Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кредити

Дискусија во 'Дом' започната од Ariel, 12 февруари 2010.

  1. mmacichka

    mmacichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2015
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Искуство со Дајнерс ме интересира од тие што користат Дајнерс класик подолг период? Сакам да аплицирам ама некако сум на мисла.. а ми треба плус некој денар овие месец два..
     
  2. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.803
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Дали и до која сума можам да земам кредит без жиранти? Да напоменам дека до сега никогаш не сум земала.
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Зависи од платата. На плата од
    18 500 денари ми дадоа кредит 5000 евра. Бев со договор на неопределено. Се зависи од банката.
     
  4. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Дали има можност за станбен кредит без учество?
     
  5. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    4.943
    Пол:
    Женски
    Која банка?
     
  6. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.803
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Земам поголема плата, но не сум на неопределено. Дали тоа ни имало врска?
    И кои се документи се потребни?
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Преку Цкб. Ама тоа беше пред 2 години. Сега не знам какви им се условите.

    Може да си пријавена на определено, ама минимум 2 години да ти трае договорот пред аплицирањето. Од документи ми побараа - Документ за административна забрана, М1 образец, документ дека сум пријавена на неопределено, пресметка на последните 6 плати. Двата документи ги даваат во банка и треба да се заверат на работа и да се потпишат. Образецот ќе си го побараш на работа. Исто и пресметката. И тие со потпис и печат.

    Најдобро е да се распрашаш по банките. Можеби нешто имаат сменето.
     
    На L.i.n.a.a и Lady*Bug им се допаѓа ова.
  8. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Машки
    Бунар без дно..
    Ни на крај памет, Дајнерс.. (полоши и од брзите кредити се)
     
    На Mumoftwo30, mmacichka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. mmacichka

    mmacichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2015
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Како што гледам, секоја кредитна е бунар без дно...... јас Мастер Хепи зелената од НЛБ, не можам да ја наполнам н и к а к о ... стави рата, ти затребаат, потроши ги, и све у круг.. па плус ти даваат како редовен клиент демек, ако ја стаиш на банкомат, лимит + Х илјади... хаос е
     
    На Mumoftwo30 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Spartakus@

    Spartakus@ Нов член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Едно прашање, во Нлб имам земено минусна плата, плус 3 кредити на мКлик ( првиот 100 илјади, па 30 илјади и последниот 20 илјади кој до сега редовно ги плаќам) . Дали би ми одобриле кредит во друга банка од 4000е за да ги затворам сите и да си плаќам само еден? Плата ми е 40к
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема да имаш проблем. Јас така му го затворив кредитот на маж ми во друга банка. Откако ми го одобрија кредитот одма ги префрлија парите во другата банка. Ми рекоа дека ако се нафатам така, ќе ми одобрат кредит.
     
  12. marijanm96

    marijanm96 Нов член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Поздрав и убава вечер на сите ме интересира какви се критериумите за кредити ако си во фирма на определено 1 година+ и дали можи без жиранти до која сума би инвестирал во куќата и една кола зборувам за потрошувачки кредит .
    Би бил заинтересиран за сума до 1.200000 денари или околу 20 000 евра . Сум имал кредит во таа банка 7 год сум го исплатил се редовен . Плата веќе таму скоро 8 години ми легнува имам приливи одливи нон стоп моментално користам и кредитна картичка сум користел минус плати кој ги затворив одеднаш.
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    За договорот... Треба да си на определено минимум 2 години. Зависи од банката. А за сумата зависи од платата. Мислам дека за таа сума ќе ти бараат жирант.
     
  14. marijanm96

    marijanm96 Нов член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Денеска добив одговор од еден познаник зел пред скоро 6 месеци определено на нотар како оди то со плата 26 000 зел 15 000 евра или 900 000
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    За нотар ќе треба уште едно лице да се потпише. Тоа ти е слично како жирант. Нема врска договорот. Тоа се прави заради сумата. Од искуство пишувам. Маж ми рефинансираше кредит во Стопанска банка и му рекоа дека мора нотар ако сака поголема сума. Не се сеќавам колкава му беше платата тогаш. Јас бев со него да се потпишам.
     
  16. Girl 20

    Girl 20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo
    Vrabotena sum 5 godini vo ista firma no pred 4 meseci imav prekin bidejki se prefrliv vo druga firma ne mi odgovarase i po 2 nedeli se vrativ povtorno vo firmata kade rabotam 5 godini
    Od koga se vrativ posledno koga me osiguraa znaci ima 4 meseci
    E sega sakam da zemam potrosuvacki kredit od 8000 evra
    Me interesira dali bi mi dala nekoja banka kredit
    Inaku platata mie 27000 den i osiguran sum na opredeleno vreme
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Бараат да си 2 години на определено. Јас така знам. Ама со оглед на тоа што претходно си работела во истата фирма, нека ти дадат од работа документ дека планираат да те задржат кај нив. Пробај така да направиш. Ама прво отиди во банка да се распрашаш. И да почекаш уште 2 месеца. Ќе ти бараат последни 6 примени плати.
     
  18. A.V.S 91

    A.V.S 91 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2023
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Потребен ми е совет од некој поискусен со финансии☺️
    Имам потрошувачки кредит (уште 500 000 за исплата) и од банката ме бараат да ме известат дека фиксната камата е завршена, сега сум на варијабилна од 10,7%. Ме советуваат, инсистираат поточно дека најдобро за мене во оваа ситуација е да го рефинансисрам со нов од 610 000 и фиксна камата 6%, 2 години.
    Моменталната рата не ми претставува проблем и не знам дали ова навистина се исплати како што велат. Ме бараат повеќе различни агенти 2-3 месеци наназад.
    Секое стручно мислење е добредојдено.
    Благодарам
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Ако немаш потреба, не рефинансирај. Тие мора да те убедуваат затоа што за секој кредит земаат процент. Јас рефинансирав кредит, ама морав.
     
    На A.V.S 91 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Јован333

    Јован333 Нов член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Zdravo,sakam da prasam dali nekoj znae i dali nekoj e bil vo slicna situacija.
    Imam brzi krediti na 4 mesta vkupno dolzam okolu 1500 evra si gi plakjam redovno ratite nikogas nemam docneto. Vo sostojba sum da gi plakjam ratite. No sakam da zemam potrosuvacki kredit od 10.000 evra i od tie pari da se pokrijat brzite krediti. rabotam veke 1 godina i 4 meseci vo firma kade sto platata mi e 40.000 denari no samo 22iljadi mi stigaat na smetka. Dali bi bil odobren za kredit od 10.000 evra i dali ke treba zirant?