1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кредити

Дискусија во 'Дом' започната од Ariel, 12 февруари 2010.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Кои се условите за добивање на станбен кредит?
    Колку треба најмалку да има плата тој што аплицира за ваков кредит?
    Дали како хипотека може да се даде станот кој што се купува (со оглед дека сѐ додека банката не плати во име на тој што го купува, не е во сопственост на тој што го купува) или ќе мора да даде друга недвижност како гаранција?
     
    На parksey му/ѝ се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    МОже да се стави новиот стан под хипотека.

    За да видите колку пари би Ви одобрила Банката (а горе-доле сите се со исти услови), во билокоја Банка нека Ви направат симулација.Ќе кажете колку плата земате, и локацијата на станот (за да отприлика го проценат), ќе извадат 1/3 (колку што чини учество) и ќе Ви кажат колку кредит може да се одобри.

    Врз основа на тоа, ќе знаете колкави Ви се можностите, отприлика каде стан да барате, колку да е м2...

    Во моментов, моја препорака Ти е да прашуваш во помалите Банки, бидејќи нудат најповолни услови.
    На пример Охридска имам чуено дека има стабилна каматна стапка 20 години
    Еуростаднард Банка има 2,9% првите три години...

    Нај сурови се Комерцијална, НЛБ и Стопанска Скопје.

    Помалите Банки и за отприлика 7 дена (ако е се во ред) одобруваат станбен кредит.
     
    На cresa-jagoda и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  3. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    242
    Зедов кредит на 4 години! И никогаш повеќе. :headbang: :sweat:
     
    На crazylady и Meckicja им се допаѓа ова.
  4. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Ние уплативме учество и првиот дел од парите,станот го купивме во градба.Другиот дел од парите ке го исплаќаме со кредит и станот ќе биде под хипотека.Кредитот е одобрен од банката,ама нотарката не потпишува бидејки станот го продава полномошник на луѓето чие е земјиштето бидејки требало да има и потпис и согласност од нивните брачни другари,демек без нивен потпис неможат да ни издадат имотен лист.Дали некој има такво искусво,сумливи ни се и банката и нотарката.
     
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.840
    Пол:
    Женски
    А која е раликата меѓу станбен и хипотекарен кредит прво сакам да ми се објасни. Второ ако јас сакам да купам стан кој кошта 40 000 евра а имам учество 10 000 тоа значи дека јас ке земам кредит од 30 000 ??? не ми се јасни многу работи.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Како мислиш сумлива ти е банката?
     
  7. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Па кога ги поднесовме документите ни рекоа тоа е се што треба и многу бргу го одобрија кредитот,а пари не му префрлуваат на инвеститорот и му бараат од сопружниците на сопствениците на земјиштето потпис и полномошно,а полномошно од самите сопственици е доставено.
     
  8. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.294
    Допаѓања:
    4.472
    Пол:
    Женски
    Бараат сите банки, нема причина да ти се сумливи ни тие ни нотарката, и едните и другите си се штитат самите, не е ова ништо против вас, секоја банка бара изјави од сопруги и венчаници а ако е преку полномошници обавезно уредно полномошно со наведен број на договор, кој се должници, кој е заложен должник, сумата итн (никако општо полномошно, претпоставувам полномошното е општо само да ги продаваат да ги стават под хипотека затоа и Ви бараат уредно полномошно...) тоа е и за Ваша заштита, бидејќи да не испадне после некоја сопруга да рече е ова е имот стекнат во брак, не дадов согласност јас за хипотека и да имате поголеми проблеми..а Банките секогаш велат дека брзо ќе биде и на крај милион документи ќе ви побараат и трошоци плус ќе имате
     
    На manako1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Имам повеќе прашања. Стварно која е разликата помеѓу станбен и хипотекарен кога и за станбениот треба да се обезбеди хипотека?
    Како може да се дојде до кредит за стан да речеме грубо 50 илјади евра. Кои се условите? На калкулатор сум израчунала месечна рата за кредит, меѓутоа не ги разбирам баш условиве. Мора да има наше учество од околу 20%?
    И дали станот треба да биде проценет едно 100 илјади евра за да бидат одобрени тие 50 илјади евра? Затоа што нели хипотеката треба да биде дупло поголема од вредноста на кредитот?
    И кој вид на станбен кредит е најповолен затоа што во Тутунска банка има повеќе видови...Виолетов, златен, ризико..?
     
  10. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Ќе си истражиш за сите и ќе одлучиш сама кој е најпогоден. Ризико пример е со животно осигурување, во смисла ако не дај Боже умреш за 5 години, твоите деца нема да го плаќаат кредитот, така мислам ама не сум сигурна. Најубаво оди во сите банки и таму распрашај се за се што те интересира. Јас така направив пред две-три недели, си прерачунав која сума ми треба да земам, и им реков кажете ми колку ќе ми биде ратата точно на 10 години, а 11 години и на 12. Една сабота на тоа ми отиде, ама дознав се што ме интересира, мое е само сега да одлучам од која банка ќе земам кредит.
     
    На LegallyBlonde13 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Станбениот е и хипотекарен кредит. Постои и хипотекарен кредит кој не е станбен.
    Сите банки имаат различни услови и различни договори со одредени инвеститори (ова во случај да сакаш да купиш нов стан) па од таму зависи и висината на учеството. Некаде е 10, некаде 15, некаде 20%
    Прв пат слушам дека станот треба да биде дупло проценет. Кај нас не беше така. Ако е така, тогаш ретко кој би можел да земе кредит, бидејќи во тој случај учеството би било 50%, а ретко кој може да си го дозволи тоа. Моето искуство говори дека банките најмногу ги интересира твоите примања, фирмата каде си вработена т.е твојата кредитоспособност. Познавам случаи каде банките одобруваат кредит на клиенти за учество, па потоа и станбен кредит на истите клиенти.
     
    На LegallyBlonde13 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.007
    Пол:
    Женски
    Дали има некој искуство со кредисимо кредит до плата? Онлајн кредитиве што се, за итно и брзо ако ти требаат пари. Гледам имаат промотивно до 12000ден без камата ако ги вратите во рок до 15 дена. Јас имам итно потреба од некои 100евра до плата, се испотрошив се што имав за визава, па не ми се позајмува од познајници и сакам да аплицирам за толкава сума, ама немам искуство па сакам да знам дали е во ред и дали е се како што кажуваат на нивната страна, немој да се зафркнам нешто.
    Знам дека се легални, али сепак искуство е побитна работа.
     
  13. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.578
    1:2.
    Ako zemas kredit primer 20.000 evra,objektot koj go stavas pod hipoteka treba da e 40.000 evra.
     
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    За одредени станбени кредити може да е така, ама со сигурност тврдам дека не е кај сите. На нас учеството ни беше 30%, а можевме да поминеме и со 15%. На некои банки минимум учество им е 10%. Ова за новоградби зборувам, за старите станови не знам како е. Може е како што тврдиш, бидејќи ако е стара градба банката ја проценува помалку отколку што е нејзината пазарна вредност (преценета ако се прашувам јас) па затоа може да излезе и 50% учество.
    Еве нека кажат и другите, па да споделиме искуства. Јас од искуство зборувам. Пред две години сите банки ги свртевме и ги знам горе-долу условите на истите.
     
  15. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми каже која е нормална, типична процедура за следниот случај:

    Купување стан кој моментално е под хипотека. Значи да речеме станот е 50.000 евра, јас имам 25.000 за учество, остатокот ќе го обезбедам со станбен-хипотекарен кредит. Хипотеката сакам да ми биде на станот кој ќе го купам, на истиот значи. Значи јас сакам да го купам станот чист, без хипотека, ама човекот на чие име е моментално му требаат моите пари за да ја затвори хипотеката. Кој ми гарантира мене дека тој со моите пари ќе ја затвори хипотеката?
     
  16. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.045
    Допаѓања:
    71.615
    Пол:
    Женски
    Бројче затоа што си вработена зошто не аплицираш за во минус да влезеш со плата?
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.007
    Пол:
    Женски
    Aплицирав ама преку тутунска сум, две недели чекав да ме известат, многу ме изнервираа оти итно ми беше не за после 2 недели и реков да го откажат. Затоа сега барам друго решение.
     
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    За ова најубаво да си прашаш во банката каде што ќе земеш кредит. Мислам дека имаат начин како ги решаваат овие ситуации. Не верувам дека продавачот може да те зезне, бидејќи твојата банка нема нему да му ги префрли парите, туку дирекно на банката на чие има гласи хипотеката. Без грижи, тебе нема да ти одобрат кредит додека не се сигурни. Банката така се штити себе си.
    Повторно ќе кажам прашај во банка за ситуацијава. И сподели тука што си направила. Ме интересира во случај да се решам да го продавам станов кој ми е под хипотека, кои ми се опциите.
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите ми треба совет околу зимање на станбен кредит
    Доколку некој од тука работи во банка нека ми пише лп фала многу
     
  20. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Колега мој има земено повеке од 12 илјади денари не се жали од нив вика дека биле добри и секој месец во банка си уплака по 2 илјади или 2500 ден.И така си го враќа кредитот
    Да пробаш да земеш аванс од работа