Ти благодарам баш ќе го ѕирнеме иако нашиов сеуште спие со нас на спална сакам да почнам да го навикнувам во креветче, да затопли ќе го носиме кај бабите на гости ќе мора да земеме транспортно
Девојки еве ме мене пак со прашања Ми се допадна креветче од бебе супермаркет го имам постирано погоре, но сега најдов уште едно кое ми е убаво и доста е практично затоа што се менува напред страната за поголема да може сама да легнува и да станува од креветче. Прашањето ми е дали некој го има и дали сте задоволни од квалитетот. Сигурно ќе биде едно од тие две, ама пред да купам реков да прашам дали некоја го има да сподели искуство
Здраво, јас сакам да прашам дали некоја од вас порачувала креветче по мерка да и изработат никако неможам да најдам дали некој изработува кај нас креветчиња. Поздрав
Знам дека дрвено креветче е најубаво, но ме интересира за некое малецко, што се склопува како next to me, колку се практични и до која возраст може да се користат? Спалната ни е многу мала со врати од тераса само, па кога првото дете спиеше во дрвеното креветче, никако не можевме да отвориме. Тој е просторот и мора таму да стои. Нејзе на 1 година ја префрлив во своја соба, па здравје така планирам и за второто, после годинка во друга соба во дрвено да спие. Ова случајно ми излезе на Инстаграм, гледам у се склопува лесно па ќе можам и да го петам низ стан.
Zdravo, tie sto koristite transportni krevetcinja, dali im dodavate obicni duseci, ili gi koristite tie tenkite sto doagjaat so niv?
Joie Kubbie види го. Максимално го искористивме ние. Само душек по мерка ќе ти треба да земиш. https://topolino.mk/product/krevetce-kubbie-foggy-gray-joie-2/ Едит: на долното ниво до 1на година го користевме. После се научи да излегува. Може и како игрална да го користиш. Помало е во должина и ширина така да секако до максимум 1-1,5 година би собирало дете.
@pamelche , ми истече времето за редактирање. Ова е креветчето Тој дел како навлака за infant, не е дел од сетот, не знам ни дали го има тука да се порача и купи ама и без него се две нивоа и повеќе од доволно. Душек по мерка од Федер Бау зедовме.
Дали ти доаѓа во предвид креветче со тркалца? Па кога ке ја користиш вратата од тераса ке го поместиш? И мојата спална е мнг мала, требаше бебо да го сместиме под прозори да блокираме една врата од плакар. Наместо тоа, зедовме обично дрвено на тркалца, и тој е сега помеѓу мене и плакар. Кога ми го треба плакарот го тргам креветчето. Нормално без бебе внатре. Моето e на free on. Најобично со тркалца, со душек заедно излезе околу 11.000 ден Исто едната страна се спушта, можеш да подесиш нивоа. И е 120 цм. Може да се користи подолго време.
Имаше тркалца моето ама од влечење некако не знам што се деси и се скршија 2, и другите ги извадовме. Не ни доаѓа во предвид да купуваме ново дрвено, зашто веќе имаме. Барам поевтина и заменска варијанта за до годинка, па после да си спие во дрвеното во детска.
Дали некоја од вас што го има нарачано креветчето од teddybaby.sk би сакала да ми прати сликички во живо? Најмногу од се ме интересира дали има изграфирано ege baby, бидејки кај нив гледам дека на некои слики има на некои не. Ги најдов во Турција оригиналните, ми е страв да не се само копии нашиве. Ви благодарам
Нас ни стигна Омни овалното, од лик и цврстина сум презадоволна. Како ќе се покаже квалитет ќе видиме.
Се мислам во врска со креветче…Планирам да земам вакво Ама ова го планирам за во детска соба и за преку ден да спие во него (Зошто дневната и детската ми се на први кат) А спалната ми е на втори и во спална сакам да си земам уште едно(по ефтина варијанта) кое што ќе се спојува со нашиот кревет како тие на Чико некст то ме но гледам само до 6м се користат сакам нешто барем до годинка што ќе можам да го користам а да се залепува на кревет и да се отвара како ова: Да ми предложите нешто?
Јас би сменила. Ние во спална имаме креветче, во дневна имавме како корпа подвижно, тоа го користеше првите 3 месеци за дневна дремка. Реално, бебе само да оставиш да спие на долниот кат не верувам, така да тоа креветче што ти е наменето за во детска ако го купиш ќе ти биде најнеискористеното нешто. Или ќе го ставиш во спална за преку ноќ да спие во него или ќе си купиш креветче со спуштање нели на оградата без фиоки и ќе го залепиш до креветот ваш, а во детска за преку ден ќе си земеш транспотно или некое со колца што ќе си го макнеш таму кај што ќе си ти. Во детска ќе си купите понатаму кревет за тодлер/дете. А ова само ќе ти зафаќа место, а мораш секако за кратко да го менуваш ( мислам веќе после 2та година)
горе доле се сложувам со @Bubish26 , само бебе дека ќе оставиш да спие во креветче во детска тешко, ако зимаш дрвено подобро е тоа да го ставиш во спална со вас, а за во дневна и детската да си земеш транспортно се користи подолго од 6 месеци и можеш да си го шеташ.