1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кредити

Дискусија во 'Дом' започната од Ariel, 12 февруари 2010.

  1. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Имам поднесено за потрошувачки кредит преку халк банка веќее поминаа 2 недели немам никакво известување дали е одобрен или не колкави се шансите да биде одбиен кредитот ?
     
  2. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Секако годините. Така и каматата ќе се намали
     
  3. MARILENA

    MARILENA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    За повторно поднесување на кредит при веќе постоечки истите ли документи се поднесуваат како потврда за работа, плата и сл.?
     
  4. Srcka $

    Srcka $ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    5.438
    Пол:
    Женски
    Многу е лошо кога млад човек се занимава со кредити или не знам што друго, но кога мора мора се.

    Иначе јас извадив пред две години кредит потрушувачки, од Стопанска банка а сега летото ќе го исплатам, а иначе имам и кредитна картичка што ја исплаќам и во минус сум улезена.
    Сега сакам да извадам друг за да ги покријам другите и остатокот од предходниот кредит, а што и како ќе биде не знам.
    Не сакам да се задужувам ама човек без кредит ништо не праве.
    Сега не знам дали ќе може така или не, ама најубаво ќе бида да одам да си прашам.
     
    На crazylady и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.549
    Пол:
    Женски
    Другари , да ве прашам дали во Македонијата постои можност некаков кредит за невработени ?
    Дали постои таква можност ?
     
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Освен овие "брзи" кредити (Кредисимо, Форца и сл.), друга опција нема.
     
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.549
    Пол:
    Женски
    И за тие брзи кредити треба да е во редовен работен однос
     
  8. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Не знам, можеби и треба, искрено немам проверено. Ова со сигурност знаеш? Пример форца е до 12000 денари, затоа мислев дека не треба.
    На реклама велат дека треба само лична карта, ама детално не сум запознаена со тој начин на кредитирање.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да ти пишам лп за да ти објаснам. Имам искуство со потрошувачки кредит.

    Лоша работа е ова со кредитиве. Ама кога немаш друга опција, мора и со тоа да се занимаваш.
     
  10. Srcka $

    Srcka $ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    5.438
    Пол:
    Женски
    Лошо е да, на моја кожа се случува. Па и тие од банката ми објаснија, а и веќе извадив друг пооголем.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MARILENA

    MARILENA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам некој ако знае.Имам земено кредит од Тутунска не многу голем. Сега сакам да земам дупла од тој што го имам земено па ме интересира дали може или треба да помине некој период?
     
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Ако имаш доволно примања, можеш
     
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Дали има некој искуство со станбени кредити и колку точно искачаат трошоци околу кредитот?
    И дали за сума од 5 до 10 илјади евра е подобро станбен кредит или потрошувачки?
     
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Потрошувачки.
    За станбен мала е сумата, а 10 000 евра развлечени на 20 години многу е голема каматата
    Во Халк Банка даваат ПОТРОШУВАЧКИ од 13 000 евра на 7 години.
    Тој ти е ,,згоден,, ако ти фалат толку парички.
    Ако си вработен во администрација ни жиранти не бараат
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Читам дека станбените се од 5000евра нагоре, затоа и прашав. Станбен даваат и за уредување на стан. Не мора да го влечкам 20 години.
    Првите 3 години има камата 2,9, за разлика од потрошувачкиот каде што е дупла каматата. Ради тоа се мислам.
     
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Види во Халк и во Еуростандард банка.
    Имаат убави услови
     
    На cresa-jagoda и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Исто така во Халк даваат до 15 000 евра до максимум 9 години со каматна стапка 8 кома нешто %
    Според мене најфлексибилни се Халк.

    Едит-со кокредитобарател, не со жирант.
     
    На TeddyGrey и referentka им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Тоа жиранти и кокредитобаратели нешто не ги разбирам:D, штом жртва се за мене, исто ми е некако:D

    Иначе и во Еуростандард банка имаат интересни услови, ама битно им е платата преку нив да ти е.
     
    На cresa-jagoda и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    се што е повеќе од 13 000 еу не иде со жирант туку со кокредитобарател. ова второво има поголема одговорност од првово, но реално кога го зимаш испаѓа само тоа што мора и нотарски договор. иначе и овде за толкав кредит бараат со плата да си таму, мада тоа никогаш не ни е фрка нели :D:D:D
     
    На TeddyGrey и referentka им се допаѓа ова.
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    А дали може жирант/ко-кредитобарател да е брачен другар?
    А какви трошоци при аплицирање има за станбен, а какви за потрошувачки кредит?