Здраво,значи вака имам еден кредит од 15.000 евра земен пред околу 6-7 месеци. Е сега ме интересира дали можам да земам во друга банка кредит ? Дали некој имал слична состојба и дали му одобриле?
Немам слична состојба, треба да ти минува плата во банката каде ќе земаш кредит, не верувам да може да земеш од две банки затоа што кога земаш од една банка сите други кредити банката ги затвора а 15000е не се малку, треба во новата банка да ти одобрат над 30000е за да се покрие тој од 15000е плус да имаш за себе колку ти требат. Мое мислење.
Феминки, искуства со Уни банка за станбени кредити и општо услуга на корисници, онлајн банкарство и слично?
Уни Банка,ЦКБ и тие таквите мали се шунд. ЗНАЧИ персонал неписмен, услугите катастрофа пари знаат да земаат само.. Онлајн банкарство прелошо. Види во Халк Банк имаат добри стамбени кредити и добри услови како што се подизање плата од било кој банкомат без провизија . Разгледај ги и Шпаркасе,Комерцијална,НЛБ гледај да е банката по голема,што поголема тоа пософистицирана.
Можеш, ако имаш доволно примања. Јас имам кредити од две различни банки, плата ми поминува само на едната сметка, на другата си внесувам пари.
Во комерцијална ме одбија, сега сакам да аплицирам во уни банка. Проблем е што сум осигурана на минимална поради таа причина може и од ваму ќе ме одбијат.
Добар ден, едно прашање, дали после извадениот специјален лимит од подсметката, парите месечно што ми се сопираат од сметката како рата ќе можам повторно да ги извадам? Благодарам Во Стопанска ад Битола
Феминки здраво, Имам кредит, кредитна и минус искористен у Халкбанка и сега бидејќи можам да си дозволам поголема рата (ама они не ми дозволуваат да ја зголемам) сакам да сменам банка односно да земам кредит во друга банка и да покријам се и да не плаќам и кредитна и кредит и камата за минус туку само рата кредит и на пократок период. Е сега што разгледував Комерцијална ми се чинат нај океј (се работи за 2000е) ама би сакала и некое искуство плус ако не ви е проблем да споделите. Каматни стапки и слично. Ви благодарам!
Здраво, вработена сум во една фирма од Јануари, договорот ми е на определено. Плата околу 40.000, дали има шанси да одобри некоја банка станбен кредит, или бараат да си на неопределено?
На датумот кога сте го потпишале договорот т.е ти ги префрлиле парите. Во сите банки е исто. Не знам дали има опција сам да си одбериш датум на плаќање.
Знае некој колку може најмногу потрошувачи кредит за плата од 21000мкд. Имам и други примања ама не ми се плата и со договор.
Здраво, во Комерцијална извадив 10.илјади евра кредит. Го плакјам скоро една година. Дали можам да поднесам да го обновам кредитот за сума од 15.илјади евра ?