Со оглед на тоа колку голем дел од популацијата во Македонија е во овие брзи кредити од финансиски друштва, мислам дека банките се до некаде приморани едноставно до некој степен да го прифатат фактот дека вакво нешто ќе биде во кредитната историја на повеќето што аплицираат за кредит преку банка. Најверојатно ќе те прифатат, но, ќе биде добро да објасниш зошто си се одлучил/а за брз кредит, и да докажеш дека си финансиски способен/а да го исплаќаш. Во некои банки може да претставува фактор за тоа колку ќе ти позајмат, а не дали ќе ти позајмат. А кога купуваш стан со станбен, секој процент е важен. Ако земаш стан, банката може да процени дека станот вреди помалку од цената по која ти го купуваш. Банката секогаш ќе позајми на база на нивната проценета цена, а не на онаа по која што ти го купуваш станот, минус учеството кое ти го даваш кон купопродажната цена. Повеќето банки бараат учеството да биде минимум 15%. Може да одлучат да позајмат уште помалку поради тоа што не им се сигурни и омилени брзите кредити. Банките размислуваат по конзервативно, и за нив ова дава впечаток дека некој се задолжил не баш одговорно. Што секако не е така, бидејќи економијата многу пати ги присилува луѓето на ова, меѓутоа едноставно банката не го гледа тоа така. Мислам дека би те одобриле, само транспарентно да се каже, да не се крие, но можеби ќе те сметаат за поризичен позајмувач и тоа да влијае на одлуката колку ќе ти позајмат на крај. Подобро е да немаш никаква кредитна историја, од колку брзо кредити.
Фала на деталниот одговор Но не се работи за брз кредит туку уплати на мегавин последна пред 7 месеци Дали тоа би било проблем
За ова не знам колку гледаат искрено, можеби некој друг знае да ти каже. Јас би рекла доколку се чести и ги има, можеби ќе те стави во поризична категорија на позајмувачи, ама зависи и колку често. Би рекла да престанеш доколку можеш и да почекаш некое време, 2-3 месеци. Најдобро е да се консултираш во барем една банка, не мора да биде таа во која ќе бараш кредит. Сите банки се должни да функционираат по закон и прописи на НБРМ, така што сите до некаде ги следат сличните процеси за да одлучат кредитоспособност и ризик на еден позајмувач. Ќе ти даде една малку подобра слика за тоа што да очекуваш.
Треба да прашаш во банката, знам дека сега за сега Стопанска банка и НЛБ имаат полиса да не одобруваат потрошувачки кредити ако имаш играно игри на среќа во последните 6 месеци, ама ако се работи за станбен кредит, може и уназад неколку години да ти ги проверуваат трансакциите.
Не е точно. Има банки кои одобруваат, ТТК има опција, има и Прокредит. Треба да има одредени услови исполнето, пишува на сајтот, да се има некаква солидна работна историја со клиентите со кои соработуваш итн. Не е црно и бело. Се зависи од конкретната ситуација на оној што аплицира.
Не. Бидејќи јас прашував, можам да потврдам дека не. Учеството е многу важно и покажува дека им носиш нешто да им покажеш дека си финансиски спремна/одговорна. Потрошувачки кредит за да се покрие учество од стан не би се дозволил, бидејќи ова ќе му дојде како кога децата ќе побараат пари од мама за да и купат цвеќе за осми март, и викаат дека е подарок од нив, а мама всушност сама си го купила цвеќето. Знам дека е фрустрирачки, но имаш друга опција. Да си земеш потрошувачки кредит, да го исплатиш целосно, а парите да си ги чуваш додека не го исплатиш целосно. Кога ќе се твои и чисти, исплатени, веќе не и должиш на банката, и можеш слободно да си ги користиш за учество во станбен кредит, и плус да си тргаш дополнително на страна кога ќе имаш. Паралелно да земеш еден за да покриеш учество за друг не е баш возможно, ама ако си го исплатиш, парите се твои, го затвораш тој долг. Потрошувачките се ненаменски кредити, па ти ќе си ги чуваш парите за кога ќе имаат намена. Ќе трае ова можеби неколку години, но можеби ќе ти овозможи сепак да стигнеш до учеството малку побрзо од колку само да штедиш сега. Меѓутоа одлучувај одговорно.
Банките не се либерални , со вакви брутални извршители кој им е проблемот со вакви конзервативни политики ?!
Zdravo. Vraboten sum poise od edna godina pred nekoj den potpisav nov dogovor na 6 meseci, megjutoa nlb, stopanska,komercijalna i halk me odbija mi baraat neopredelno ili da imam zirant ili da imam nad 24 godini Dali znaete nekoja banka sto bi odobrila so dogovor na 6 meseci
И ова важи за грепките што ги купуваме од трафика?? и ако често се купува дали ќе е проблем за кредит?
Каков совет и даде, да земе 15 илјади евра, да плаќа камата на нив, згора на се тие 15 илјади евра ќе ги изеде инфлација додека да ги врати за 5-10 години.. Знам дека не може сите да се економисти, ама од гледна точка на исплатливост, ова е многу лоша одлука.. Мислам зашто би ви требала банка за да не си ги трошите вашите пари, оставај на сметка секој месец по 200 евра, за 5-10 години ќе имаш за учество.
Здраво дечки. Дали некој има земено станбен кредит без учество од Уни Банка? Читав на нивната веб страна дека имаат таква опција, и плус од луѓе што сум слушнала. Дали има некој искуство? Ние сакаме да разгледуваме веќе некој стан и станбен кредит да земеме ама притоа да не згрешиме или избрзаме зошто веќе имаме еден кредит.
Здраво, доколку станот има балкон кој не е на имотен лист, дали тоа е проблем за банката при одобрување станбен кредит? Благодарам
Без учество станбен? Јас прашував во нлб. Доколку немаш пари за учество земаш потрошувачки за да го покриеш тоа учество. Како што ми објасниа во сите банки е така.
Нема да ти одобрат затоа што не си сигурен за исплата. Потпишуваш договор на 6 месеци, а тоа на нив не им одговара. Ако си вработен во истата фирма 2 години, тогаш имаш шанси.
Имаат со 100% да ти покријат ако немаш учество. Е сега нормално има цаки. Го ставаш станот под хипотека + ставаш уште еден имот на твоите или друг под хипотека додека не го исплатиш барем 25%. Исто така ако пример станот е стар и вреди 91.000 илјада они толку ќе ти дадат нема да можеш да доземеш уште 10 илјади евра карикирам да го изреновираш. Колку е станот они целосно ти даваат пари само за таа сума и тој си го исплаќаш.
Здраво во имам повеќе кредити е сега поради здр причини и презадолженост по една рата веќе доцнам околу 50 дена ке сум во доцнење бс и кредисимо дали ке ми одобрат кредит во банка ? или не ке речат доцниш на две места со по две рати .