Ajde da prasam tuka zenski Vaka, kukata vo koja ziveam pod kirija veke 9godini gazdata saka da ja prodade,no nie so soprugot sakame da ja kupime.Mi treba pomos od vas da mi kazete kako odi procedurata so stanben kredit sto e potrebno? Dali gazdata na kukata ima nekoka obvrska okolu kreditot itn. Ve molam za sovet.pozdrav i ubav den
Газдата од куќата нема никаква врска, тој само ви ја продава куќата. Кога ќе ви го одобрат кредитот, банката треба да му ги префрли него парите и да си потпишете купопродажен договор.
Која банка според вас е најдобра банка за кредити? Сакам да подигнам кредит за прв пат. Аплицирав во НЛБ ама цело време ме моткаат и некако како да не се замарат, цел месец чекам да ми одобрат ама се на нив некој документ им фали или нз што... (страшно).
Zdravo, imam kredit vo Sparkase 450.000, i nekolku mali t.e brzi.Sve redovno se plaka. Sakame kola da kupime, aplicirav za refinansiranje, vo centralna kooperativna, me odbija so objasnuvanje deka vo 2017 sum bila vo losa kategorija... a lani go zemav ovoj od Sparkase... Koja banka vrshi so sigurnost refinansiranje? Da ne zaveruvam za dzabe dokumenti na rabota.
Сите банки за рефинасирање податоци земаат од кредитен регистар од НБРМ. Најдобро оди во НБРМ, земи си потврда каде имаш заостанат долг, плати го па барај рефинансирање.
немам заостанат долг, све си плаќам на време . Имав во 2017 кредит што го каснев неколку месеци не бев вработена, кога се вработив го исчистив скроз.Незнам како може лани ми дадоа кредит сега не
Zdravo, isplaten kredit vo nlb tutunska se na vreme uredno poslegna rata platena sega treba da odam da zemem potvrda deka mi e isplaten kredotot veke nesakam da zemem ova zavrsiv da si imam dokaz ?
Да, обавезно да си земеш потврда од нив дека си го отплатила кредитот. Зошто неретко знаат и по неколку години да им текне некоја заостаната камата да ти изнајдат.
Dali za stanben kredit e bitno dali se vraboteni dvajcata na opredeleno ili neopredeleno, pr. kreditobaratelot na neopredeleno i ko-kreditobaratelot na opredeleno i dvajcata so redovni primanja?
Нормално дека треба да се на Неопределено време вработени за станбен кредит ...Комерцијална Банка пример не дава ни кредитни картички ако си на определено вработен, додека во Стопанска даваат кредитни картички ..
Здраво, дилемата околу кредит ќе ја напишам надолго ако не е проблем. Летоска земав кредит од 2.500 евра потрошувачки во комерцијална бидејќи таму и плата земам, на 3ипол години отплаќање го ставив зошто платата ми е 23.000 и не сум во можност за поголеми рати. Инаку работам во МВР. Сопругот работи во приватна фирма обезбедување и зема 17.500. Имаме 3ипол год девојче и второ на пат. Живееме во заедница со свекрва ми во куќа, ама куќава е мн стара и едно поправи др се расипало, уште со монофазна струја и такви безвеза работи, капе кровот од покривот што е стар и има мнооооооогу за да се реновира цела. Е сега бидејќи сум од друг град, а работам во Ск, таа ја чуваше малата, ќе треба и второто пензионерка е, а пошто одвај се поднесуваме, по цело време сум кај моите за да не ја трпам дур е маж ми на работа, сакаме да се одделиме. Услови има на било кој спрат, да земеме ние еден иако доле има кујна, салон и вц а горе три соби, барем на едниот за да не ја испотепам во скоро муабетот ми е, дали се исплати повеќе да фрлам 10.000 евра во реновирање или да кренам кредит станбен барем за еднособен стан, дур да чекам таа куќа да се продаде некогаш (ако се продаде зошто е лепенка), и кои се условите за двете опции - некоја членка постручно да ми објасни, околу некоја банка што е поповолна за кредити или комерцијална, сакам на повеќе години да отплаќам?
Секако дека подобро да инвестираш во сопствен стан. Во банка најубаво ќе ви ги објаснат условите согласно заедничките примања. Ние исто се мислевме да реновираме, но среќа убаво размисливме и се одлучивме за станбен кредит и во ниту еден момент не се покајав.
Знам, ама со мм не можеш на крај да излезеш, ем ваму и за децата ќе треба на работа сме по цело време, можда сега ми се гледа тоа тешко, ама за некоја година ќе пораснат и ќе барам посебно пак, знам дека и вака ќе ни се меша што дека на различен спрат. Едното ми оди во градинка, планирам и второто. Кажи ми, каде земавте станбен кредит и кои услови ви ги понудија, за отплаќање и како постигнувате?
Најповолни ти се наменски и хипотекарни, бидејќи се работи за имот, исто се и со најмали камати. Е сега за да се стави имот под хипотека треба сопственикот на истиот да се согласи. Ако се одлучите за стан тој ќе биде на ваше име секако, додека претпоставувам куќата не е на ваше име па може и уште поголеми нервози и расправии да си создадете во иднина.
Од Стопанска банка земавме, јас сум вработена на неопределено, според заедничките примања исполнувавме услов, но да напоменам дека целиот процес го водеше мој пријател кој работи во банката и релативно брзо ми го одобрија. За постигнување, сега за сега добро тераме, уште не сме вселени, ама се однесуваме исто како да сме сами, добра организација со финансии и ќе нема никаков проблем.
Добравечер нов сум на форумов имам траен налог на секој 15ти во месецот еве една рата не платов во банка голема е ратата имам и други давачки мие страв трајниот налог ми е на 15ти повлекуваат за кредитов па ме интересира доколку не најдат среџства и не повлечат овај месец нареден доколку земам плата на 10ти дали би ми зеле за претходниов месец плус камата? И ако е така дали можи да го откажам тој траен налог да направам сам да си уплаќам ? Инако земам плата во Уни Банка сум од скопје поззз
Доколку касниш со плаќање на ратата ќе ти тече камата, колку ќе биде зависи од самата банка. Бидејќи имаш траен налог ќе ти повлече пари веднаш штом ќе имаш пари на сметка, а трајниот налог иначе во секое време можеш да го укинеш. Мој совет ти е да се трудиш колку можеш поредовен да си бидеш со плаќањето бидејќи кога ќе сакаш да аплицираш за друг кредит може да ти претставува проблем тоа што не си плаќал сега редовно.
Да секако, можеш во било кое време да го прекинеш трајниот налог. А иначе имаш и друга опција да си префрлиш плата во друга банка и така ич нена да ти земаат пари.