Јас ќе дадам два стана за поголем стан да земам ако искочи како што сакаме. Да не биде стан од 40 квадрати,сепак еднаш купуваш.
@monik55 Ние пред 3 месеци зедовме станбен хипотекарен кредит. Го пишавме новиот стан под хипотека ни одобрија пола од вредноста на станот, заштедата која ја имавме плус кренавме и потрошувачки кредит за остатокот од сумата. Доколку давате два стана под хипотека ти е подобра опција. Каматната стапка на хипотекарниот кредит е помала и можете за двата стана да добиете повеќе пари. Спреми се за дополнителни нотарски и адвокатски трошоци. Исто трошоци за осигурување на станот. Нас околу 500 евра само тие не коштаа. Ако имаш други прашања слободно пиши пп. Едит: Нас за учество предходно не ни побараја ништо. Битно им беше на крај цела сума која е напишана во купопродажниот договор да се исплати на сметка на продавачот. Тоа им треба за на нотар. Ние капарот го имавме дадено на рака и во преддоговорот стоеше дека е даден на рака, меѓутоа нотарот не ни го призна затоа што морало цела сума да легне на сметка, односно да имаме налог дека сите пари се уплатени. Па одново го уплаќавме капарот(потоа ни го врати продавачот) само за да има доказ дека цела сума е на сметка префрлена. Ова преку нлб.
На татко ми му рекле дека кредитот му истекува на 1 ноември. Тоа значи дека за ноември не плаќа рата или?
феминки, ми треба ваша помош. Јас живеам во странство и сакам да купам стан во Македонија. Е сега, ќе може ли да земам кредит за станот шо планирам да го купам и тој истиот да биде под хипотека? Има ли некој земено кредит за стан или куќа а да не живее-работи во Македонија? Јас сакам да го купам станот и да го издавам и од таму парите да одат дирекнто за рата во банката...
Мислам дека не можеш да земеш кредит,бар не на твое име.Не си вработена во Мк,а со тоа и не си кредитоспособна.
Sakam da zemam kredit stanben od uni banka. Mislenja? Dali ima nekoja zemeno vo posledno? Imaat li nekoi zamki?
Zdravo Da ne ima nekoj od vas vo skoro vreme zemeno stamben kredit od stopanska banka ,da mi kaze kolku trae procedurata ,za kolku vreme od podnesuvanje pustaat pari..Pred baranjeto ni e odobreno ,pred dogovorot e napraen i site dokumenti se odneseni cekame uste procenka ..Pomna nedela dena procenitelite uste gi nema da se javat...nekoj da znae da mi objasni kako ide..fala pozdrav
Vaka imame zemeno hipotekaren kredit.Denes mm bil da prasa za da zeme kredit na negovo ime od istata banka,hipotekarniot e na mene mene mi zapiraat na plata,i mu rekle deka ne mozi da zemi bidejki bil pisan kako ko kreditobaradel na mojot kredit.Dali ima moznoat da zeme da mu dadat od druga banka??
Ne sme vo minus.Ne mi e jasno zosto ne mu davaat na mm kredit da zemi od istata banka???i dali postoi moznost od druga da zemime da mu odobrat?
Јас имам потрошувачки кредит и ако е со траен налог нее висока ратата а ни кредиот ми кажаа дека кога ќе земеме станбен тој кредит мора да го затвориме. Дали дека и мм ќе земе потрошувачки а јас станбениот незнам точно како оди тоа.
Имате хипотекарен кредит. Тоа е минусот. Двајцата сте го зеле. Вашата плата заедно ја гледаат. Ако земете уште еден кредит, нема да можете да го издржите според нив