Кредити

Дискусија во 'Дом' започната од Ariel, 12 февруари 2010.

  1. Jovan333

    Jovan333 Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2025
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Има ли некој искуство со одобрување кредити во силк роуд банка
     
  2. Jovan333

    Jovan333 Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2025
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Има фиксна каматна стапка 5.45
     
  3. Sweety pie

    Sweety pie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2025
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Имам два нефункционални кредити и три брзи.
    Која банка или финансиско друштво може да ми помогне?
    Нефункционалните не се дадени на извршители.
    Фала однапред и убав ден.
     
  4. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.575
    Пол:
    Женски
    За во банка треба да прашаш, пошто кога ти даваат од банка гледат да ти ѓи покријат сите кредити.
    За финансиско друштво исто така гледаат дали ќе можеш да ѓи покриеш кредитите со платата.
    Да прашаш Иуте. Они даваат повисоки суми и знам имаа можност за рефинансирање. Само солени се со камати, да знаеш.

    Само Кредиссимо и Земи Пари не зимаат многу камата.

    п.с. Јас имав зимано од овие 3 друштва.
     
    На Sweety pie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sweety pie

    Sweety pie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2025
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Ке се распрашам фала ти многу :l:
     
    На FlirtBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  6. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.575
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш некој по конкретен искрен детал да ти пишам во лп да ми објасниш да ја прашам пријателката она работи во Флекс Кредит во Гевгелија, некоја шефица е на филијалата па најискрено ќе ми каже.
     
  7. Sweety pie

    Sweety pie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2025
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Ne mozam da ti pisam pisi mi ti te molam
     
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.988
    Допаѓања:
    7.495
    Пол:
    Машки
    Овие брзи кредити повеќе лошо им прават на луѓето отколку добро. Колку само испозаглавени има. ;(
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.575
    Пол:
    Женски
    Оооо жив и здрав да си. Мене душа ми излезе додека се исчистам. Сега без пари да ми даваат не зимам. :rofl:
    Лесно примамливи се, веднаш даваат и после те лупат со камати.
     
    На englezot му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.988
    Допаѓања:
    7.495
    Пол:
    Машки
    А знаеш зошто државата не ги укинува, затоа што зимаат големи пари од нив им се исплати. Така да, ќе си стојат уште долго, а народот ќе пати. ;(
     
    На FlirtBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Maelina

    Maelina Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми објасни кој е процесот на земање кредит и од каде ми е најдобро да земам? Не ми е потребна огромна сума, до 1000 евра макс би било. Имам земено лаптоп на рати од Нептун и знам од таму ми отворија како кредит од банката што си го плаќам. Ќе смеам да земам уште еден покрај тој, како оди сето тоа?
     
  12. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.335
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Женски
    Можеш да земеш кредит од банка како потрошувачки, само распрашај се во моментов нели кои ти се најповолни услови односно околу каматната стапка која банка нуди најниска. Прашај си прво нормално таму кадешто си примател на плата, најлесно ќе ти биде да не се префрлаш иако и ако треба да се префрлаш не е ништо страшно. Си аплицираш за потрошувачки кредит, за неколку дена ти го одобруваат. Задолженоста мислам дека не треба да ти е повеќе од 50% од платата за да ти дозволат да земеш кредит, они ќе ти пресметаат нормално дали ќе можеш таа сума да си ја дозволиш да ја земеш и која ќе ти биде месечната рата
     
    На SummerGirl и Maelina им се допаѓа ова.
  13. Sweety pie

    Sweety pie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2025
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Каде можам да подигнам кредит со лоша кредитна историја?
     
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.862
    Допаѓања:
    10.679
    Пол:
    Машки
    Имаш два кредити и три брзи и уште еден ли ќе земаш? Батали. Од каде ти истекуваат парите па што мораш да земаш кредити? Коцкање? Кирии и сметки? Некој ти ги зема? Или?
     
  15. Sweety pie

    Sweety pie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2025
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Сметки не се коцкам уште тоа ми фали
     
  16. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.988
    Допаѓања:
    7.495
    Пол:
    Машки
    Абе не се прашуваат толку интимни работи.
     
  17. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.575
    Пол:
    Женски
    Тоа ти оди преку брз кредит мислам дека Иуте, не верувам да е од банка поради тоа што не соработуваат со банка Нептун, Сетек итн.

    Прашај ја членката нека ти прати извод од сметка па евиденција да и водиш. Бог да чува.

    Ако е од брз кредит не верувам дека многу би ти влијаело, но ако е од банка, тоа тешко. Ма да и брзите кредити знаат да нарушат МКБ.
    Ако ти е ептен нарушена тешко дека од банка ќе ти дадат.
    Ако имаш многу долгови по финансиски друштва банката може да ти одобри кредит ама со услов да ти ги затвори сите долгови, а тоа зависи од тоа колку имаш долгови, колкав кредит бараш, дали исполнуваш услови за висок кредит, износ на плата итн.:)
     
    На Sweety pie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.862
    Допаѓања:
    10.679
    Пол:
    Машки
    Ова е форум, 99% членовите се анонимни и поради тоа секој си збори и за работи што не ги збори надвор со луѓе. Види на темите за секс, луѓе си раскажуваат и за сексуални фантазии со тројки, за разни фетиши, ти за кредит ми приговараш :)

    Ако членката се навреди од прашањето, нека каже, ќе и се извинам. Ма да мислам дека секој што и реплицира некако сака да и помогне. Некои одоколу вртат, јас сум по природа малку подиректен.
     
    На Mumoftwo30 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.575
    Пол:
    Женски
    Сексуални фантазии и лични проблеми не се исто.
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.779
    Допаѓања:
    15.352
    Пол:
    Женски
    Па нека не прашува ако се лични проблеми, да не треба да ги жалиме овие со брзиве кредити?
    Што демек нас ни е многу убаво во животов, па не сакаме плус прилив на сретства, на никој не му е лесно, многу луѓе се самохрани родители, со една плата, некои од постарите не земаат пензии над 12.000 ден. луѓе живеат со 5000 ден. социјална помош, и што треба сите брзи кредити да земаме?

    А и да, што е разликата од интимност и лични проблеми, демек интимноста пред сите можеме да ја раскажуваме? Како тоа е во ред, а ова со брзиве кредити и личниот живот треба во тајност да го држиме?

    Личен живот и интимност, се држат во исти конец и не се искажуваат пред било кого, ако гледаме така. И интимноста се зачувува за себе, исто како и личните проблеми.

    @Sweety pie ако веќе имаш неколку брзи кредити, не земај нов, уште повеќе се заглавуваш и уште поголеми камати ќе плаќаш, ако редовно не плаќаш рати, ќе те дадат на извршител, и тек тогаш голем процент од платата ќе ти оди за извршителот, оди прашај во банка дали може да ти одобрат некаков кредит и со него да ги затвориш сите брзи кредити, или пак ако си во можност најди втора работа, како плус приход за побрзо да ги вратиш останатите брзи кредити, друг брз кредит со 100% камата, не ти треба.
     
    На SummerGirl, TammiB5, FlirtBerry и 1 друга личност им се допаѓа ова.