Ако немаш други кредити земено имаш право потрошувачки да земеш за учество да дадеш па после да аплицираш за станбениот.Али ако веќе ги имаш во кеш тие пари не се заглавувај дополнително. Бидејќи се работи за куќа зависно од инвеститорот колку пари бара за да ја изгради ако бара 40 000 толку треба да е станбениот кредит.Ако идеш за владата да ти исплаќа дел од рата ти да си го дадеш учеството од 8000 евра а за изградба треба 40 000 евра тогаш станбениот ќе ти биде 32 000 евра бидејќи си дала учество. За изградба на куќа и дел од рата 12 години ти помага владата воедно ако добиете и дете 13та година 30% ти плаќа од ратата.Најмалце е 20години отплата али после 12та година можеш да си гги уплатиш парите ако ги имаш али пред 12та ако ги уплатиш тогаш субвенцијата треба да ја вратиш Се надевам ти разјаснив колку толку
За станбен кредит мора да имаш учество, можеш да се договориш во банката учеството да го земеш како потрошувачки, остатокот станбен.
Не мие станбен, туку ми треба за реновирање. За станбен ми беше во план стан под хипотека да дадам ама се сменија работите, мие во мисла да се преселиме кај мајка ми, она е сама во 70 кв. Станот скроз да го реновирам од корен.
Подобра опција е вие да земете потрошувачки кредит од 10 000 евра, и вашиот сопруг исто да земе потрошувачки кредит од 10 000 евра, затоа што нема да ви требаат жиранти и каматата ќе ви биде помала за разлика ако еден од вас земе 20 000 евра, башка месечната рата ќе ви биде помала заради помалата камата, единствена разлика е што и двајцата ќе бидете задолжени, а не само едниот ама тоа не е толку битно, кога битно е да биде каматата помала.
Здраво, провери по банките, пребафај на google, се мислам дека сум видела дека има баш кредити за реновирање.
Добар ден. Имам едно прашање па ако може некој да ми одговори . Имам земено кредит преку брзиве кредити . Кредитот ми е 25000 денари . Пола е исплатен. Моментално немам толку пари да го исплатам целосно а заминувам за странство , не планирам да се враќам назад во Мк подолго време . Прашањето ми е , пошто мојата трансакциска сметка ќе биде затворена , нема да можат откаде да наплатат и сигурно ќе ме дадат на извршител , па на суд..дали ќе имам нешто проблем со законот ако сакам да се вратам во Мк после неколку години ? Да напоменам немам имот ниту нешто вредно на мое име
Не знам каде ќе одиш,не е ни битно. Не ја затворај сметката, во странство можеш да отвориш Револут акаунт и да го поврзеш со твојата сметка. Редовно да ставаш пари на твојата сметка во Мкд за кредитот со многу симболична провизија.
Ќе те гонат сигурно. Не се многу пари, така да подобро да не треба да ги плаќаш во иднина уште 50 пати повеќе. Направи си траен налог тука во банка за кредитот или можеш да уплаќаш директно од сметка - како сакаш, и направи си ebanking. Од странство ќе си уплаќаш пари на твоја сметка тука, и ќе си го плаќаш кредитот.
Може ли помош и насока од некој кок веќе земал станбен кредит и купил стан, секако во банка најубаво ќе ми објаснат, но сакам и искуства да слушнам. Со што се почнува прво, дали прво бирате стан, па се договара со градежната фирма, постои ли можност без учество, само станот што ќе се купи да биде под хипотека? Ако мора учество, дали зимате потрошувачки за истиот, па посебно станбен, колку ви е рата и сл?! Има ли некој искуство со зградите во Влае, позади бензинската? Убив со прашања ☺️
Се читаш ли ти што пишуваш? Каде се видело за некаков долг за кредит да гонат кривично кажи ми жити се? Можат да бараат присилна наплата на долг преку извршител што не верувам и тоа да го направат бидејќи овие со БРЗИ КРЕДИТИ СЕ ВО СИВА ЗОНА НА ЗАКОНОТ и нивните договори се премногу рушливи и не тужат ќе го пишат лоша инвестиција и готово.