Ако на сметката нема приливи ни одливи во рок од 6 месеци таа треба да стане неактивна и на неа несмее да се пресметува провизија. Доколку на сметката нема пари, приливи и одливи по закон по 2 години таа треба да се затвори.
Имам обичен потрошувачки кредит во Охридска банка од пред 2 години и сега ми треба да го обновам. Имате инфо дали даваат со оглед на ситуацијава?
Дали може некој да ми одговори на прашањево? Со мм и двајцата имаме по 10000€ кредити од УНИ банка,земени 2018. Банкава не дозволува рефинансирање или земање нов поголем, а истовремено да ги затвори постоечките кредити. Сакаме да земеме станбен кредит од друга бамнка за да почнеме со градење на нова куќа, времето не гази веќе.. Дали друга банка има шанса да одобри на еден од нас станбен кредит, и што би користеле како хипотека со оглед на тоа што куќата е започната и е стигнато само до првата плоча, зарем може крајниот продукт да го проценат и прифатат како хипотекарен залог? Немаме имот на наше има што би можеле да го искористиме.. И како оди ова, ако сакам 50-60 000 € мора и хипотеката толку да вреди? Дека обично 70% одобрувале..
ако сакаш кредит 50-60,000е треба да туриш залог 150,000е вреден они ценат 1спрема 3 а ти со еден кредит и нема друго што да туриш под хипотека немаш никакви шански за станбен кредит рачунај една третина од платата треба да е макс ратата на кредитот у твјот случај тивеке имаш еден другиот како ке ти го одобрат???
Мислам дека ќе ви бараат плус хипотека? Неможе твоите или на маж ти да дадат и нивниот стан или куќа под хипотека? Ние така правиме во моментов бидејки немаме за учество.
Овие 20000€ што ги земавме,ги земавме за да ја плативме хипотеката на куќата на неговите. Кога дојде време ние да градиме останавме со к*** у раце! На моите нема никаква вредност, стари градби се овие, максимум на 15000 дали ќе ја проценат.. @ALISA0000 Мислев со поголема сума на кредит да се затвори и мојот и на мм па да ни биде само еден за плаќање. Не мислев дека е волку сложено сепак. Треба да се помирам со фактот да останам во куќава засекогаш и дека нема да имаме наше. Кај ќе ги најдам 150000... оф
за да земиш еден голем а од него да покриеш 20,000 е и да ти останат тебе 50-60,000е ке треба да подигниш најмалце 70,000е рачунај на макс 30год да го земиш и да ти испаѓа рата колку третина од твојата плата ако немаш да дадеш нешто под хипотека
едниот нека земе потрошачки во друга банка а другиот нека земе станбен. ако потрошачкиот ти е 20К таман и за учество ќе имате и ќе ги затворите тие два ваму.
онивеке имат по еден за да им дадат и втор треба да имаат многу високи примања неможе со плата од примет 18 ,000 ден да имаш два кредита сепак нека се информираат у банката
вака може да им дадат. не може да им дадат еден кредит за све. нема на кој основ. од станбен не може да се затвори потрошачки .
Golem iznos imate na potrosuvacki i dvajcata. Prvo sto gleda bankata e istorijata na klientite. Nie koga podigavme kredit za stanot ni go procenija na skoro priblizna vrednost od prodaznata zasto e tip top sreden i nov. Nemozes da zatvoris so stamben kredit zasto davas pod hipoteka, toa e garancijata za isplatata! E sega...mm ima potrosuvacki kredit,(iako dvajcata sme na ista banka, ne dozvolija da se dopolni potrosuvackiot kredit,iako ne e mn golem),mene me proverija sekade dali imam dolg, zaradi toa sto na mm cela plata e na kredit, a jas nemam nisto zemeno ni koristeno(ni kreditna ni minus) , sto bese ogromna prednost. Druga rabota e hipotekata, ako ne mozis da vrakas 20000 dali bi mozela 50000 100000?kuka bas ne se pravi taka lesno. Sepak pominete po bankite prasajte,mozebi ke vi pomognat nekako.
ок тоа лилитка него муабетот ми беше за да се креитоспособни за два кредити требаа голми плати они сакат сума од 70,-80,000 евра