницата е кај универзална во уличките. Масивно дрво е со еу стандарди и бојата исто што е користена. Повели види
    https://www.bebesupermarket.mk/search?q=Krevetce
     
  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Убави модели класични ептен плус цениве супер. Јас се запнав за сиво ама нигде изгледа нема да најдам ;( за летвичкиве тенки читав дека пожови бебиња после 1година се пикаат се заглавуваат :angel: па си викам да гледам некое со подебелки мада тоа ќе пика рачиња и ноџиња секако во дупките. Мене уствари ќе ми требаст две креветчиња :rofl: едно за во спална и едно за во нејзината соба. Тоа за во спална си мислев некое од овие co-sleeping помалите верзии ама тука ми треба совет од искусни мајки дали ако ја научам уште од почеток во иста соба со нас после на 6месеци ќе сака сама во соба кај неа. Мене планот ми е денски да ја успивам во некзината соба за да се навикнува од почеток а навечер во спална со нас ради практичност 8) Баш сакам совети од искусни мајки на темава, дали мојава практичност е изводлива во пракса или ќе биде плачки :D:D:D
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Женски
    Ја прашував сестрами внуката една годинка е, она има од пали моделите што беа во бебе хоме вика само се качува се држи и го јаде горе делот кај што се држи вика до сега не и се пикала низ летвичките.. А и обично кога станува сака да ја извадиш од таму и одма на земја на подлога игра. Сепак разгледај види може и нешто како што сакаш има. Иначе сестрами ќе ми даде има мало од бебе хоме го користеше до 6 месеци во спална со нив.. И више малата почна брзо да застанува како жапче и да ја става главата да ја потпира брадата на станиците. Да ги јаде. И више од 6 ипол 7 се исправаше и мораше да ја префрлат во соба сега спие во големото креветче сама навечер и преку ден си е во соба. Добар ти е планот.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Еј значи може :D супер баш ми значи искуствово. Леле што убаво ти со сестра со бебенце една година пред тебе, па се ќе ти раскаже и ќе бидеш супер спремна. Јас другаркиве мои сите веќе имаат големи деца веќе се и првачиња :$ Јас на 34 години тек сега прво и само читам, којзнае што ќе биде во пракса :)
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Женски
    Да ние сме разлика година и 6 месеци со сестра ми сега и децата ќе ни се исто разлика двете женски ❤️ многу ми помага и многу ми значи. Све ми е спремно и алишта и креветче мало и релаксатор и транспортер. Да купам уште количка од истиот модел да може да пасува и толку.
    Еве овде ќе си споделуваме искуства ќе си помагаме ❤️
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    За колички има друга тема ама ако сестра ти има супер искуство сподели бренд да одиме по сигурно стапки :D јас се изнагледав ама не знам да одлучам уште
     
  9. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    8.620
    Пол:
    Женски
    Леле не ги можам муабетиве на постарите. Одма се иритирам. Исто беше и кај мене, јас креветче и количка купив во 16та недела, алиштенца почнав после прв скрининг. И покрај тоа што 2 месеци пред оваа бременост имав биохемиска, решив дс се водам со позитивна мисла. И кај мене имаше слични реакции и превртување очи зошто толку рано сме зеле, требало после пораѓај. Јас само и реков не ми ја уништувајте среќата со глупи муабети и суеверија ниту сега ниту после породување. И да ти кажам воопшто не ми беше шубе ни мене ни на маж ми, ни најмалку. Сега сум 38ма, се ми е спремно и испрано и си уживам. Фала богу што купив се порано за последниве денови пред прво бебенце да си се одморам и изнауживам.
    Да земеш да си купиш се што ти се свиѓа кога сакаш и што сакаш, тебе што ти прави мерак и на маж ти. Ти си мајката, не дозволувај никој да те нервира.
     
    На Noemi, QweenSM, Baby warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Женски
    Леле фала ти , еве уште не сум заспала некако денеска и денот таков па на мм му изназборев па ни крив ни дужен, он ме поддржи за све и сега ми е тешко на душава така што му реков, денеска направи некоја негативна енергија дома. До денеска немав помислено на нешто негативно 17та недела сум и идам со таква позитивна енергија си нарачав вчера од зара и нешто алишта имаше попуст. Глупави застарени муабети. Више не ни споделувам никакви информации и ако започне муабет . Му реков на сопругот ако се понудат ќе им кажам што немам во мај месец.
     
    На Baby warrior и baguf4e им се допаѓа ова.
  11. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    8.620
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам првпат кога споделив што купив (некои бодиња беа мислам, не ни памтам), одма реакции чак и од другарки од типот леле не купувај ова не купувај она, ќе ти донесат на повојница, ќе ти донесат на мекици. Тука кажав стоп, не кажувам веќе што сум купила на никој затоа што автоматски ти го рушат меракот колку и да не сакаш да ти влијае. Кога го купивме шкафчето за пресоблакање бебе од икеа со маж ми уште што не ме распнаа со муабетот како ќе сум пресоблакала бебе на кревет или кај стигнам, не ми требало, џабе парите биле. Само не ми е јасно од кај му право да се мешаат во туѓи пари. Ако можам да си дозволам и ми е мерак и авион ќе и купам и што? Јас вака одговарам на невкусни дофрлања и паметувања. Сите што имаат исчувано бебиња сакаат најпаметни да се прават со совети што некогаш никој и не им ги бара. Јас терам по мое, купував што сакам, колку сакам и како сакам за мое бебе и ич не ми е криво ни за потрошен денар, дури и да остане неискористено.
    Скроз те подржувам за тоа да си земаш, па што остане некупено ете нека земат во мај. Јас моево дете го опремив 95% сама со маж ми, никој денар нема дадено од суеверие. И гајле ми е:D
     
    На Калатеа, lala15, QweenSM и 2 други им се допаѓа ова.
  12. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    1.171
    Пол:
    Женски
    I jas si kupiv se sama isto rano pocnav posto mnogu raboti se plus si razgleduvav na raat i fativ popusti. Skafceto za presoblekuvanje ke go iskoristis najmn, neznam kako menuvaat kakani peleni kaj ke stignat
     
    На baguf4e и Ladyme им се допаѓа ова.
  13. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.918
    Допаѓања:
    33.443
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да те утешам дека секаде се истиве муабети.

    Јас алиштенца за син ми почнав да купувам само што дознав полот од пренаталниот тест во 11та недела, од мерак му земав 3 шпикознички, а сум со спонтан пред оваа бременост.
    До кај 18та недела го опремив со многу работи, повеќе алиштенца. Секој месец по нешто купував за да не купуваме наеднаш, дека и сама ќе видиш колку е прескапо за бебе. Сега сум 8ми месец, опремен е со се, уште некоја ситница фали, ама сакам да ти кажам фала Богу што си почнав порано дека незнам како би се снашла и од финансиски аспект и од самата психа сега во 8ми кога ми е премачно да требаше сѐ наеднаш да купувам.

    А коментари, ќе има и откако ќе станеш мајка уште толку. Ако ми веруваш дека јас на никој немам сликнато ниту па сум се пофалила што сум купила? Освен на маж, кумата и на другарка што ми е како сестра? Еве баш ради ова, ќе ми искоментираат нешто што не треба па ќе ми расипат и среќа и ден.
    Мајка ми и свекрва ми ме немаат ниту прашано дали се спремивме за бебе, а мене искрено ми одговара. Еднаш само така уз муабет свекрвата ми рече видела некои многу слатки бебешки чорапчиња ама не ги зела дека не било убаво да се купува пред да се роди бебе де.:D Јас ништо не искоментирав на тоа, ама си реков во себе охооо сестро ако знаеш дека е опремен 80% од алиштенцата. :D

    Не се замарај, купувај што ти душа сака. Јесте дека ќе ти донесат на мекици, ама многу често носат големи алиштенца и утнуваат бројки, а јас да чекам да видам некој што и како ќе ми донеси за детево кога можам да му земам, нема шанси.
    Уживај во бременоста, многу брзо поминува и ќе ни фали. :l:
     
    На Калатеа, baguf4e, Ladyme и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    8.328
    Да си купувате и да не ги ставате на памет ни мајки, ни свекрви, ни тетки, стринки. Количка и креветче купивме после 20та недела кога начекавме и попуст, а облека, бањарки, постелнини, тетри, ситници од прв скрининг почнав да си нарачувам(и немам престанато:rofl:). И памперс и влажни купив, ама не знаат уште да не се фрапираат:rofl:
    Памперс премиум 1 на Ананас беа 599ден да не се расипат за месеципол случајно.

    Коментарите сеа се па вие се си купивте ништо не оставивте ние да земеме, па да сигурно ќе чекам да се породам па да ми донесеш бодиња и шпикозни допрвин да ги перам тазе вратена од болница.

    33та сум веќе спремна, исправ, испеглав, наредив, креветчето чека за монтажа овие денови и 9ти планирам да си го посветам на себе и маж ми како последни денови сами. Само позитивно и уживајте си во пазарувањето.
     
    На Калатеа, hristinan12, Kejt362 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.918
    Допаѓања:
    33.443
    Пол:
    Женски
    Знам ист термин сме јас и ти мила. Арно си средила и испрала, јас чекам уште некоја пратка да ми стаса па да почнам со перење и пеглање.
    Едвај чекам да ти кажам. :inlove:
    Да ми кажеше некој дека волку ќе се радувам кога му ги гледам пелените, влажните, прашокот немаше да му верувам. :sun:
     
    На Baby warrior и Noemi им се допаѓа ова.
  16. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    3.479
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Баш пред некој ден го гледав во city mall и зборував со продавачката од чико, неколку пати ми нагласи дека нема потреба од душече, дека си имало ова креветче подлога, ама мене некако ми изгледа како да ќе го легнам на обвивка само
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  18. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    3.479
    Гледав и видеа, никаде не е спомнат дополнителен душек. Затоа сакам да слушнам мислење од други мајки како е побезбедно.
     
  19. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    1.375
    Пол:
    Женски
    Со ова немам искуство, но ќе се надополнам.
    Од енци менци земав креветче на попуст беше околу 7000 денари, 3 нивоа има за душекот и предната страница се спушта на исто 3 нивоа. Мене со спалната ми дојде во иста висина за почеток највисокото ниво за душек во комбинација со најниското ниво на предната страна ми дојде. Ако сакаш ќе ти пратам и слика лп како изгледа кај мене, а еве го креветчето
    https://www.encimenci.com.mk/krevetche-baby-wing-cangaroo-066a123025
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Женски
    И јас го гледав, ме замисли од страна механизамот е пластичен , порано имаа еден со шина внатре во самото дрво. Тоа ме предомисли и горе имаше пластика како заштита на дрвото, ваљда може да се извади рече продавачкава не беше сигурна пошо тоа и цело време гледам внукава од сестрами со устата тука гризе сега кога е 11 месеци исправена. И зедов скроз дрвено од др место за 7500 со три нивоа исто.
     
    На hristinan12 му/ѝ се допаѓа ова.