Мора партнерот, ама тоа се бара само над одредена сума. Значи ако кредитот е помал, нема да треба потпис воопшто.
Cim e kaj notar mora dvajcata so vencanica i licni karti i sigurno e kreditot 10000e togas se ide kaj notar
За 5000е кредит мене не ми бараа потпис од сопругот, а за 7000е ме пратија на нотар и бараа и тој да биде известен. Можеби е различно во различни банки, не знам.
Nie zemavme za kuka ni treba 10000e i deka mu bev zirant morav e dvajca na notar, so vencanica i licni karti
Мене ме интересира сите нотари ли земаат 100евра за заверка многу е! Да сме имале толку пари немало кредити да зимаме
Зависи од висината на кредитот, некогаш и 1 ден. разлика од висината на износот зависи по која ставка од нивната тарифа ќе наплатат, тоа значи за 1 ден. помал износ, заверката може да биде 1000 ден. поевтина, ако ве интересира подетално, пишете ми во порака за каков вид на заверка и да ви објаснам подетално.
Во банка ја земаат основната плата што се зема не се земаат во предвид тие додатоци плус од дежурства?
Нас ни бараа од работа да ми издадат извештај на кој е наведена просечна плата за последните 6месеци ,со тоа што во август платата ми достигна мислам околу 45000денари со бонус и к15 а основица ми е 17000(со додатоци месечно околу 22-3.000 ,и така на таа потврда беше просек околу 28000 . Што значи влегуваат и додатоците (ова во стопанска,за другите не знам)
Здраво, дали доколку еден од сопружниците има кредит што не е враќан редовно, на другиот сопружниг ке му направи проблем и ке го одбијат за нов кредит? Станува збор за помала сума
Нема да дозволат. Таа личност не е кредитоспособна. Не може ни да подигне кредит, ни да биде кокредитобарател/жирант.
Зошто кредитот на едниот сопружник би влијаел врз кредитоспособноста на другиот, ако истиот не е кокредитобарател или жирант на постоечкиот кредит? Јас колку што ја разбрав членката, се работи за помала сума кредит каде што најверојатно не би требало жиранти и кокредитобаратели, така што не гледам проблем да и го одобрат. Ова лаички, од моето досегашно искуство со кредити. Во секој случај најдобро прашај си во банка. А мој совет ти е да прашаш во повеќе банки, оти некаде прилично го тупат, додека на друго место се флексибилни. Пробај и во помалите и не толку извикани банки.
Е па тогаш нема да е проблем ако тој другиот не е жирант. Прашај си во банка. Секоја банка има различна политика.
Кои се условите за кредит во Стопанска банка за потрошувачки кредит ? Ако некоја има искуство со стопанска нека ми пише
Да си вработен,да имаш барем 6 месеци стаж,да имаш добра кредитна историја. Зависи за која сума станува збор