Дали знаете дали има опција за кредит преку СТБ Битола за оперативен зафат во Систина без камата? Знам дека има за пораѓај и за естетска хирургија.
Мене ме интересира колку е задолжено во кредити во просек едно македонско семејство/брачен пар? 15 000€? 30 000€? Што се смета за голема сума на задолженост? Дали мислите дека еве на пример 50 000€ е големо задолжување ако едно семејство има решено со тоа стан/куќа и автомобил?
Многу ми е страв од кредити мене. Јас не можев да се натерам ни 2 години да направам договор за телефон во вип. За мене 50 к ми се чини се огромно задолжување. Ќе ми тежат на душава секој ден. Се' што е над 15 илјади ми се гледа многу, нејќам да се обврзувам ако неморам. Ама зависи за што. На пример, кредити по 5-6 илјади евра ко што земаат за свадби, нема шанса. Затоа велам ако не морам. Блиски мои зедоја 40 илјади и плус со заштеда, купија голем стан, со 2 спални, 2 детски, 2 купатила, кујна, дневна, трпезарија, огромна тераса. Јас би зела помалку и би купила помал стан. Особено што не знам во моментов дали вреди да се вложуваат пари во недвижнини со оглед на тоа што не знам колку си ја гледам иднината во државава. Значи би рекла дека зависи од повеќе фактори.
Зависи од приходите на семејството, пример ако имаат месечно над 2000 евра приходи, би можеле да отплатат 50 000 евра за помалку од десет години без да осетат мака така што во овој случај мислам дека не е преголема задолженост. Ама ако треба на 30 години да ги отплакаат 50 000 евра и тоа со максимум штедење, тогаш да... Јас би го гледала повеке периодот за кој може да се отплати кредитот отколку сумата... На 5 години некој зема кредит од 3 000 евра, друг па отплака 30 000 за истиов период. Според мене се над 10 години отплакање е големо задолжување ама ако е инвестиција што вреди можеби би се нафатила. Не со драго срце оти и јас имам уплав од кредити
Не сте свесни колку е задолжено нашето население.. На голем дел повеќе од пола плата им оди на рата за кредит, кредитна картица и минус. Кредити претежно земаат од мака, немаат луѓето па тој што зема плата или пензија се задолжува за останатата фамилија што не е вработена или работи непријавен. Искрено неможам да разберам луѓе што земаат потрошувачки кредити за терање бес, за се останато како кола и стан мислам дека неизбежна варијанта е кредитот.
Не е само нашето население, цел свет така функционира, недвижност не можеш да купиш и да опремиш со заштедени пари. Можеш, ама на 50 години. Ако сакаш свое на 30 години за жал единствена опција е кредит. Моја пријателка која има две деца, со сопругот купија стан во нова убава зграда, 60 000 земаа кредит и плус нешто доплатија за да имаат стан за живеење. Тоа е единствена опција, освен ако нема човек стан во наследство. Живеење под кирија за мене е бесмислено на пример, зошто ги даваш месечно парите за кирија кои би можеле да бидат рата за кредит за твој стан. во право е @ForeverYoung , најважни се секако примањата, за брачен пар со 1500-2000€ заеднички примања,200-300€ месечно рата не е премногу за да исплаќаш нешто ќе биде твое цел живот. Со 300€ месечна рата се исплаќа кредит од 40-50 000€ за 15тина години... Прашањето ми беше повеќе за кредити со кои се решава станбеното прашање... А потрошувачките кои се земаат од мака како што викаш ти, и кои се трошат за работи кои немаат вредност и нема да останат, се сложувам со тебе дека се лоша опција.
Не функционира така целото население. Во Германија каматната стапка е премала во споредба со нашата зошо ретко кој таму зема кредити за стан. Само на балкан идејата да имаш свој имот се тера, и најчесто кредити земаат луѓе, ситуирани секако, од тие краишта. Да, јас одделувам околу 1/4 од мојата плата само за кредити, и тоа не сум сама, двајца ги делиме. Не изгледа невозможно и не сум кнап фала богу. Се надевам дека во животов ќе ми рипнат приходите за да би можела порано да го отплатам. Меѓутоа не влегуваше како опција да стигнам до ниво во животот каде што може да си купам стан во кеш, тоа може и да се случи за 5-10 години, или ни тад. Луѓе живеат на кредит, т.е преживуваат со повеќе кредитни картички, и е разбирливо поради стандардот во главно кај нас.
Dali nekoj moze da mi napise sto sve od dokumenti treba za kredit vo stopanska banka od 15 000e ? Posebno me interesira dali treba smetki od struja , voda ...ne se na moe ime pa ....
Имам прашање... Сопругот треба дс поднесе документи за кредит во Халк.. Дали ке смета тоа што мене сопругата ми е блокирана сметката?
Имам станбен кредит во нлб и отидов да платам прва рата и таа на шалтер вика не знам колку е точно отприлика кажа една сума наредниот месец 200 повеќе беше ратата... дали ако плаќаш пример 500 ден повеќе од тоа што е фиксната рата тоа се намалува од вкупната сума?
Ако плаќаш повеќе од рата, само наредната рата ќе биде помала во зависност од сумата што си ја уплатила. Секако со секоја уплата се намалува вкупната сума за отплата на кредитот.
Би сакала да ве прашам за станбен кредит тие што имате земено дали вреди да се жртвуваш толку години и дали се чувствувате станбено сигурни или не бидејќи имате рата за плаќање? Би сакала да можам да соберам но со секој ден губам све повеќе надеж и сум мн уморна,мислам дека до 50 ќе стигнам за да ги соберам мн.е тешко. Од друга страна совеста не ми дозволува сеуште да посегнам по кредит тоа е совет од моите родители никако да не земам и проблем да си правам .
раат нема ни вака ни така. земи во предвид дека секогаш моеш да го продадеш станот сосе кредитот. јес да е потешко но сепак е опција.
Ако ти е сигурна работата, и имаш доволно приходи од плата за рата, за подмирување на сметки и за живеење, тогаш нема за што да се грижиш, слободно инвестирај во сопствената сигурност, утре ќе имаш сопствен покрив над глава и ќе бидeш своја на своето, да си постојано под кирија верувај е поголем стрес отколку да плаќаш месечни рати, и башка утре твојот сопруг ќе те почитува повеќе затоа што ќе знае дека си финансиска независна, малку ова оф топик но за тоа мислев кога ти пишав инвестирај во сопствена сигурност, имено семејно насилство има во семејства кога жените зависат oд мажите, додека кога жената е финансиски независна тогаш тоа е друга приказна, за жал таков е македонскиот и воопшто балканскиот менталитет.
Ако можеш да тргаш некои пари на страна неколку години најубаво за да имаш поголемо учество и со тоа помала рата... не е лесно со рата нормално кога мораш секој месец да ги дадеш парите ама па од друга страна рдинствен начин за да купиш стан ако немаш кеш....ако имаш убава работа нема да ти е проблем да даваш 100-150 евра секој месец, рачунај дрка на се ќе треба да штедиш
Во денешно време сигурно нема ништо,јас живеам надвор од Македонија и верувајте дека и овде е тешко да се соберат пари за стан,секако во прашање се примањата исто така давачките а и други приватни работи нема потреба да навлегувам длабоко. Мојата плата е солидна фаламу на бога,но во времето на оваја пандемија и тука многу луѓе ја изгубија работата и државна и приватна така да во животот апсолутно сметам дека нема ништо сигурно. Како и да е не планирам да останам овде засекогаш сакам за неколку години да се вратам дома за време на пандемијата сфатив дека само парите не се важни за живот и дриги фактори се важни. Така да дури сум овде би сакала да дадам све од себе да купам да го исплатам за неколку години и да имам нешто сигурно. Несакам да стигнам 50 години и сеуште да плаќам рати за кредити и да живеам само под стрес... Понекогаш животот ни дава само една шанса и си мислам дека за покрив над главата вреди за се жртвуваш...
Здраво ако некоја членка е запознаена со оваа ситуација би сакала да ми каже... Вака татко ми пред да почине има земено кредит 5000 евра и сега мајками ги врака веќе 2 години па ме интересира татко ми има во банка книшка штедна со нешто пари дали може од книшката да префрли банката парите во кредитот бидејки никој не е полномошник на тие пари. Фала однапре