1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кредити

Дискусија во 'Дом' започната од Ariel, 12 февруари 2010.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОК - ОТВОРЕН КРЕДИТ

    Предности на ОК
    * "2во1" - за секој одобрен ОК кредит бесплатно издавање на VISA СТАР кредитна картичка со кредитен лимит од 20.000 МКД
    * Револвинг кредитен пласман
    * Флексибилна месечна отплата
    * Неограничен пристап до средствата од одобрениот кредит (24 часа)
    * БЕЗ провизија за подигање готовина
    * Се пресметува камата само на искористениот износ
    * Брза и едноставна процедура (предодобрување за 15 мин, без жиранти, без административна забрана, без меница)


    Износ на кредитен лимит -До 300.000 денари во согласност со пријавените нето годишни приходи на кредитобарателот
    Kaматна стапка - 10,80% променлива т.е 12,00% променлива

    ОК картичка
    * Картичката е за подигање на готовина на сите шалтери и банкомати на СБ во земјата
    * Подигањето на готовина е БЕЗ провизија
    * Картичката не се користи за плаќање во трговија

    Месечна отплата - Минимално месечно плаќање од 3% (од вкупниот долг и пресметаната камата) на шалтерите на СБ
    За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, можна е отплата:
    * со траен налог преку плаќање на минималниот износ од 3% или плаќање на вкупниот долг од 100%
    * преку е-банкинг системот на СБ
    * телефонско банкарство на СБ
    * или преку банкоматите на СБ

    Трошоци
    * БЕЗ годишно членство за првата година на издавање за сите клиенти
    o Годишно членство за втората година и за секое понатамошно обновување 600 МКД (клиенти со плата во СБ) /1.200 МКД (останати клиенти).
    o 1,50% административен трошок - се пресметува еднократно со одбивање од одобрениот кредитен лимит

    Kритериуми за кредит

    Возраст: Минимум 20 – максимум 65 години на датумот на поднесување на апликацијата

    Приходи: Минимални нето годишни приходи од 91.500 денари или 7.625 денари месечно

    Месечен ануитет во однос на месечни примања:

    - Максимум 35% за клиенти со плата во СБ

    - Максимум 30% за останати клиенти

    Потребни документи
    1. Кредитно барање за ОК кредит
    2. Фотокопија од лична карта или пасош
    3. За клиенти кои земаат плата во СБ, потребно е само извод од трансакциска сметка зa последните 3 месеци

    За сите останати: Чек од пензија / Потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена), а за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последниот месец

    1. Фотокопија од последна платена сметка за комуналии (на пример: струја, телефон или вода)
    2. Образец – Барање и согласност за рефинансирање на долг по кредит, при рефинансирање на долг од друга Банка или постоен потрошувачки кредит од СБ
    3. Согласност за доставување извештај од Македонско кредитно биро АД - Скопје
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Sakam da zemam kredit ve molam za pomos ITNO

    Здраво

    Ве молам за совет!
    Сакаме да земеме кредит околу 15000 еур за реновирање,односно доизградба на кука.Куката ни е само карабина без вода,и канализација само струја има приклучено и сакаме да ја доизградиме. Не е голема 1 спрат со поткровје, околу 80 вадрата е се вкупно.Ве молам за помош и совет околу кредитите, каков кредит да земам станбен, потрошувачки или хипотекарен, која Банка би ми ја препорачале.Ратата да не биде повисока од 200 евра.Јас зимам плата преку Стопанска банка, дали е подобро да земам кредит од таму или од некоја друга банка. И ако има некој искуство со реновирање дали мислите дека 15000 евра би биле доволни, за да се обезбеди за живеење?

    поздравчее :inlove:
     
  3. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да пишам ние каква одлука донесовме. Значи купивме стан дел учество, дел на кредит. Се одлучивме за станбен кредит од стопанка банка. Причината поради која се одлучивме за стопанска банка е следна. Затоа што имаа промоција за безплатна апликација и второ тие имаат соработка со инвеститорот на станот па кредитот е со камата 3,2 во првите три години. Земавме околу 23 000 евра на 10 години. Ратата првите три години ќе биде околу 14 000 денари. Самиот стан е ставен под хипотека.
    Инаку јас сум човек што цел живот мрчеше против кредити, но доколку не го земевме кредитов уште едно 10 години сигурно ќе си останевме со не решено станбено прашање.
     
    На crazylady и MilaNajmila2015 им се допаѓа ова.
  4. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    20.842

    Сите што ги познавам што имаат ваков ОК кредит- картичка плукаат по него со зборовите" А дa се избришеше оној момент од минатото кога ми го одобрија." Буквално бунар без дно. Значи подигаш пари, си стават камата на тие пари, они ти ја надополнуваат сметката, камата имаш и на тоа и нон стоп имаш за враќање (ова просто и лаички кажано....). Познавам поранешни колеги подигнаа кредит од други банки за да го затворат ОК - от
     
    На crazylady и Cka им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Во денешно време, скоро сите живеат од кредити. И маж ми сака да подигне кредит, ама нема да може. Само еден месец е пријавен на работа.
     
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Досени ни јас ни моите не сме имале потреба од подигање на кредити. И дај боже никогаш да немам потреба. Голема обврска е ова, додека го исплати човек мака да си види.
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.543
    И моите заглавија до Ок кредитот. Поодвратен кредит нема. Вадиш и враќаш само камати. Веќе со години не можат да го затворат. Вујко ми зема кредит од 10 000 евра за да затвори 5000 евра првично одобрено од ОК кредитот. НИКОГАШ НЕ ГО ЗИМАЈТЕ
    Звучи супер соона земаш колку треба вараќаш колку можеш. Тикви. Зимаш колку треба, врачаш цел живот.
    Генерално Стопнска банка се ужас и со вработени. Уште со оние теткине од по 60 години на шалтер, пребавни и нељубезни. Гледам почнале да вработуат по некоја млада душа, ама во секој случај не ги бива. Пред една недела на интернет им пишав дека не почитуваат месеци одлука на НБРМ.
    Сепак, кредит земав кога се вработив, за да одам на магистерска. Планирам пак да земам за докторски. Вложувам само во знаење. Пак ке земам кредот, но пак од Тутунска. Од причина што се ок со каматите, што им кажувам за што ми е, што не ме мачат со жиранти, и што бараат кој ми е најповолен за сама жена која сама се одгледува.
    Во Стопанска ми рекоа, ете ти флаери, одбери си :) А во Тутунска пола саат бираа кој ми е најповолен. Затоа, пазете кај земате и од кој.
     
  8. kumalisa

    kumalisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    74
    Дали некој може да ми ја каже целата постапка при одобрување на станбен кредит?
     
  9. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Мислам дека не е исто за сите банки, така да треба да си провериш. На интернет обично пишува ба веб страните општи информации. Ние зедовме кредит минатата година од НЛБ Тутунска.
    Најмногу зависи висината на кредитот, и мислам дека најмногу можеш да земеш во вреднот од 70% од хипотеката (ако е станот готов можеш да го ставиш под хипотека), или на било кој друг имот на твое име. треба да имаш кредитобарател и кокредитобарател (уште едно лице) и бараат барем едниот да е вработен во државна. Треба да однесеш М1 М2 и да си вработен на неопределено, нормално. Се гледа вкупната плата на двајцата и ти прават пресметки во банка колку најмногу можеш да земеш според тоа. Ти даваат документи за апликација, и чекаш. Се плаќа некаква сума но најчесто има промотивен период и се намалуваат трошоците за земање кредит. Откога ќе го одобрат одиш на нотар потпишувате договори сопственикот на кредитот, сопственикот на станот (од кој го купуваш) и банката. Парите му се префрлаат дирекно на сметка и постапката трае околу еден месец :)
     
    На crazylady и kumalisa им се допаѓа ова.
  10. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    дали има некој искуство со кредитната линија на НЛБ Тутункса банка, за купшување на стан во АДОРА?
    Ако има пишете!
    позитивни / негативни страни!
     
  11. Spase78

    Spase78 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Mozebi ovoj link ke vi pomogne ako ste vo potraga po <a href="http://malx.net/popularni-krediti/">stanben kredit</a> vo mk a mozete i da ja posetite nivnata strana http://malx.net/ , moi kukjni prijateli mi ja pofalija naniv im pomognala, pa mozei na vas ke vi pomogne
     
  12. Spase78

    Spase78 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Dokolku imate potreba od informacii za stanben kredit mk mozete da gi najete na http://malx.net/
    <a href="http://malx.net/stanben-kredit/">stanben kredit</a> vo mk togas posetete ja malx.net
     
  13. Spase78

    Spase78 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Dokolku imate potreba od informacii <a href="http://malx.net/stanben-kredit/">stanben kredit</a>za stanben kredit mk mozete da gi najdete na http://malx.net/
     
  14. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Хипотеката треба да биде 3:1 во однос на висината на кредитот.
     
  15. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Не за сите хипотеки, сепак зависи за кои станови, од кој инвеститот и каков договор има со банката.

    Ние земавме стан каде под хипотека е самиот стан и дирекно кредит ни одобрија од банката, е сега 70.000 ќе ги крцкаме 25 години,ама ни свекрвите и кириите не се трпат. Мое си е и не му мислам на секоја шајка што ќе ја ставам во станот.
    Кокредитобарател исто не се бараше, јас кога се поднесуваше за кредит не ни бев вработена.
    Немаше потреба од жиранти, луѓе вработени по државниве институции.

    Банките станаа флексибилни за кредити ;)
     
    На crazylady и joy1 им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.643
    Пол:
    Женски
    Domakica preku koja banka go zedovte kreditot I kolku otprilika vi e mesecna rata.Sory sto prasuvam ,no.i nie.utre ke odime po banki za ovaa tema I nestrpliva sum.Mn posakuvam da uspeeme I da imame svoj dom posle dolgi 7 god
     
  17. zelenooo

    zelenooo Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Вака веќе подолго време се мачиме да добиеме кредит од банка. Но никако да успееме бидејки овде вработените цело време не моткаат. Де фалелео документ , де не биле исправни цел месец вака.Па апликациите биле одбиени .. И денес дознаваме дека всушност нашата апликација за кредит не ни била доставена во скопје туку ја држеле во банката овде. Документите ни се комплетни а таа (вработената) маана бара . Билансите не ни биле во ред ,книговодителката ги прегледа и вели сосема се во ред со овој биланс може да се земе кредит. Сакам да ве прашам дали некој знае каде може да се жалам за тоа што не си ја вршат овде работата и за тоа што ни ги држат документите подолго од 1 месец? Во централа кога се јавив ме известија дека можам да добијам кредит со овие биланси.
     
  18. zelenooo

    zelenooo Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Дали некој земал досега кредит со фтор кредитобарател кој работи на државни јасли и како земал . Ако може во приватна порака.
     
  19. mila101

    mila101 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    51
    Здраво феминки, би сакала да ве прашам од која банка е најпогодно да се земе (според вас ) станбен кредит. Која банка има најмала камата. Ние гледавме за земеме преку охридска банка, но ептен им е висока каматата. Знаци за 20 години ние би им вратиле + околу 15 или 16.000 евра. :tmi:
    претерано малце мислам, им купуваме уште еден стан на нив. :D
    Ве молам за помош, пишете искуства.
     
  20. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Мила колку се каматните стапки во % кај одделни банки? Видете и кои им се условите после првата или третата година. Кај некои за првата година е пониска кс а потоа е многу поголема. Исто видете дали имаат промоција односно да речеме без трошоци за обработка или нотар ( кои не се баш мали).
    Мој совет појдете во неколку банки и кажете колку пари ви требаат и колку ви е можноста за месечно да отплаќате па нека ви дадат конкретни бројки. И тие работи погоре што ги спомнав.