Аплицираав за отварање онлајн сметка .. По колку време треба да известат од банката дека е отворена сметката??
Не, само после некоја ситна сума плаќаш за оддржување на истата, околу 30-40ден месечно ако имаш прилив на пари
Девојки ако извадам пари од банкомат од друга банка а картичката ми е од Стопанска Скопје - Mastercard Go колку земаат провизија?
Вакво прашање ме интересира , дали на трансакциска сметка можи да се префрлуваат пари од било која валута или пак треба да се прави посебна пример сметка за доллари .. и посебна ако ќе ми за треба сметка за денари?
Дали ќе може некој да ми објасни како на НЛБ тутунска можам да аплицирам за кредитна картичка на која ќе можам да имам дозволен минус, а кредитна картичка веќе имам.
Здр ме интересира возможно ли е да отворат на молетник трансакциона сметка без лична карта? Има ли такви банки
Ne,no treba da si stavas pari vo kartickata zosto zimat sekoj mesec po 20 denari mislam kako provizii nesto
Дечки едно прашање, пред година дена си отворив трансакциска и картилк во тутунска, мегутоа ксртилката на банкомат ми вика дека е неважечка, прво мислев бидејки немав прилив на среддтва, но еве сега имам пари на сметката и пак исто... Само мене ли ми се дешава ова?
Дали некој знае како се пресметува камата на дозволен минус, односно износ на каматата за пр.10000ден, а каматната стапка е 10,25% годишно?
Би сакала да прашам нешто. Невработена сум ама имам картичка од Стопанска банка topsi mastercard. Дали можам со таа картичка да плаќам на рати?Или некок друг начин како би можела
Платив со картичка во кафана уште од 1 јануари е трансакцијата. Цело време ми стоеше во резервирани средства, иако уште веднаш кога платив ми стигна нотификација дека се повлечени парите од сметка. Денес се појави во промет во период сумата, кај конечно реализирана трансакција датумот е 09/01, а истата и понатаму ми стои во резервирани средства. Што значи ова, дали е до системот? Страв ми е пак да не ми ги повлечат парите од сметка.
За колку време се изработува/добива MasterCard® Skopje City Mall од пополнувањето на апликацијата, за во Комерцијална Банка?
Дечки имам прашање до тие што ги разбираат овие работи. Имав закажано во Белград апартман за престојниов викенд за една вечер цена 8750 ден преку booking со опција non - refundable. На денот на плаќањето средствата беа повлечени, од хотелот ми пишаа дека се само pre authorized. Поради моменталната состојба го откажав патувањето и им пишав на хотелот дали би ми ги вратиле парите и тие ми го пишаа ова "Your credit card is just pre authorized. Upon cancellation we will unblock amount. In cases like these we will not charge any penalty." Истиот момент кога го откажав смештајот проверив на е - банка и видов дека сумата ми стои во резервирани средства. Дали тоа значи дека сумата ми е вратена и е само задржана од банката, па во текот на месецот би ми ги вратиле парите или значи дека парите сепак се повлечени од хотелот? Доколку некој би ми го појаснил ова би била многу среќна. Ви благодарам.