Пола година ја имав. Сакам да ја затворам и да расчистам со нив. Имам и на Комерцијална, ама таа затварање нема. Ми треба заради заштедата на децата.
чекај бе не се нервирај. може и си ја затворила коа си завршила со кредитот. јас тоа не можам да го знам нели
за заштеда во нлб имаа предобри понуди минатата есен. знам и еднаш годишно за децава журче праат. еден куп ствари ми пратија за малиот...
Слушнав нешто за тоа. Ама јас години штедам во Комерцијална. Ќе размислам за префрлување. А Стопанска дефинитивно ќе ги откачам. Ќе барам и документ да потпишам.
И они ќе потпишат. Пред некое време толку ме изнервираа што малку фалеше да ги отерам во пм. Гледаат дека веќе не земам плата преку нив и пак малтретираат за кредит. Ме зачуди за Охридска. Сестра ми зема кредит од таму и не спомна ништо за Шпаркасе.
да бе, пред некој месец ја зедоа Шпаркасе. ама нема врска пак си функционира. може да приметиш на експозитури стои и знакот на шпаркасе.
Da uste pred nova godina, nie koga pocnavme so postapkata togad objavija. Imase ina vesti. I kartickite ni gi smenija.
Преку која банка имате кредит? И дали имате рок во кој не треба предвреме да се исплати кредитот? Нас рокот ни е 5 години.
не стои такво нешто во договорот. ако го отплатам пред време ми минусираат камата. 90% вака функционираат банките, а тие што не минусираат скроз земаат само 5% камата. иначе јас моментално сум во Шпаркасе. претходно бев во халк. претходно бев во охридска и пред тоа бев во зират (пред да се спои со халк)
Ние имаме услови што треба да ги исполниме. Ама тоа не ми менува ништо. Уште ова да те прашам....Ако може да ми објасниш за животното осигурување. Ние имаме такво, ама не знам ништо подетално.
у превод ако нешто ви се случи на тебе и твојот кокредитобарател (читај смрт), станот останува на директните наследници. затоа и лекарско се бара, да не си пред умирање уше одма
Фала ти. Претпоставував дека е така. Овој мојов не го бива. Не знае да објасни. Секако станот ќе остане на децата. Значи можело и отпосле да се осигура.
Да, може. Ако нема таква опција од старт од после ти отвораат животно осигурување и ти го поврзуваат со станот.
Добра работа е тоа. Децата да се заштитат. Ама додека да го исплатиме кредитот....ќе побелееме во косите.