Здраво феминки еве и јас да прашам па кој знае нека одговори. Сакаме да земиме кредит на мажот ми му одобруваат 1000000 од декември месец. Е сега ме интересира дали некој знае како одат каматите и на еден милион денари колку ке треба да вратиме. Од уни банка сакаме да земеме. Благодарам
Вака јас сум во Уни банка па имам и кредит ама од 200 000 ден. На 36 рати ми е првата година ратата ми е 5,9% т.е. 6100 ден а после тоа втората и третата год ми е 7,9% т.е. некаде околу 6250 ден. Значи ќе треба да вратам за 200 000 плус 20000 ден Е сега за 1 мил ден зависи на колку години ќе го земате и колкава рата ќе плаќате.Ако е на повеќе год , тогаш каматата е поголема
Decki sakam da prasam za Hipotekar Kredit dali e zemal nekoj so zalog garaza od tvrda gradba 17m2 so imoten list. Sakam da zemem 7 000e so otplata na 5 godini no za brzo vreme mozda ke gi vratam ali sega mi trebaat parite hitno...
ke ima li vrska nesto za plata golemina posto mene mi varira 21 do 25-6 zavisi od nokni sati ... ke ima veze ili ? zapoznaeni ste so toa ? Fala
битно е ратата да не ти е повеќе од третина плата. 7000 еу на 5 год ратата е одприлика околу 9-10 000 горе доле. Можеби ќе треба да одиш на 7000 еу на 7 год исплаќање ама тоа таму најубаво ќе си видиш.
Банката гледа кредитна изложеност на барателот на кредитот и неговиот ко-кредитобарател. Доколку изложеноста на двајцата е поголема од 50% во однос примања и рата по основ кредит, дозволено пречекорување, кредитна картичка и сл. тогаш банката смета дека толку е максимумот и неможе да се одобри нов кредит. А доколку сопругот твој сака кредит ќе му бараат жирант односно ко кредитобарател за неговиот за да може нели да го " издржи " трошокот.
Здраво, ако може некој да ми објасни на кој начин се пресметува минималното учество за станбен кредит, конкретно во Стопанска Банка? Да речеме купувам стан по цена од 50.000 евра, а ми го проценуваат 42000... колкав процент од проценетата вредност би било учеството? Под хипотека би се ставил само станот што се купува.
Дали може станбен кредит да земе лице кое не е сопственик на станот? Или мора сопственикот? Станот е на мое име(во преддоговор) , а треба мм да земе кредит.
Здраво сакам да прашам дали некоја од банките во МК даваат кредит ако си невработен? И дали некој земал така сакам 120.000 ден. Да подигнам па ако има шанси
Знам дека треба месечно имам примања јас ама не сум вработена можам да го плаќам кредитот проблемот е што не сум вработена.
Во банка тешко, по штедилници можеби има шанси. Сум слушнала за Фулм и Можности, ама не сум ги користела.
са само во Тиго да пробаш и тоа нема да ти дадат голема сума - до 20000 ден, нема основ на кој би ти одобриле кредит мора на основ месечни примања, може плата, пензија, приход од наем ( ниви имаш ако зимаш на сметка пари - супер) , приход од странство , субвенции, нега на трето лице ...... ова ти е за по финансиски друштва а банка или штедилница не ни прашувај таму и вработување и за некои суми ако си на определено пријавен и жиранти бараат .....