Ти пак не ми одговори на моето прашање дали се читаш што пишуваш? И каде си видела кривично гонење за кредити или пак работиш во некоја таква финансиска организација и плашиш народ со вакви глупости кои се неосновани и служат за заплашување .
Здраво... дали знае некој за станбен кредит дали може пример наеднаш да уплатам 5 рати? Или должам вкупно 20.000 евра наеднаш да уплатам 5000...? Или мора само целата сума ако ја имаш да ја вратиш наеднаш и да го затвориш? Конкретно за нлб банка
Можеш да платиш поголема сума од ратата, со тоа што треба порано да ги известиш, мислам се потпишува нешто и ти даваат нов амортизационен план.
Не знаев каде да пишам не најдов таква тема, па ако може префрлете го мислењево. Свекрва ми година дена како е почината, но маж ми уште не отишол ниту да ја затвори сметката ниту да ги префрли парите на негова. Треба да вади оставинска и уште не почнал.. Дали има врска што уште не сме ја затвориле сметката на починатата?
Нема, освен што некои банки си наплаќаат одржување на сметка иако нема активност тој месец, а некои не наплаќаат.. Така ми рекоа мене во една од банките, плус тоа и ми предложија да си остане таа сметка отворена додека не заврши оставинската бидејќи во таа банка има сеф и има траен налог за плаќање на истиот.. Ваљда ме разбра Ама ние ја почнавме оставинската од други причини, ќе ја зарворам кај и да е и таа сметка..ако не се заколиме до тогаш
Зависи од банката. Кај НЛБ ако направиш така, нема да ти се скрати кредитот туку ќе ти се намали ратата. Некои други банки овозможуваат да си одбереш дали да ти се намали ратата или да ти се скрати рокот.
Здраво феминки, дали имате искуство со банкиве за станбен кредит, која е најдобра банка која има најдобра понуда во моментов. Секоја информација добро би ми дошла.. И за колку време одприлика ги одобруваат кредитите
Ајде некој помош од искуство.Сакам да купам стан и да земам стамбен кредит конкретно КомерцијалнаБанка.Јас сум чиста немам долгови ,каснења итн.Сама ке го земам кредитот.Ме интересира дали сопругот би го проверувале каква кредитна историја има?Нема да биде вклучен во кредитот ама како сопруг,незнам ..Некој со вакво искуство?
Значи извинете ама не можам да разберам како вакви работи прашувате други луѓе. Сите имаме различни критериуми, за некој може најдобар кредит е на 100 години, за некој на 5, за некој со 10 години фиксна, за некој со 2 години фиксна каматкна стапка, за некој со осигурување, за некој без осигурување. Ќе земеш еден ден ќе си направиш список од сите банки во Македонија, на сите ќе им го најдеш сајтот, сите имаат кредитен калкулатор, ќе внесеш параметри кои се ЛИЧНО ТВОИ, ќе прочиташ документација за дополнителни трошоци и тоа е тоа.
Точно, но сепак да се информираме и меѓусебно не е лошо. Нормално дека во банка најпрецизно ќе ти објаснат, но ете пр. мој пријател вработен во стопанска може да ми направи каматна стапка од 3.3% првите десет години, иако на сајтот стои 3.7 или 3.5%.Така да, може и со препорака ќе си помогнеме.
Едно прашање....Имаме куќа семејно наследство ...Куќата е голема на 2 спрата од кој едниот(горниот) е околу 150m2 и сакаме да го реновираме.... Треба да се сменат прозори врати...Куќата нема плоча значи треба и тоа со комплетно нов кров...И плус внатре комплетна реновација ...плочки купатило...парно соларно рушење некој зидови... Моја претпоставка за сето ова со сигурност ќе ни се потребни над 20000€...Каков кредит би ни било најдобро да земеме?Имал ли некој некое вакво искуство..?
Јас кога би била, двајца би земале потрошувачки кредит. Друга опција ти е со хипотекарен залог.. Никој не може да ти каже кој кредит е најдобар за да го земете кога не ви ја знае платежната моќ.. Од тоа зависи дали можете да отплаќате поголеми рати на пократок период (потрошувачки) или помали рати на подолг период..