Поднесовме за станбен кредит во Комерцијална Банка. За колку време отприлика ќе добиеме одговор, а за колку ќе ги пуштат парите?
Некој искуство со хипотекарен кредит од ХАЛК? Имам прилично висока плата, на неопределено , имам стан да ставам под хипотека купен 25 .000 еур а сакам да земам 30-35 000 ЕУР?
Tesko deka ke ti dadat tolku ako vredi 25000... T.e. zavisi od procenkata na procenitelot ..jas bi ti sovetuvala da si viknes privaten procenitel a ne tie sto gi prakaat od bankata, so privatnite mozes da se dogovoris da izdejstvuvaat povisoka procenka , taka nie napravivme
Здраво на сите. Сакам да подигнам потрошувачки кредит од 10000е. Имено со нето плата од 300е, не сум сигурен дали би можел да земам толку без жирант, туку само со нотарско договор т.е солемнизација. Би бил благодарен некој со повеќе искуство со земање на потрошувачки кредит да ми даде совет која банка одобрува полесно и поголеми износи без жирант, туку само солемнизација
Zdravo, sakam da prasam sledno.. Imam kredit vo Halk banka, sakam da go refinansiram, Dali povtorno ke mi bidat potrebni istite dokumenti ili vekje bidejki gi imaat od prethodniot kredit nema da ima potreba za site dokum. kako prethodno..
Дали има некој искуство со станбен кредит во Комерцијална банка, ратата на кредитот × 2.4 = мојата плата. Ми рекоа дека не сум на граница за ратата, но кои се другите услови за да ме прифатат? Сите документи ми се поднесено регуларно и навремено, за која причина можр да ме одбијат со оглед на тоа што банките "молат" за кредити? Ми рекоа за 3 недели одговор.
Јас земав скоро потрошувачки кредит 10000 еур од Стопанска банка. Ми го одобрија за еден ден, без жирант и без солемнизација. Нето плата ми е 500 еур
Зошто ми се јавија од банка и ми побараа слики од станот? А не ми кажаа дали е одобрен или не кредитот иако поминаа 3 недели?