Можеш и хипотекарен кредит да земеш ако имаш плац или некој друг имот кој би го ставила под хипотека. Ова е доколку немаш кеш за учество, а за станбен бараат учество банките. Гледам дека членките ги препорачуваат Охридска и Стопанска Банка. Јас би ти рекла да ги разгледаш и НЛБ Банка и Халк. Поздрав
Немам... Знам едни луѓе што земаа ненаменски без хипотека баш со намера да си купат нива... Е сега дали идат тие со хипотеки, како и што... Ич, ама ич немам појма.
јас сум во комерцијална а маж ни во тутунска. Тутунска дава подобри услови од комерцијална. Сепак останува да се инфорнираме во банките. Ви благодарам.
Ако се работи, за градба на куќа.. има многу поголеми и по олеснителни околности во каматите, скоро во сите банки, пример би ја зел „Шпаркасе и ПроКредит банка..“ И има едноставно трик „надитрување на банките“ во Шпаркасе ти одобруваат кредит (и нормално не одиш со голем износ) некаде околу 3% камата на 15.000 евра, со што го одплаќаш за 12 до 15 години. А воедно поднесуваш барање за кредит и до ПроКредит за стамбен кредит, не повеќе од 20.000евра со фиксна камата од 4% во рок од одплата 20години.. Играва ја изигра еден мој другар, пред 12 години.. сега е пред крај на исплата на кредитите, имаше земено вкупно 40.000 евра + 5.000 евра призиеде потоа како „рефинансирање на кредит“ за да го среди станот. Се на се околу 4000 евра, му се собра вкупна камата до сега исплатена. Сеа не сум сигурен, ама мислам дека имаа и 3кредит, некој си ненаменски/хипотекарен со некој незначаен недвижен имот.
Да, на две места. А зошто би земала на две места? Не гледам повод за такво нешто ме сфаќаш? Објасни ми како ја надмудруваш банката со тоа што земаш на 2 места кредит?
Да надмудриш банка, тешко.. на било кој начин пак ке те сјебат.. Само што си олеснуваш некој обврски... како учества, тешки хипотеки и слично.. Играње со банки-кредити, е најтешкото нешто.. но сепак, оваа постапка што можеби не ни ја објаснав детално, им овозможи да ги исплатат кредитите, со вкупна фиксна камата до крајот на исплатата, од 4,5% а за стамбен кредит, нормално им бараа 20/25% учество, фиксна камата од 2,6% во првите 2 години A пак, друг другар мој, нормално си појде во Банка, си поднесе барање за стамбен кредит, му одобрија, после 2 години, му закачија камата 6,7% виде и пати човечето...
Релативно е сево ова што го кажа. Ти дека спомна надмудрување затоа и те прашав како. Секако дека не постои начин. Ова твоето е во ред само од аспект ако немаш што да дадеш под хипотека. Инаку пак ти испаѓа ѓавол и пол. На едно место 4.5 камата и на уште едно место толку, фактички ти даваш месечно 9% камата. Што е како потрошачки. Сепак зависи и за која намена ти е нели... Од друга страна, другар ти знае што потпишал (тој со каматата после 2 год). Договорот се чита затоа. Има опции да има фиксна камата (како претходниот пример што го даде) и опции после 2-3-4 год да е менлива. Во секој случај, за реновирање и купување стан најдобар избор е станбен (или куќен) кредит. Најниска каматна стапка има.
имам едно прашање околу кредит поврзан со хипотека. Имам имот на село од околу 3000 и повеќе квадрати,дворно место со куќа. Има ли можност да се стави под хипотека при земање на кредит? И што се случува со имотот додека е под хипотека? Ако ми го одземат ќе ми се намали ли кредитот? Мислам која е поврзаноста и поволноста т.е предноста.
Да постои таква можност при земање кредит ја вложувате недвижноста која ја поседувате како гаранција за банката. Имотот под хипотека сеуште ќе биде на Ваше име но нема да може да го продавате односно да вршите пренос на друго физичко лице се додека е под хипотека. Откако ќе го исплатите кредитот хипотеката се отстранува. Доколку не го плаќате редовно кредитот банката Ви го одзема имотот кој сте го дале како “гаранција” .
Еден период работев како агент за недвижности и увидов дека банките многу заработуваат од таквите хипотекарни имоти. Секоја банка си има свој проценител кој при потпишување на договорот ќе ви го процени имотот многу помалку отколку што навистина истиот вреди. Доколку неможете да вратите дел од кретитот банката повторно ангажира проценител (бидејќи цените се постојано растечки, може имотот после 4-5 год да вреди дупло) но повторно проценителот ќе процени многу помалку од Вашите очекувања. На банките највеќе им одговараат таквите хипотекарни кредити затоа што во случај да неможе кредитобарателот да врати 90 000 евра, банката може да одземе имот кој вреди 150 а да го проценат 80 и да бараат уште 10. Таквите имоти ги ставаат на продажба и ги продаваат дупло бидејќи ги процениле многу помалку и пусто тој што нема да врати ќе се согласи и половично да даде тоа што има за да ја намали сумата која треба да ја врати на банката. Секоја банка е и агенција за недвижност. Предноста на хипотекарниот кредит е тоа што банката му дозволува на кредитобарателот поголема сума бидејќи има гаранција. Но и со потрошувачките кредити без оглед дали имате вложено нешто како гаранција веднаш наоѓаат што поседувате и пристапуваат кон одземање. Би ви препорачала помал кредит потрошувачки доколку градите куќа па ако Ви “снема” средства вложете имот под хипотека за да побарате уште. Или едноставно продајте го имотот кој би го вложиле под хипотека.
Ви одговорила членката погоре. Јас лично сепак би препорачала да земете друг кредит, а не потрошувачки, имајќи предвид дека се работи за градење куќа која не е мала инвестиција, а потрошувачкиот кредит има најголема камата. Да си направите и некоја информативна пресметка не е лошо. Не сум гледала скоро, ние кога баравме најповолна понуда имаше НЛБ Банка, како и Халк Банка. Охридска сега мислам исто имаат некоја понуда која е поповолна. Потрошувачкиот кредит јас би го препорачала само кога немаш друг избор, односно немаш што да ставиш под гаранција, или немаш учество за станбен. Сепак се зависи и од вашите можности. Поздрав