Зошто да не може, ако ги исполнуваш сите услови со плата, со добра кредитна историја нема зошто да не може. За толкава сума никако брз кредит, преголеми камати имаат, најчисто земи си од банка со траен налог и мирна глава.
Доцнам три рати за кредит во стопанска,сега на 15 ќе имам плата и ќе извршам уплата. Може да имам некој проблем ?
После 3 неплатени рати те даваат на извршител. Оди во банка и прашај дали можат да те почекаат. Во иднина можно е да не ти дадат да подигнеш друг кредит. Тоа е затоа што вака имаш лоша кредитна историја. Во договорот пишува колку месеци смееш да доцниш со исплата. Кај маж ми беше 3 месеци.
Имам уште 4 раати од потрошувачки кредит во нлб банка и сакам да го рефинансирам да земам околу 5000 евра ( и првиов кредит толку беше без никаква потврда од работа или одрезок од плата ), секогаш навреме ми се платени ратите. Имам земано и брзи кредити и никогаш не сум каснел со плаќање дури и пред време сум ги враќал. Моментално немам брз кредит. Дали ќе ми направат некаков проблем заради тоа во НЛБ ?
Здраво, ќе ве замолам за инфо дали трансакциите на игри на среќа како мегавин и трансакции на терминал во казино би можеле да влијаат за подигање на станбен кредит додека моментална состојба на сметка може да дозволи учество пример од 50% од потребната сума за стан.
Да, влијаат, и може да те одбијат. Ако добро знам, треба да поминат 6 месеци без ниедна таква трансакција за да можеш да аплицираш пак за кредит.