Знаете дали секторите за кредит во барем некоја од банкиве работи во сабота претпладне или сите се понеделник до петок докај 16?
Здраво Имам едно прашање Имам потрошувачки кредит од стопанска банка сакам платата да ја префрлам на тутунска може ли некој да ми каже какви проблеми може да излезат од банката? Дали може да си уплаќам рата самостојно или мора да ги информирам дека сум ја префрлила платата во друга банка? Фала
Не е проблем префрлање..мижеп да префрлиш без инфо..ама види го договорот..ако си обврзана со плата таму може да има последици како зголемена канатна стапка или целосно доспевање. .можеби нема одма да приметат ама имаат контроли . Ако сакаш да одип во др бабка рефинансирај си од таму...да ти биде се во другата
Здраво на сите. Би сакала да ве замолам за објаснување во врска со интеркаларната камата која се наплаќа за станбен кредит (конкретно во Комерцијална банка). Имено, знам дека тоа е камата која се наплаќа од периодот на одобрување на кредитот до првата рата, дека системски се одредува кога ќе биде првата рата и дека најмала е каматата доколку средствата се одобрени околу 15 во месецот (конкретно во оваа банка). Следствено, прашањето ми е, што можам јас да направам за да биде таа најниска? На пример, ако банката ми го одобри кредитот на 16,01, системски првата рата мора да ми биде одземена на 15,03 (иако јас би можела и сакала да ја платам и на 15,02 на пример), со тоа што ми се пресметува камата за периодот од 16,01 до 15,03 што би била највисока камата. Од каде знам дека намерно банката не го одобрила на 15,01 туку почекала уште еден ден за да биде таа камата повисока, и како можам да се заштитам? Дали можам сама да побарам, во тој случај и покрај одобрувањето, средствата да ми бидат исплатени на 15,02 за да има точно еден месец до првата рата и со тоа да искористам најниска интеркаларна? Ви благодарам
Во ред, да си одговорам на прашањето во случај и некој друг да го интересира истото Се информирав на темата и практично, по одобрувањето самите избирате датум на кој ќе се користи кредитот (кога ќе се префрли исплатата) во рок од 1 година од одобрувањето. Доколку е тој датум 15ти во месецот, интеркалараната е најниска.
И ние сме заинтересирани за станбен кредит. Маж ми се распрашуваше по Банкиве и најповолни услови имаат Охридска Банка. А Комерцијална најлоши услови. Он зема плата преку Стопанска. И они се тука некаде со Охридска. Таму бараат 25% учество, а Охридска 15% или 20%. Не сум баш сигурна за која од овие 2 цифри се работи. Најмногу може да се отплаќа на 30 години, односно на 360 месечни рати. Освен пари за учество треба да имате и плус пари за дополнителни трошоци - данок на имот, осигурување за станот, адвокатски и нотарски трошоци, трошоци за проценител. Во Стопанска имаат промоција до крај на Февруари. Не наплаќаат за проценител.
Сакам да прашам имам аплицирано за кредит и ми треба само потписник на меница,а во меѓувреме потписникот што требаше да ми биде не е веќе во работен однос дали тоа ќе биде пречка за одобрување на кредитот доколку почне на друго место. Ќе прашам утре во банката ,но до тогаш секој коментар е добредојден
ние сме во план да градиме куќа,за таа намена може да се земе станбен кредит или поинаков? Или доколку некој друг знае нека каже.
Дали би можел некој да ми пише ПМ доколку во брзо време има зимано станбен кредит од комерцијална банка фала многу итно е
а во која банка според вас даваат станбени кредити со најповолни услови? Во смисла најмала камата најдолг рок на плаќање...