Тоа ке прашував незнам дали сум со договор во таа банка . Но кога му дадов на рабпта друга сметка газдата ми кажа како смедководство неможеле да ми ја префрлаат платата во друга банка поради проблем со ујп нешто. А пред тоа проверив другава банка прашав рекоја во ред е сметката активна.
Работодавачот за да ти префрли плата од една во друга банка, по правило треба да има доказ од претходната банка дека се подмирени обврските. Исклучок од ова е ако некој продукт е одобрен без услов плата па банката тоа ќе го наведе цо самата потврда. Велам по правило..но многу работодавачи не постапуваат така, па многу клиенти ќе префрлат плата без да затворат плата, картица па после "ќе заборават" на таа обврска и кога аплицираат за нешто ново проблем се јавува со доцнење по НБРМ
Здраво дечки, Едно прашање, во редовен работен однос сум 2 години но имам лоша кредитна историја и долг кон извршител некаде до 1.000€. Дали знаете во која банка може да ми одобрат кредит каде што одма ќе се префрли долгот на извршителот и останатите средства кај мене ?
Здраво...Пред 3 години зедов кредит од 50.000е со рок на отплата од 7 години и амортизационен план за отплата на месечни рати (главница и камата). Во април 2021 односно по ковид периодот состојбата на кредитот беше 35.000евра плус 4.000е ковид камата..До декември 2021 за кредитот се внесени над 21.000евра и сега кога побарав состојба на кредит бидејки сакам целосно да го затворам од банката ми велат дека имам за отплата уште 23.000евра наместо 18.000како што е по амортизациониот план ( плус 3% за предвремено затварање иако не правам рефинансирање туку од сопствени средства)..Кога ги прашав од каде тие плус 5000евра ми рекоа на основа камати без притоа да ми дадат некое објаснување за какви камати станува збор, од извод на сметка се гледа дека на основ камата се уплатени околу 4илјади евра за рок од 10 месеци...притоа ратите се плаќани регуларно од месец за месец...Прашањето ми е кај можам да се обратам за да се направи ревизија или вештачење на кредитот или да фатам адвокат за да ми се вратат парите од камата бидејќи имам добра причина да се сомневам дека парите се завршени за незаконски камати..
Zdravo da prasam stanben kredit dali moze sam covek da zeme so minimalna plata dali ke bidat potrebni ziranti
Platata treba da ti bide najmalki 30000 Jas imam zemeno i mi trebase jak zirant i plus mi vrzaa stamben so potrosuvacki Sea rata plakam 21900
Ќе ти треба ко-кредитобарател, а не жирант. Жирантот покрива рата кога ти не ја плаќаш, ама кредитоспособноста се пресметува само на твојата плата. Со ко-кредитобарател се земаат двете плати во предвид кога се одобрува сумата. Двајца со 18000 плати имаат реални шанси за станбен кредит. Сам со 18 000 реално треба да дадеш огромно учество.
Во банка ми бараат преведен договор, бидејки имам 2, едниот од нив ми е на англиски, е сега не си прашав дали треба од овластен преведувач, или може јас да си го преведам и потоа да го заверам на нотар.
З Земи го аморт планот до дата пред да направиш поголема уплата. На таа дата колку имаш вк. Долг минус новата уплата ти останува главницата з отплата со нова рата. Од која банка ти е кредитот?
Devojki nekoj iskustvo so eko kredit os sparkase. Sakame toplotna pumpa da kupuvame pa velat so geeff programata imas 20posto povrat e sega dali aplicoras na cela suma na artiklite i otposle ti se vraka 20posto na celiot kredit so se kamata ili kako?!
Дали би била добра одлука за некој со месечни примања од 700€ да подигне станбен кредит (Ск, живеам под кирија.)
-зависи колкав кредит ќе земеш Сама треба да искалкулираш колку ќе моеш да го исплаќаш -зависи со колкава каматна стапка ќе земеш. Ако сметаш дека моеш секој месец иста сума да издвојуваш за да плаќаш рата, земи
Според мене да. Отприлика за помал еднособен стан да купиш ратата е колку киријата, со минимално учество претходно.
Дечки дали би ми препорачале да земам станбен кредит до 55 000 евра на 30 години ? Ми треба совет јас сум млада личност но и онака сум под кирија па ме интересира нето повеќе да ми кажете посоветувате , пошто сите ме убедуваат дека ќе заглавам . Моите месечни примања се 30 000 ден . Секој совет би ми значел .
Мој совет да не земаш на 30 години. Долг период и голема камата. Имаш сега избор на добри понуди за станбени кредити. Секоја инвестиција е добра како што се качуваат цените на становите подобро сега да инвестираш него да чекаш да дојде м2 како Швајцарија.