Здраво девојки. Имам едно прашање. За малиот купивме креветче пред 3 години супер е целото, здраво право. Сега повторно сум бремена, но малиот ја скрши дрвената ограда од предната страна таа што се спушташе. Не се поправа никако. Прашањето ми е дали можам од негде да купам само дрвена ограда таква или морам ново кревтче убав ден
Ниедно од овие две. Земи транспортно шетај го кај сакаш. Инаку јас спиев во детска со мојава до кај 10 месеци, она во креветче јас на фотелја на спуштање. Преку ден сама спиеше во соба со камера. До 3 год спиеше во транспортното креветче, после купивме нормален кревет. Од прв ден сама си заспиваше и сама спиеше.
Не ме разбра….Зошто да го оставам само ??? Ја средуваме детската соба затоа за таму се одлучив за дрвеното креветче таму ќе спие преку ден детската ми е веднаш до дневна и поголем дел од денот сме во дневна…Неможам да го оставам горе само на вториот кат а јас долу во дневна или да се качувм нонстоп по скали затоа ми треба креветче за во детска ова дрвеното ми се допага затоа што има дел и за гардероба и за пресоблекување….За во спална ова не ми го собира и плус по практично ми е да ми е долу каде што сме цел ден… Во спална сме само 7-8 саати( и толку ако дозволи бебушот да спиеме )А за вечерта сакав само некое за да го ставам во спална нешто како некст то ме што се но да е не е само за 6м.
Како ќе го шетам кај сакам транспортното од први на втори кат како ќе го пренесувам…Неможам да го оставам само да спие во спална на втор кат а јас долу во дневна на први…И на секое размрдување да качувам скали… Прашањето конкретно ми е дали постои креветче слично како некст то ме да се лепи скроз до кревет и да може да се користи барем до 1годинка?
Ти побара мислење и јас ти кажав, доколку си одлучна така да постапиш како си замислила во ред. Од искуство ти кажувам дека нема да е така. Горе во спална за спиење ти треба креветче, пошо некст то ми имаш опција за 6+ месеци обично креветче само спуштена играда, долу во детска ти треба транспортно пошо ќе се менува за брзо и ќе си земите убаво креветче детско кога ќе се префрли да спие само. А доколку сакаш да даваш пари за две креветчиња поскапи горе и долу во ред е. Јас тебе те разбира ама ти мене не, во детска понатака ќе ви треба нешто поубаво, за сега само за да спие ( ако ти спие во креветче де) Ти нас не не разбра, никој не ти вели само едно да имаш, туку дека не ти е паметна опција во детска да редиш бебешко креветче поскапо.
И јас имам иста замисла и веќе си купив корпа за до мене, и одбрав дрвено креветче за во собата нејзина. Прави онака како што имаш замислено. Ти најдобро си знаеш како функционирате дома, каде сте најголем дел од времето и што би ти било најпрактично. Разгледај по нет има доста креветчиња транспортни што се користат подолго од 6 месеци.
Ти кажувам дека ниедно од овие две не се практични, ако си решила да купуваш купи ги и нема да ги искористиш. Не постои такво до година зашто не е безбедно ни до 6 месеци. Тоа до 3 месеци макс. На 5 месеци бебе кога ќе почне да се врти во кревет и да лупа глава во тоа даските од дрвеното и кога ќе сфатиш дека може да се задуши во тоа оградиците за декорација, кога нозе ќе му се заглавуваат на решетките, кога ќе почне да се префрла низ тоа оградата на 7 месеци како на некст или слично ќе ме разбереш што зборувам. Ако мислиш толку ти е проблем да биде бебе само во соба со камера, купи 2 транспортни. 30 сек ти требаат од еден спрат на друг да претрчаш.
Сите си имаме различни искуства со креветчињава. Еве на пример јас првите 6 месеци користев next to me креветче за бебо, па сега дрвено ама исто поставено до креветот наш. Супер се погодија и двете, а од читање по форумов и коментарите дека транспортното креветче им е на сите најискористено се прашував дали може згрешив што не земав за почеток такво. Транспортно сега земав за кога одиме кај бабите по гости.
Ова големото што си го избрала за во детска ќе го надрасне многу брзо. Јас би ти рекла за во детска да почекаш, можеш да купиш за таму ниско креветче (само рамка и душек) кога ќе биде две години. За во спална зошто мора да биде next to me? Имаш конкретна причина или така имаш замислено? Можеш за во спална транспортно креветче, има модели што им се отвара едната страна ако сакаш да го гледаш бебето. Три деца имам, не сум имала next to me креветче, а и не сум видела потреба. Дали е на доење или ад, пак мораш да стануваш ноќе, пелени се менуваат првите месеци итн, не гледам причина да мора да е залепено креветчето (мада било кое креветче можеш да го залепиш за спална, само едната страна да се отвара). А за денски дремки првите месеци може да ти спие во корпата од количката и онака не спијат долго, а понатака можеш во спална да го качуваш и со бебефон да го гледаш, таман на раат домашни обврски да си завршиш. Јас би ти рекла само едно транспортно креветче за во спална, ништо друго не ти треба и онака после 6-7 месеци ќе мораш да го спуштиш душекот на пониското ниво, next to me додека трепнеш ќе го надрасне.
Сакав да биде залепено за спална затоа нешто како некст то ме барав само да е за над 6м и немам простор во спална за габаритно креветче затоа од тој тип гледав…
Креветчињата се 60на120, било транспортно или дрвено. И јас би ти рекла да си земеш креветче што ке го залепиш со спална, јас имам дрвено едната страна се вади и залепено е до спална. Душекот има 3 нивоа на почеток спиеше на највисокото со страницата на креветчето и полесно ми беше за земање пошо со царски бев и он беше бебе, после кога почна да се врти го спуштивме на средното ниво, сега спие на најниското ниво залепен за спална ама пак доаѓа кај нас. Здравје од есен сакам да пробам во соба да го префрлам.
Девојки дали некоја го имате ова креветче и дали сте задоволни? Имам класично дрвено креветче од внука ми,ама ова ми се некако преслатко но незнам дали вреди да го купам
Да ти кажам право го разгледав вчера убаво вратичето, мислам дека можам сама да го средам да не рњчам дека сум сигурна Фала ви многу и извинете на гужва. Само да истерам до крај и се да е како што треба, другото лесно се средува
Јас го имам и сум презадоволна. Имаш опција со спуштена страна и свиткани тркала да е залепено за спална за новороденче, 10 нивоа на височина според возраста, рефлукс положба, лесно за маневрирање и се закочува. Душечето со него е супер. Моето веќе си ги извади парите
Го нарачав креветчево, имам дрвено ама огромно ми е некако за спалнава 140 скоро на 70. Ми стигна денес и те читам сега и душек по мерка, а оно еве има некое тенко, тврдо како душече го водат гледам. Да нарачам плус треба?
Јас си порачав од Федер бау. Не е превисоко, некои 5-6см, ама не ми се оставаше така. Тврда е подлогата.