1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кредитни и дебитни картички

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од VACA, 7 октомври 2011.

  1. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден си извадив MasterCard® Revolving кредитна картичка од Комерцијална банка,бидејќи ако сакаш нешто да земиш на рати секаде бараат кредитна. Па ме интересира дали некој има ваква кредитна и како поминува :D или споделете ги вашите искуства со кредитните картички .
    Знаете ли колку земаат провизија ако подигнам пари од банкомат??

    фала ви ;)
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Кредитни Картички

    еИч не се разбирам што е разликата меѓу дебитна и кредитна картичка. Онаа на која ми стига плата како се вика?

    И кога се вадат пари од банкомат се зима провизија??? Јас не сум приметила.

    И има ли лимит колку пари можеш да имаш на сметката, или можеш колку сакаш? :)
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Кредитни Картички

    Платата ти стига на дебитна, а провизија зима само кога вадиш пари и проверуваш сметка на кредитна.
    Од тутунска за вадење пари зима околу 120 денари мислам, а проверка на сметка 20 :)
     
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Платата ти стигнува на сметка, а дебитната картичка е поврзана со сметката и од истата можеш да вадиш пари и проверуваш сметка во било кое време на банкомат (или на интернет / е-банкарство) БЕСПЛАТНО. Кредитна картичка се вади на барање кое најпрво треба да го одобрат и секоја има одреден лимит до колку пари можат да се трошат, односно клиентот да се задолжи. На таа картичка се наплаќа провизија, освен ако се купува на рати од продавници со кои банката има склучено договор, и се наплаќа за вадење пари од банкомат (мислам дека е околу 10% од износот).
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Мене на дебитна ми беа префрлени пари, и на секое второ, трето вадење банкоматот си зимаше провизија :) Така да сегде зимаат провизија (зборам за банкомат), или па може да зависи од банката ако викате бесплатно ви било проверка на сметка и вадење пари :?: . Со сигурност бесплатно е, но ако вадиш директно од банката на шалтер :) (Ова за дебитна зборам, за кредитна незнам како е) :)
     
  6. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    На која банка ти ги префрлија парите? Од кој банкомат вадеше пари?
    Извини на прашањава ама само така можам да ти дадам соодветен одговор зашто ти земале пари при вадење од банкомат.
     
  7. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Колку што знам јас (не сум стручњак во оваа област) ако вадиш пари од дебитна картичка од една банка на банкомат од друга, тогаш земаат некоја провизија. Доколку си вадиш пари од банкмат на твојата банка тогаш не земаат провизија. Земаат некоја минимална сума за водење сметка или не а?
    Ако сум грешка поправете ме.
     
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Потполно си во право, само така земаат провизија. За водење сметка не знам како е кај останатите банки, но еве на пример во ТБ после првата година наплаќаат 10 денари месечно.
     
    На Sweety-Tweety му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Едвај ја најдов темава.Како се отвара дебитна картичка и дали треба да се биде полнолетен?
     
  10. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Cacy треба да си полнолетна за да аплицираш и извадиш картичка :)
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Meне ТБ 20 денари ми зимаат месечно за виза електрон :^) а корисник сум повеќе и од 3-4 години.
    Него колку време толерираат да немаш пари на сметка за месечниов надоместок, бидејќи ако има си повлекуваат сами, но што ако нема средства?
     
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.211
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ако сметката не ти е активна т.е немаш трансакција која е поголема од 500 ден тогаш за тој месец не наплаќаат. Не сум сигурна за ова, ама мислам дека е така.
     
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Може гледаат вкупна сума на трансакции, зошто на пример јас последниот месец имам внес на картичката од 300 денари и плаќање од 200 и нешто денари (значи вкупно околу 550ден.) и земен ми е месечен надомест од 20 денари за тс.
     
  14. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Да, сега и мене ми земаат по 20 денари месечно без разлика дали имам трансакции или не. Се има случено да немам ич пари и оди автоматски во минус па наредно кога ќе префрлам се анулираат.
     
  15. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Прашав другарка, 4 месеци не ја искористила картичката (виза електрон на нлб) воопшто и последно и имаат одземено 20 денари за тс во јули. На сметка и стоеле околу 100 денари, но овие месеци кога не ја користи ништо и немаат наплатувано и стои сумата непроменета.
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    таткоми има кредитна картичка и воопшто не ја користи за купување на рати мн.биле високи каматите провизија мн.земале хаос колку што знам ја користи некогаш за во зол час на неколку месеци инаку му е од стопанска банка битолската за купување на рати што сака може да земе бидејќи работи во државна фирма е сега ако би купувал од картичка побрзо вели ќе ја употребам таа од платата бидејки имаат 2 до 3 плати и има лимит да кориси колку сака на картако речено како што го слушам тие кредитните картички се опасна работа ако се заиграш со нив :) а мајками нема ни извадено кредитна само таа од платата си ја има не ни сака да вади кредитна картичка :D ...мое мислење дека треба да знаеш како да работиш со нив да имаш осет колку вадиш т.е повеќе да клаваш во нив од кога ќе извадиш...
     
  17. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    .... :D ......јас имам VISA од стопанска кредитна картичка и VISA дебитна од уни банка... :D ..
    :^) предност давам на дебитната картичка...едноставно е,колку пари имаш на сметка толку трошиш,ама те лепкаат со провизиите,посебно мене оти работам во странство и поќето ја користам надвор од државава,чим остаам некој износ одма ми земваат провизија,и тоа по 600 до 800 ден годишно... :^)
    . ;( ..кредитната ја имам за недај боже да останам без пари и таму секогаш можам да повлечам кеш,ама провизиите се до небо високи,посебно ако касниш со враќање на кешот,и се движат од 590 ден до 870 ден,за износ од 10000 ден......се лажиме дека плаќањето на рати е поубаво,ама каматите се големи,така да ако не морате ич не се бафтајте со картици....јас од шо морам..ама прва прилика ќе ги укинам....немаат мерка банкиве,... ;( .....
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Општи прашања

    Вадел некој скоро дебитна картичка или некој вработен во банка да ми каже во барањето имам за основна и дополнителна, дали за дополнителна треба да го оставам празно? (Првпат вадам). И дали се оставаат празни податоците за вработување зошто сум студент и не сум вработена? Е благодарам.
     
  19. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Општи прашања

    ... За дополнителна оставаш празно а пополнуваш само за основна....За VISA ELECTRON станува збор така?
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Општи прашања

    Да, да од Комерцијална, шкртнав со коси црти кај пополнува вработениот, а да шкртнам значи и кај дополнителна картичка зошто тоа е дупликат претпоставувам да извадиш и да ја дадеш на некој друг на користење :?: значи важно е само ова. И да отидам во банка да го доставам и друго ништо не треба?