Јас извадив пред 3-4 месеци со фиксна каматна стапка од 5.9% на 7 години. Подобро е да прашаш таму ќе ти дадат понуда
Го поставив прашањето во друга тема па после видов дека има ваква .... Ве молам ако некој е запознаен со ваква проблематика да ми помогне Што се случува кога едниот брачен другар има станбен и потрошувачки кредит, а има активирано ризико кредитно животно осигурување, почине? Дали кредитите ги наследува другиот брачен другар?
За стамбениот не знам како е за потрошувачкиот осигурителната компанија го исплаќа во целост кредитот.
Здраво , ме интересира доколку немам стабилен приход и не сум вработена но имам имам некој си примања од партнерот дали можам да земам стан во хипотека
Вака во CAPITAL банка аплицирав за станбен кредит и ми велеа дека амортизациониот план ќе ми го дадат кога ќе се одобри кредитот.Кредитот се одобри за 3 недели,и 2.5%камата но не беше како што пишуваше 2.5% туку има скриени трошоци 80 евра месечно пазетесе гледајте убаво затоа што не беше така договорот.И нормално го раскинав договорот.преваранти тешки и уште нешто на два пати проценители дојдоја кој што по 100 евра тоа е 200 евра за проценител....Жално..
Дали знаете кои документи се потребни за аплицирање за потрошувачки кредит? И дали е во сите банки исто или секоја банка си има свои правила/потребни документи?
Во УНИ ми побараа последни 6 плати само. Ја од Шпаркасе се префрлив во УНИ, таму ми го откупија кредитот и пак не ми бараа некој си многу документи. Износ на долг само и последни 6 плати. А во Шпаркасе само пополнив апликација кај што ми побараа штембиљ од работно место. Толку. За хипотекарен е повеќе замарање.
Ич не памтам искрено, јас земав 17.000еур на 10г, 250е ми е ратата. Инаку за ден, два одобрија. Потрошувачки кредит ако исполнуваш услови најбрзо ти одобруваат.
Јас искрено не бев задоволна од Стопанска. За сега според мене најдобра банка во Маакедонија се Комерцијална и Уни банка. Уни сега ѓи намали и провизиите кога вадиш од странска картичка ти зима малку провизија и кога вадиш со Уни картичката од друѓи банкомати не зима провизија. Ептен се управија. Инаку да се навратам на темата, многу време е тоа. Мене за 24h ми средија документи и тоа ми го превземаа од Шпаркасе. Да идеш да си прашаш ако не се 'способни' да си прашаш во друга банка.